Новогодишните напади во Германија пораширени од објавеното
24. ЈАНУАРИ 2016 - 10:33 | МАКФАКС
Според соопштенијата на германската полиција нападите слични на оние какви што во новогодишната ноќ се случија во Келн, биле значително пораширени отколку што првично беше објавено и се случиле во дванаесет од шеснаесетте сојузни земји, пишуваат во саботата германските медиуми.
		
		
	
	
Во дванаесет германски сојузни земји регистрирано е сексуално насилство поврзано со кражби во ноќта на 31-ви декември, истакнуваат дневниот весник Sueddeutsche Zeitung и локалните телевизиски мрежи NDR и WDR, пренесувајќи го извештајот на германската правосудна полиција BKA. Од таму, пак, до саботата доцна вечерта не одговориле на барањето за коментар од агенцијата AFP.
Досега вниманието на јавноста и истрагата беше насочено на Келн, епицентарот на ваквото насилство во кое учествувале околу илјада главно имигранти од северноафриканските земји, каде што се поднесени огромен број кривични пријави досега, и значително помалото на Хамбург, каде се поднесени повеќе од 200 кривични пријави, а по десетици случаи се пријавени и во Берлин, Диселдорф и Франкфурт.
„Феноменот на сексуалното насилство кое делумно било поврзано со кражби, е поголем отколку што досега беше познато“, пишува Sueddeutsche Zeitung во своето интернет издание.
Најлошо минала покраината Северна Рајна–Вестфалија, па потоа Келн, Диселдроф и Билефилд, каде се поднесени илјади пријави. Во помала мера слични случаи се пријавени и во Хесен – 31, Баварија – 27, Баден-Витенберг – 25, Бремен – 11 и Берлин – шест. Во Долна Саксонија, Баранденбург, Саксонија, Фалска-Рајна и во Сар се пријавени по еден напад.
Како и во Келн, каде што веќе се поднесени илјада пријави, нападите биле речиси без исклучок кон жените. Сведоците тврдат дека меѓу напаѓачите поголемиот број биле момчиња и мажи со странски изглед на возраст од 17 до 30 години.
Нападите во Келн, полицијата ги припишува на момчиња со потекло од земјите од арапскиот свет, ја поттикнаа во Германија дискусијата за политиката за прифаќање на имигрантите што ја спроведува канцеларката Ангела Меркел, во чија земја во текот на изминатата 2015 годна пристигнаа повеќе од милион баратели од азил.
Во саботата Ајдан Езогуз, комесарката за прашањата на интеграцијата на доселениците, оцени во дневниот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung дека тие напади ја „затруле“ атмосферата во Германија.
„Неколку стотици криминалци не застапуваат милион бегалци“, сепак вели таа.
http://kajgana.com/novogodishnite-napadi-vo-germanija-porashireni-od-objavenoto[DOUBLEPOST=1453638639][/DOUBLEPOST]Во Франција