- Член од
- 26 ноември 2009
- Мислења
- 171
- Поени од реакции
- 8
Баш ме интересира дали може да се развие дискусија за тоа кои се вредностите кои ги барате во музиката која ја слушате и некоја дискусија за глобалните вредности и дали се точни или погрешни.Според мене живееме во свет со погрешни вредности не само за музика туку и во сите сфери на нашето делување.Не ми е јасно само како може толку луѓе кои заслужуваат висок статус во музичките води се толку потиснати и претопени,а сведоци сме на дебиловидни личности со огромна кариера.Исто така би посочил уште еден проблем односно многу луѓе имаат дискриминаторска политика врз музиката.Пр Овој е веќе легенда сигурно е подобар од некој друг(Односно тип што тотално го јаде првиов али јбг нема таков статус).Мое лично мислење е дека вредностите се тотално помешани а трудот и вежбањето воопшто не се ценети на начин на кој што треба.Но,тоа секако е и до она народното се радуваме кога на некој кој се труди можеме да го наклеветиме и демек да му падне цената.Тоа е сосема друга тема али стварно не можам да сфатам како некои луѓе имаат толку погрешни вредности и воопшто не го ценат трудот на некој поединец кој секако дека заслужува повисок музички статус од досегашниот.Исто така гледам дека многу луѓе гледаат кој е на сцената 20 год или 5-6 год.Тоа според мене нема врска.Некој може да е на сцената 20 год и да биде почитуван само поради тоа а не поради својот труд и достигнувања во музиката,а човекот кој е на сцената 5-6 години буквално да растура али за жал тоа нема да му биде ценето.