- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 3.157
- Поени од реакции
- 129
Од денешното интервју во Утрински кое има неколку доста јасни ставови по одредени појави еден цитат кој е доста интересен за дискусија:
http://utrinski.com.mk/?ItemID=030A7473E8650C4AA4BF13CD814A9345
Инаку комплетно се согласувам со него во однос на потцртаното со црвено.
Сите на кои ви е смачено да слушате ставови на Грчкоски и Геровски обавезно да го прочитате интервјуто, вреди!
http://utrinski.com.mk/?ItemID=030A7473E8650C4AA4BF13CD814A9345
После толку телектуалци кои на цела уста ни зборат за компромис освежувачки е да се слушне и обратен став!Значи, Вие сте против компромис со Грција околу името на нашата земја?
Да, јас сум сто отсто против! Јас сум против промена и на една буква. Ние се бориме против корупција, а тоа е корумпирање на една цела нација. Да се согласи на промена на името за да влезе во ЕУ! Принципиелно зборувајќи, јас сум против какво било условување на нашето зачленување во ЕУ. Бидејќи тоа противречи на карактерот на политичката организација. Но, сакам да укажам и на ирационалноста на поделбата на бранковисти и грујовисти околу ова прашање. Демек, Бранко е предавник затоа што сака да го смени името, а Груевски е патриот, бидејќи не сакал да го смени или ќе го смени „принципиелно“ во преговори. А, всушност, постои само еден став за тоа прашање. Или се преговара или не се преговара. Тука меѓу нив двајцата нема разлика, односно стојат на иста позиција. Разлика би имало ако Бранко е за преговори, а Груевски ги прекинува.
Инаку комплетно се согласувам со него во однос на потцртаното со црвено.
Сите на кои ви е смачено да слушате ставови на Грчкоски и Геровски обавезно да го прочитате интервјуто, вреди!