МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Од спорт ќе даваат лига на шампиони и лига европа, како и формула 1, а колку што знам и во кошарка некоја лига ќе даваат (јадранска?!). Е сеа, спомна некој македонска лига во фудбал...може да се проба тоа, а дефинитивно би требало да ја земат кошаркарката македонска - таму би имале гледаност многу повеќе. Иначе со серииве се топ - без разлика што голем дел ги изгледале, на тв немаат пројдено, а сега е правото време за тоа, кога се е на турски и индијски! Ми се допаѓа што конечно почнаа да се оправаат и да ги трошат парите што секако ги зимаат! :)
 
Што е финтава со МТВ. На МТВ 1 има Ватер Поло, а на МТВ HD има Бокс, со коментар од ватер полото:eek:
Во модерно време тоа се нарекува мулти таскинг. You know.... Кога работиш повеќе работи истовремено... :D :icon_lol:
 
Пред почетокот на Олимпијадава гледав пишаа на фејсбук дека Златко Калински го пратиле во Лондон
но што дека го пратија кога само коментираше атлетика ,барем да направеше некој интервјуа или некоја репортажа ,вака само се прошетал до Лондон :D
 
Kоментираше атлетика, ракомет, кошарка.. а сигурно има некое интервју напраено, коа ќе си дојдат од Лондон ќе го прикажат. А може во текот на вестите и имаат нешто прикажано.
Само замерки да се наоѓа без врска.
 
Денес дознав дека од есен свои емисии ќе имаат Игор Џамбазов и Трендо. Изгледа МТВ сериозно си ја сфатиле работата.
 
Кај ги читате овие муабети за МТВ? Или по народ само се пуштени муабети?
 
Ако мислиш на мене, ми кажа една другарка која работи во друг медиум. Сигурно МТВ не пушта муабети преку мене на форум.

Or is it?
 
Не мислам на тебе, сите гледам пишуваат од септември од другата година, за 10 години... муабети кои во моментов не гледам некаква разлика за МТВ освен што има пренос од олимпијада.
Ќе ги сопрат сите булшит програми и од септември нови. Искрено не верувам.
 
Па август сме. Како сакаш да видиш разлика за работи кои ќе бидат од септември? o_O
 
Тоа и ми е муабетот за 15 дена е септември, мислиш сите досегашни програми ќе ги стават во архива и магично ќе пуштат нови? Јас неверувам. Плус никаде официјално нема ништо, чаршиски муабети само.. А насловот на темата е во сегашно време...
 
Ти гледаш МТВ? Реклами за серииве цело време има. И што има програма па да ја прекинуваат? Реклами за Владата? Празна програма има, само да почнат да прикажуваат.
 
Искрено во skip листа ми е и само ако го пишам бројот ја гледам. Живи били па видели еве кај е септември.
 
Денес дознав дека од есен свои емисии ќе имаат Игор Џамбазов и Трендо. Изгледа МТВ сериозно си ја сфатиле работата.
Игор Џамбазов најверојатно ќе го стават во Бинго ,а Трендо во Милионер
Овака мислам дека ќе биде ,ај да видиме дали ќе се оствари моево мислење :)
 
Денес дознав дека од есен свои емисии ќе имаат Игор Џамбазов и Трендо. Изгледа МТВ сериозно си ја сфатиле работата.
Нели Џамбазов беше на некоја друга ТВ, бинго водеше или пропадна тоа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom