Би сакала да потенцирам дека, покрај во Скопје, Телеком е единствениот оператор којшто испорачува гигабитни 5G брзини во повеќето градови во Македонија. Веќе во 15 градови обезбедуваме врвно корисничко искуство со гигабитен 5G интернет преку фреквенцискиот обсег од 3.7GHz, базиран на massive MIMO технологија. Во исто време со воведувањето на новата 5G технологија, целосно ја модернизиравме мобилната мрежа: поставивме 900 нови базни станици и го зголемивме капацитетот на 4G за дури 70%. Како резултат на тоа имаме гигабитни брзини и ниска латенција којашто е од витално значење за врвното корисничко искуство. Ова е најголемиот технолошки развој во последниве десет години на телекомуникацискиот пазар во државата генерално, врз чија основа во наредните години ќе се развиваат нови функционалности и ќе се гради дигиталното општество.
• А кои функционалности на 5G ќе се развијат/користат во блиска иднина?
Ние веќе работиме на примена на вештачката интелигенција преку 5G технологијата за подобрување на ефикасноста на самата мрежа и висок степен на автоматизација за подобро корисничко искуство. Преку вештачката интелигенција ќе можеме да детектираме и најмали недоследности во функционирањето на мрежите и системите и да пресретнеме или спречиме пречки без корисниците да ги забележат.
Друга многу важна примена на 5G технологијата е фиксниот безжичен пристап преку 5G којшто ќе ни овозможи да испорачуваме широкопојасен интернет со ултра голема брзина во областите со помала густина како алтернатива за поврзување со оптика.
Покрај овој технолошки потенцијал, новата 5G технологија е и основа за пософистицирани и посигурни IoT паметни решенија, како што се решенијата за паметни градови, коишто ќе придонесат за намалување на емисијата на штетни гасови бидејќи тоа е енергетски најефикасниот стандард досега. Ова е уште една област на развој во која компаниите можат да дадат свој придонес. Многу е важно да се подигне свеста на корисниците за 5G и за сите други услуги коишто се нудат со новата технологија, а особено за позитивните ефекти врз заштитата на животната средина, но и врз економските перспективи. Ова треба да биде заеднички напор на сите чинители вклучени во новите технологии, како операторите, така и регулаторните тела.
• Каде и кога ќе се користи комбинираната/хибридна FWA технологија?
Има места каде што од различни причини не можеме да поставиме оптика, на пример, во руралните области каде што има потежок пристап.
Со помош на 5G уреди, ќе се овозможи фиксен интернет со многу големи брзини. Исто така, постојат области каде што треба интервентно да се инсталира оптика, а процесот на добивање дозволи е во тек, но трае долго. Додека тече тој процес на добивање дозволи и изградба на оптичка ифраструктура, ја користиме 5G технологијата, овозможувајќи им на корисниците да имаат загарантирани гигабитни брзини и квалитетна услуга. За прв пат годинава ја воведовме нашата интрегрирана бродбенд стратегија и нов модел на изградба на мрежа и нејзино ставање во функција. Продолжуваме сериозно да инвестираме во изградбата на оптичката мрежа, потпираjќи се на 3 клучни точки: стартегија и нов модел на изградба на мрежа и нејзино ставање во функција. Тоа значи дека ќе градиме секаде, особено каде што имаме побарување од корисниците за фиксен интенет. Во случај од оправдани причини да не можеме да стигнеме со оптика, ќе користиме хибрид или FWA за да гарантираме гигабитни брзини.
Makedonski Telekom Skopje
www.telekom.mk