Мрачните македонски медиуми

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
880
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Ако појдеме од тоа дека слободата на изразувањето е едно од основните човекови права и слободи и ако тоа во секоја една нормална демократија мора да биде пред се пропишано но, и многу добро заштитено, тогаш никогаш не би се случувале проблеми кои настануваат, или ќе настануваат во иднина, кога би станало збор за ова толку „несфатливо” човеково право – особено за владејачките елити. Сведоци сме дека во минатото ова право секогаш не било пропишано или заштитено, а тоа е видливо особено од историјата на овие Балкански простори. Но, како што многумина велат, изгледа дека Балканот сеуште живее не со своето минато туку во своето минато. Ако секаде во демократски декларините (и добар дел од нив навистина демократски држави), ова право е пред сј пропишано, а потоа и заштитено со разни средства и скоро секаде ако некој се обиде да го повреди не баш убаво си поминува, тогаш нешто овдека, мислам на Балканот, нешто (како и секогаш) не в ред. А ако се навратиме од почеток, тука нешто најблагоречено е ненормално.

Повеќето од нас се сеќаваме, дали од што сме ги преживеале тие нешта или од што ни раскажувале нашите, на времињата кога на овие простори царувало едноумието, како и во скоро половина Европа и кога секој морал да мисли така како што мисли Централниот Комитет на Болшевичката партија на Советскиот Сојуз (СССР), а потоа Централниот Комитет на неговата Комунистичка партија. Знам на едно од извонредните предавања на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кадешто тој раскажа зе еден случај во поранешната Народна Република Бугарија, која како што сите знаеме била безмалку во составот на СССР, каде во основите училишта во оваа соседна држава, а најверојатно и во останатите образовни установи, посотоело едно правило според кое се што било напишано во учебниците па дури и се останато било така затоа што така мислеле дека е или со тоа се согласувале тогашниот Претседател на СССР Леонид Брежњев и Централниот комитет на Болшевичката партија на СССР, и тогашниот Претседател на Народна Република Бугарија Георги Димитров и Централниот комитет на Комунистичката партија на Бугарија. Понатаму во приказаната интересно е дека еден ден во некое училиште дошол некој просветен инспектор и влегол на час во еден клас и на еден од учениците му го поставил прашањето „Колку е часот?”. На ова ученикот одговорил „Според Претседатело на СССР Леонид Брежњев и Централнио комитет на Болшевическата партија на СССР, и Претседатело на НР Бугарија Георги Димитров и Централнио комитет на Комунистичката партија на Бугарија, се извнјавам ама ас нјамам саат”… Сега можете да замислите до каде одело ова.
16c2x3s.jpg


Ни овде не било нешто поразлично. Знаеме за што на луѓето од минатитот ситем им служеле медиумите, пред се, а потоа и како и колку било допуштено да се користи правото на слободно изразување на мислата. Се што можело да се искористи во полза и за целите на КПЈ се било користено, а особено медиумите (ако секако може да стане збор за множина на оваа именка во тоа време). Се било ограничено и сј „се знаело”. Со поедниците се знаело како да се справува и навидум немало проблеми. Послушниците биле многу верни и лојални и дури и без наредба вршеле определени операции особено за елиминирање на неподобните елементи. Но, во таков систем како тој, се што некој мислел дека перфектно функционира, не било баш така. Сето тоа на крајот од 80-те и почетокот од 90те на минатиот век како бумеранг им се враќа и се случува најлошото за нив - пред нив се распаднал целиот тој систем кој го граделе со години, а кој не мислеле дека треба да го одржат некако, поинаку. На крајот од овој процес на рушевините на стариот систем почнува да се гради нов демократски ситем во кој како едно од основните права е загарантирано токму ова право. Но, и овој процес на како се вели „транзиција”, не поминува без проблеми. Поранешните властодршци никако да ја дадат власта и така како што треба да ги дозволат промените. Но, увидоа дека не можат веќе да работат така како што работеа во нивното време и затоа за кусо време изнајдоа модус како медиумите (ако не сите, тогаш мнозинството) да ги држат во свои раце, а со тоа и да го диктираат јавното мислење. Па така по навидум прогласената конкуренција во медиумскиот свет ги направија сите потребни чекори да се осигураат дека тие, медиумите, секогаш ќе им бидат верни, како некогаш. Успеаја да ги задржат луѓето кои работеа за нив во минатото на нивните позиции, а имајќи ја власта во свои раце безмалку од осамостојувањето до 1998 година ги донесоа сите потребни законски решенија кои се однесуваат на радиодифузната сфера и на сферата на печатените медиуми. Потоа, имајќи го потребниот капитал за почеток на ваков бизнис прво за време на нивното владеење, а особено од кога на власт дојде Коалицијата за промени во 1998 година, тие основаа доволен број медиуми кои и те како ќе им го обезбедат нивното враќање по четири години.

