Мувлосано сирење

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
интересно е што повеќето кои пробале им се имало згадено... Добро десе знае оноа што има интензивен мирис не мора да се јаде као зденка. Тие „расипани“ сирења најчесто се само еден ситен дел од комбинацијата. Најчесто може да се комбинира во тестенини (без доматен сос) или во комбинација на песто (најчесто може со пармезан но не ена одмет ни горгонѕола).

Имам пробано инаку и на голо. Интензивен мирис и вкус но по тоа со бело вино и црн леб - прекраснотии.
 
Имам пробано и ми се допаѓа, можеби затоа што сум љубител на сирење. Како и некои други членови што напоменаа важно е со што се комбинира, со салата, со вино секако дава дополнителен шмек. Кај нас не сум видела дали го има, додуша не сум ни барала.
 
Ве читав па ме фати мерак и јас да пробам преги си купив од Tinex ако може да ми дадете како за прв пат совет со што да го исконбинирам со што највкусно?Оти читам тука како за прв пат не би било баш најдобро да го пробаш чисто.
 
^
Од овошје исклучиво со бело грозје и ништо друго.
Нит леб, нит зеленчук, нит салати, нека не те мами умот, оти се губи вкусот. Песто или друг вид на кашкавали/сирења избегнувај, самите тие се премногу јаки, па во комбинација со муфлосано ќе биде револуција.
Евентуално можеш со вино, и тоа бело.
Исто така, можеш и со мед, ама тоа е веќе поинтензивна комбинација, башка специфична, зависи дали ќе те бендиса.
И се јаде по малку и умерено, со лезет, колку да бидне меракот.
Bon Appеtit :)
 
Абе не знам колку е цената ама може се исплаќа така црни лепчиња со вакво мувлосано сирење.. Јас зедов еднаш едно такво и после тоа ништо повеќе неможев да каснам.. И се изедов од мака, оти имаше убаво јадење околу. :toe:
 
Горгонзола е добро барем во италија кај нас немам пробано, мислам дека е подобро ако го отворите и го оставите да се
дорасипи односно домувлоса, но сепак вкусот е субјективна работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom