Naaaaaah!
Има луѓе кои ми згрешиле на некој начин и би требало да ги мразам, ама немам време и сила да мразам некого.
Се обидувам да разберам зошто направиле некои од работите што ги направиле и тоа е се. Луѓе се кои имаат право да згрешат. Направиле некои глупости во животот кои за жал биле насочени кон мене, ама тоа е тоа.
Јас си продолжувам со животот а за тие луѓе ми е сеедно.
Мислам дека да мразиш некого вклучува и да имаш чувства кон таа личност, негативни се ама ипак се чувства.
А јас апсолутно немам.
Додуша мислам дека животот ми е волку возбудлив зошто ми згрешиле и некои настани се десија поради тоа и сега сум кај што сум. Да не ми згрешеа животот ќе ми се одвиваше поинаку и некои искуства немаше да ги имам.
Последно е што слушнав дека една девојка се омажила и има дете и се што помислив и реков беше “убаво за неа и нека е живо и здраво малото“ Личноста што ме извести очекуваше дека ќе хејтам, ама мака ми е да трошам енергија да мразам некого, едноставно не вреди.
Ама, морам да кажам дека најпобеднички се осеќав кога двајца од групата на “луѓе што би требало да ги мразам ама не вреди“ ме одбегнуваа кога работев на каса во Карфур.
Кај мене најчесто линијата најбрзо идеше (се трудев колку што е можно побрза да бидам пошо ја неќум да чекам 100 саати ред коа сум у маркет и знам дека никој неќе) и кога ќе видев дека одат на друга каса и чекаат 100 саати ми беше смешка. Или кога јас бев на касата за готова храна. Ќе земат се што сакаат, таман да платат ќе ме видат мене и одат на другите каси и чекаат долго. Бахаахах, мислам дека и да имав лош ден тоа ми го праеше денот весел. Не ми се веруваше дека преферираат да имаат пократка пауза него да соберат мадиња и да ми се појават пред очи.
А баш сакав да ми дојдат, планирав муабет да им напраам.
Ама забавно е да знаеш дека некој нема храброст да те погледне у очи или да ти дое на каса...