И тоа се случи. Се вратија на власт во 2002 година. И првото што го направија беше да им се оддолжат на своите пулени и партиски војници во новинарството кои толку неуморно цели четири години работеа на нивното повторно враќање на власт. Што направија. Сите кои свиреа на пародијата од протести пред Министерството за внатрешни работи во времето кога министер во ова министерство беше Братот Љубе Бошкоски, станаа или портпароли на министерствата и други државни институции или шефови на кабинети на функционерите од оваа власт. Сите тие на големо пишуваа и зборуваа за тоа како еден од нив (Драган П. Латас) добил поткуп - џип за својата лојалност кон Братот Љубе Бошкоски, а никој од нив не ја коментира состојбата на „новинарско функционерство“ што сега постои во Македонија. Уште позаинтригирачки е тоа што фамозното Здружение на новинари на Македонија како и да не постои, а да не зборуваме за Асоцијацијата на приватни „независни” медиуми (АПЕМ). Како сите тие да беа органи на државната власт. И по ова логичен е коментарот на една моја пријателка, која исто така е новинарка, дека ова здружение е „преименувано во Здружение на новинари кои не сакаат да бидат портпароли”.

Гледајќи ги работите како стојат денеска, ова што се случува во нашава земја е повеќе од мрак во јавното мислење кое го диктираат неколку медиуми кои и тоа како се, не блиски туку сродни со сегашната опозиција. Сите знаеме што не чека ако вака продолжи. Изгледа сакаат да го направат тоа што во поранешна НР Бугарија, како што погоре ви раскажав, го направиле тогашните властодршци. Денешниот мрак најубаво го отсликува одговорот на поставено новинарско прашање кое гласи: „Професоре дали мислите дека во Македонија постои едноумие?”, а даден од, повторно ќе го споменам, проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, а кој гласи: „Господине јас Ве мислев за поумен, па знаете едноумието во Македонија никогаш и не престанало”.

Затоа, баталете ги информативните програми на нашите медиуми...Видовме колку се „тие ефективни“ и за кого работат, по примерот од двата протеста во кои бев дел од организацијата. Самите знаете што се случуваше, а што беше прикажано на телевизија.
 
Трн, со поголем дел од текстов се сложувам, но не и со делот кога гледаш низ партиска призма. Малку реално...

Сите сме свесни дека постојат медиуми наклонети кон позицијата како и медиуми наклонети кон опозицијата како и медиуми кои работат за други интереси.

Една работа не ми беше јасна. Кој ги исконтролира сите медиуми за време на протестите?

Не држи до тоа дека новинатите се целосно под контрола на опозицијата или позицијата. Можам да најдам стотици примери каде се велича моменталната влада а се критикува опозицијата и обратно (во зависност од медиумот), исто како што можам да најдам и илјадници примери каде во периодот 2002-2006 се величаше тогашната позиција, на сметка на тогашната опозиција повторно ќе речам и обратно. Мислам дека јасно им е на сите. Македонците лесно се манипулираат преку медиумите. Да ти дадам конкретен пример: 100 души ми имаат речено: „и како беше на протестот во Скопје? Имаше немири? Се тепаа? Имаше повредени?“. Зошто е ова? Поради што медиумите така ги пласираа информациите.

И, на крај пак... кој успеа да ги убеди (потплати) сите поголеми македонски медиуми, да гледаат со други очила? Или како што му одговорила колешката од Канал5 кога Миленко ја прашал: „Зошто не ги виде 36.000 луѓе кои мирно протестираа а ги виде превртените контињери од 100 луѓе“. Таа му одговорила: „јас така ги видов работите...“

До кога вака?
 
До кога вака?
Димитар, еве ти еден факт:

80% од Македонските медиуми, се под директна контрола на СДСМ(тука спаѓаат и медиумите на албански јазик)

20% се под контрола на ДПМНЕ, односно, владата.

Можеш и сам да си одговориш на тоа прашање, „до кога вака“... :)
 
20% се под контрола на ДПМНЕ, односно, владата.
E фино што медиум треба да биде под контрола па уште да плачеме дека Грујо не го контролира.
Штета - а толку сакав да гледам повеќе реклами како високото образование е закон додека неспособни партиски војници се на функција. Ех. Секој може да сонува.
 
Димитар, еве ти еден факт:

80% од Македонските медиуми, се под директна контрола на СДСМ(тука спаѓаат и медиумите на албански јазик)

20% се под контрола на ДПМНЕ, односно, владата.

Можеш и сам да си одговориш на тоа прашање, „до кога вака“... :)
Ок, ајде да речеме дека е така... незнам, можеби... повеќе си информиран...

Но, зошто и тие 20% наклонети кон ВМРО информираа 90% од времето за комендант Коки и 10% за она што беше целта на протестите?
 
Но, зошто и тие 20% наклонети кон ВМРО информираа 90% од времето за комендант Коки и 10% за она што беше целта на протестите?

Си ги помешал работите, а и очигледно незнаеш кој медиум „чив“ е :)

Да не заглибуваме баш на тоа, но баш оние 80% не пуштија, ниедна пресконференција на организаторите, ниту дадоа ниеден кадар од протестот, а го дрвеа со командант Коки, мислејќи дека со тоа ќе го оцрнат настанот - се заебаа. Коки в апсаана, кривични до ДЕБИЛијан Станковиќ и Шекерка.

Но остај тоа, дневно политички глупости мислам дека нема потреба да разглибуваме, остај го тоа за непоткованици како интел :wink:
 
80% од Македонските медиуми, се под директна контрола на СДСМ(тука спаѓаат и медиумите на албански јазик)

20% се под контрола на ДПМНЕ, односно, владата.

Исправка: приватизирани се. 80% се под контрола на ВАЦ (Бодо Хомбах, Срѓан Ќерим), 20% под контрола на Велија Рамковски.
 
Исправка: приватизирани се. 80% се под контрола на ВАЦ (Бодо Хомбах, Срѓан Ќерим)

Potato - Patata - Pomme de terre
20% под контрола на Велија Рамковски.
Плати ми, и ќе биде „причају ми приче“....Трифун, очигледно, одбиваше да му плати :wink: Вељо е рекетар.
 
Споредбата со Бугарија е интересна.

За разлика од поранешното едноумие, и таму денес владее “едноумие“ слично на нашето. 80% од медиумите се сопственост на ВАЦ.

Макар да наизглед има огромни разлики, сето е површинско. Исто како и партиските разлики кај нашите медиуми, и националните разлики меѓу македонските, српските и бугарските медиуми не одат милиметар подлабоко од површината. Кога се суштинските информации во прашање, се постапува според директивите од централата. Со таа разлика што во простиот комунизам, централата им беше позната и видлива на сите; денес, во европската демократија, центарот е завиткан во повеќе лушпи, од кои можеме да видиме најмногу три-четири. Тричковски, Ќерим, Хомбах, а кој е наредниот во линијата понатаму, зад Хомбах?

Не само во однос кон политичките партии и привидните разлики меѓу нив, не само весниците - огромна и пресудна е улогата на медиумите во креирање на зомби индивидууми за кои мисловните конструкции посложени од “ња-то,ња-то, е-у, е-у“ се преголем и претежок напор.
 
Какво беше информирањето на МТВ?
 
Јас би ги ставил медиумите сите во ист кош, конкретно за протестите сите информираа непрофесионално и под директива на некоко дали опозиција или озиција, мислам дека во таа ситуација и опозицијата и позицијата преку своите медиуми показаа едно лошо единство против сопствениот народ.
 
Немам коментар за медиумите.Да почнам би кажала многу лоши работи.
Само жал ми е што кога се работи за работи кои што се битни за националниот идентитет,замижуваат очи и ги игнорираат тие работи.
Знам дека на новинарот му е работа да наоѓа приказни,скандали,валкан веш и слично,но новинарот пред се треба да е човек.Треба да има малку разум,а не ко коњ да гледа само напред,ни лево ни десно.Thinking out of the box.

За жал ,тие се оние кои го креираат јавното мислење или по народски кажано тие се оние кои му го перат мозокот на народот.
Наместо сега да удрат на една заедничка медиумска пропаганда за борба за името,они гледаат кој поголема глупост да објави.
Јеби га,никогаш не сме биле единствени и сплотени,па истово важи и за овој случај.:(
 
Какво беше информирањето на МТВ?

Не беше нешто сензационално, ама не го отупеа со „настаните пред грчка амбасада“...Порано мислев дека МРТВ треба да се расформира, ама добрата страна кај нив ја гледам во тоа што почнаа да емитуваат документарци за античките Македонци, Македонската историја целокупно, култура и тн. Нешто што кај останативе, го нема ич!
 
A sto e so "Glasot na Narodot " na MKRTV?? Partiska propaganda, so ligavi voditeli koi kako poltroni se ulizuvaat i ne znaat kade i koga da zaprat.

Od druga strana, sevkupno Mediumite nemaat N od Novinarstvo vo Makedonija, bitno e koja politicka partija gi plakja...
 
Не беше нешто сензационално, ама не го отупеа со „настаните пред грчка амбасада“...Порано мислев дека МРТВ треба да се расформира, ама добрата страна кај нив ја гледам во тоа што почнаа да емитуваат документарци за античките Македонци, Македонската историја целокупно, култура и тн. Нешто што кај останативе, го нема ич!
И јас го мислев истото за МТВ,дека треба да се расформира,ама почнав да се премислувам.
Треба само да се реформира и да ги урне сите приватно-рекетарски-медиумски здруженија во Mакедонија.
Не мислев дека на тие „газди“ им се побитни парите отколку државата,ама сум се лажел...
Вести немам гледано цела недела....
 
Back
На врв Bottom