Полека не брзај пријателе имаме доволно време, иншАллах!
Да се потсетиме:
Omer el Faruk напиша:
"Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам." ( Јован, 16:7)
Исус вели: ако јас не отидам, Утешителот нема да дојде при вас, а Светиот Дух веќе бил на земјава, повикувајќи се на кажувањето од Библијата, за раѓањето на Исус се вели : дека Светиот дух ја засенил Марија и таа забременила. Библијата вели дека Светиот Дух веќе бил на земјава, а Исус вели ако не отиде Духот на вистината нема да дојде, што кажува дека ова пророштво не се однесува на Светиот Дух, туку ...?
На кого Калипсо?
Ти одговори:
Значи, да не си играме со зборови.
17 Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате,
зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас.
Дела Ап.:
4:12 Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.” АМИН ! Тука завршуваат сите ваши приказни.
А јас напишав:
Omer el Faruk напиша:
Одлично Калипсо! Да не си играме со зборовите. Точно, станува збор за Духот на Вистината. Аферим!
Се навраќаме кај Јован и читаме што рекол Исус за Духот на Вистината:
А кога ке дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од себе нема да зборува, а ке говори што чуе, и ке ви ја каже иднината. (Евангелие според Јован 16 ред7 )
Денес е повеќе од јасно дека Светиот Дух на никој до сега не се обратил преку говор, не се обратил на луѓето како што се вели во горенаведениот цитат: дека ќе го изобличи светот за правда, ќе ја каже вистината, според основни познавања од Библијата јасно е дека според поголемиот дел од Христијанската популација, светиот Дух е еден од „Светото Тројство” па според тоа неможе он да зборува што ќе чуе, од кого ќе чуе? Самиод од себе? или ???
Цитатот од Библијата вели дека ќе зборува! До сега нема христијанин кој тврди дека Светиот Дух му прозборал, па од тука се заклучува дека пророштвото за кое се зборува во Евангелие според Јован не е Светиот Дух, туку Духот на вистината.
Но кој е Духот на вистината? :raz:
Калипсо?
А ти сега велиш:
За ваков говор на Светиот Дух станува збор:
2 Петрово:
1:21 зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.
Духот На вистината е Светиот Дух. Како ти ќе ме убедиш дека ДУХОТ на Вистината е Мухамед ?
Сега одам со малце поширок елаборат:
За оние, на кои Стариот Завет не им е од голема важност еве цитат од Евангелијата, во кои Евагелија по име се спомнува Мухаммед с.а.в.с:
"Но јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви го пратам (ред 8) А он кога ќе дојде ќе го изобличи светот за грев, и за правда и за суд. А кога ке дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од себе нема да зборува, а ке говори што чуе, и ке ви ја каже иднината. " (Евангелие според Јован 16 ред 7 )
Исус во овие редови зборува за Духот на вистината кој ќе дојде, зошто ако тој не отиде, Утешителот нема да дојде при луѓето... и тој ќе ја кажува вистината и нема да говори од себе, ќе говори тоа што ќе чуе... и ако за овие зборови ги прашаме христијаните, за кого се зборува?
Без двоумење одговараат, за Светиот Дух!
Но дали Исус вели така?
Исус вели:"
Aко јас не отидам, Утешителот нема да дојде при вас, а Светиот Дух веќе бил на земјава. Повикувајќи се на кажувањето од Библијата, за раѓањето на Исус се вели : дека Светиот дух ја засенил Марија и таа забременила. Библијата вели дека Светиот Дух веќе бил на земјава, а Исус вели ако не отиде Духот на вистината нема да дојде, што кажува дека ова пророштво не се однесува на Светиот Дух, туку на
Духот на Вистината.
Исто така во горецитираниот дел од Библијата се вели дека:
"но од себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината. "
Денес е повеќе од јасно дека Светиот Дух на никој до сега не се обратил преку говор, не се обратил на луѓето како што се вели во горенаведениот цитат: дека ќе го изобличи светот за правда, ќе ја каже вистината, според основни познавања од Библијата јасно е дека според поголемиот дел од Христијанската популација, светиот Дух е еден од „Светото Тројство” па според тоа неможе он да зборува што ќе чуе, од кого ќе чуе?
Самиод од себе? или ???
Цитатот од Библијата вели дека ќе зборува! До сега нема христијанин кој тврди дека Светиот Дух му прозборал, па од тука се заклучува дека пророштвото за кое се зборува во Евангелие според Јован не е Светиот Дух, туку Духот на вистината
Но кој е духот на вистината?
Не сите знаат Грчки, затоа што старите скрипти на новиот завет се пишувани на Грчки јазик, затоа ќе го образложиме и зборот
Духот на вистината, користен во Библијата, е
Параклетос кој пак збор е корумпирана форма од зборт париклетос , ако овој збор го преведиме на Македонски јазик ќе биде :
Некој кој е фален, или Некој кој е достоен за фалење а ако пак сето ова се преведе на Арапски ке биде:
Некој кој е фален = (Мухаммед)
Некој кој е достоен за фалење = (Ахмед)
Елхамдуллилах и двете овие имиња, се имиња на Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с што кажува дека и по име Библијата зборува за Мухаммед с.а.в.с .!
Ќе продолжиме друг пат понатака со други пророштва. ИншАллах!