Музиката започнала многу време пред Бах, Бетовен, Моцарт, Вивалди. Сите знаеме од кога потекнува музиката и дека многу од тие инструменти преку кои се интерпретирала и денеска се користат (нормална видоизменети, усложнати). И така шетаме по времето кога одеднаш ти излегува пред очи тинејџер шо се пицнал, се светнал, тргнал на забава во најпознатиот кафич во градот и на прашањето каква музика слушаш, ти одговара транс/техно. И нормално се чудиш на кој инструмент се свири тоа, а на тоа нема да најдеш одговор, пошто нема инструмент за таа музика, туку снимени звуци и компјутерски мутирани, сето тоа заедно склопено ни ја дава денешната музика која искрено мене ми предизвикува чувство на изнемоштеност, умор, сонливост, како да си надуван(шо би рекле). Абе музиката е за да те опушти, да ги исфрлиш емоциите, за авторот да ги исфрли мислењата и неговите емоции да допрат до тебе. Од друга страна се тука и овие фолкериве кои трчаат турбо по пари (фолк, т.е. народната музика е далеку од оваа турбо-фолков и за мене тоа е добра музика, каде ги има сите МУЗИЧКИ елементи), која со зарипнат глас, која пренадарена физички од мајка, кој пропаднат металец (Аца Лукас ако не се лажам бил металец). Е тоа се типовите на музика како што споменавте претходно 90% од младиве ги обожаваат, им се клањаат и едноставно не им се здосадува затоа што излегуваат секој ден нови песни (која од која попатетични), од нови интерпретатори (не можам секој копиљ да го нарекувам музичар), исти автори на музика и текст, кои си експериментираат со сите за да видат кој носи поголем приход. Кампањата кај сите е подеднаква, агресивна и слепа, по сите медиуми.
Накратко кажано, за мене музички вредности се: инструмент што дава звук во реално време (а не оној што еднаш се снима и после не може да се „исвири“), пријатна мелодија за ушите, а воедно и мозокот, добар глас, макар и дебел да е, разновидност на елементи кои добро ќе звучат како целина, логика и идеја во текстот (ако има текст, ако е инструменталка ок) и текстот да е прикладен за јавно слушање, а не како секоја 1.12 песна која има несоодветен текст за малолетни.
Мое мислење е дека треба народот да почни да се вразумува во многу работи каде ги изгубил чувствата за вредност, оти ќе се изгубиме во просторот и ќе бидеме како овци со многу пастири.
П.С. Заборавив да ги вметнам во музичките вредности и чувството за домашна музика, од домашни композитори, автори, интерпретатори, оваа странскава не води кон губење на сите човечки морали, а тука најголемо влијание има бугарската и српската. И на крај краева, ако ви е за гледање убавици по спотови, разголени тела, пушти ТВ 1000 после 12 и гледај, кој ти брани, а не вака да бараш изговор во музиката кога логички го нема, пошо тоа не е музика.