МПЦ си ги продава црквите?!?!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
880
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Денеска гледав по вестиве, скандал! МПЦ продала црковен имот на Цементаница УСЈЕ на која што газда е грк, за багателни 200.000 евра!!!!
Комплексот манастирски двор близу селото Говрлево има духовна и историска вредност која е бесценета!!!! Манастирот датира од пред 1000 години а во близина има и археолошко наоѓалиште, кој е еден од малкуте докази за праисториската Македонија! Усје го купува овој имот за да врши ископувања, за цемент се разбира! Со кое право бре МПЦ продава света земја која ни го брани идентитетот!!!!Поготово на грци што највеќе боли!! Мештаните на селото Говрлево(иначе Скопско) се длабоко изреволтирани и ќе прават акција за стопирање на ова лудило од страна на МПЦ, која пак од друга страна им ветува изградба на нова црква! Што стои позади ова?!?
Јас сум премногу изреволтиран поради ова недело на МПЦ, и ќе ја поддржувам секоја акција за прекин на ваквите испади!
 
so ne kazaa za tie pari jas ke go kupev zemjisteto
ok sala na strana,
ne znam so da kazam ova .....so znam jas bolni luge samo go pravat.
 
Od po odamna prv interes na svestenstvoto se, za zal, parite. Ne samo vo Makedonija normalno.
 
По делата ќе ги познаете...рекол Христос...
Меракот за пари, особено еври и швајцарски францки или како веќе се викаат, е грев сам по себе. Јас се плашам, дека, ако ова е вистина, тогаш може да е во истиот контекст со изградбата на Козјак. И таму имаше бројни наоѓалишта од најстаро време, директно поврзани со докаите за македонската историја и со посебноста на македонскиот народ.
Гркот може да го купува земјиштето токму поради тоа, за да ги уништи доказите, а не за цементот.
Освен тоа, 200,000 евра е ред на величина на една поубава куќа.
Значи, нашата историја им вреди една куќа...
Што ќе речат србите....А где ќе им душе?
 
МПЦ не се кае за продажбата на манастирот

Од МПЦ признаваат дека потпишале преддоговор со грчкиот газда на „Усје“ и сметаат дека не згрешиле
2E91D1B2E4A20C48BD8D6167D9C8DA74.jpg

Народот нема да и' дозволи на МПЦ да го продаде манастирот и конаците на Грците, порачуваат револтирано селаните од Говрлево по завчерашната вест дека црквата за 200 илјади евра го продала манастирскиот комплекс кај селото на цементарницата „Усје“.

Според преддоговорот, меѓу МПЦ и „Усје“ се продаваат манастирот „Свети Трипун“, конаците и шест цркви, кои се протегаат на земјиштето со површина од 17.366 квадратни метри.

- Црквите и манастирот се стари и испукани од минирањето во каменоломот - е главниот аргумент на свештените лица за продажбата.

Жителите на Говрлево не се смируваат и покрај ветувањата на МПЦ дека цементарницата ќе изгради нов манастир на нова локација во Долно Соње. Тие не можат да се помират дека црквата решила да продаде манастир стар 600 години и земјиште со археолошка вредност.

Во знак на протест, селаните се организирале и собрале 350 потписи, а петицијата ќе ја достават до МПЦ. Велат дека одлуката на црквата ја сметаат за навреда и побарале средба со архиепископот г.г. Стефан за да ја спречат скандалозната продажба.

Апостол Георгиевски, претседател на манастирскиот одбор на свештениците од МПЦ, им рекол дека никогаш нема да го стави својот потпис на договорот за продажба.

- Нас, селаните, никој не не' праша ништо. Јас се сретнав со секретарот на скопската епархија, прота Коста Станоевски и му кажав дека народот не дава да се сели манастирот. Не знам дали ме разбрал, но еве што станува - вели 80-годишниот Георгиевски.

Селаните велат дека имаат голема поддршка и од околните села.

- Ќе речете не се од нашата вера, но ете имаме подршка и од Албанците од соседното село Света Петка. И тие останаа вчудовидени од однесувањето на свештените лица на МПЦ да продаваат вакавски места -вели Благоја Стефковски, жител на Говрлево.

58C19BFB08E78545B48F80EB820DAAAC.jpg

Неговиот сосед Милан Ѓурески вели дека селаните се сомневаат во зделката. Според него, пред некој месец луѓе од МПЦ дошле во селото и ги убедувале селаните дека Грците нема да ги уриваат манастирот и старите цркви, туку ќе изградат нов манастир во Долно Соње.

- Верувам дека Грците, кои се газди на „Усје“, нема да го урнат манастирот и црквите, бидејќи тие се религиозен народ, а во исто време и многу суеверни. Но, каква е тогаш логиката да го купуваат ова земјиште ако не мислат да уриваат и да градат? Нешто не е во ред во целава работа - вели Ѓурески.

Прота Коста Станоевски, кој учествува во преговорите и е потписник на преддоговорот, тврди дека земјиштето се' уште не е продадено и дека се водат разговори за деталите. Не смета дека МПЦ направила грешка со намерата да го продаде комплексот.

- И кога се градеше браната „Козјак“ беа дислоцирани три цркви. МПЦ смета дека нема ништо спорно ако се продаде овој стар комплекс. Подобро тоа отколку да го оставиме да пропаѓа. Најбитно е што цементарницата „Усје“ зема обврска да изгради нов манастир и конаци во Соње - изјави прота Станоевски.

Слично како него размислува и монахињата Павлина, која со децении живее во манастирот „Свети Трипун“.

- Не е наше да решаваме, Господ ќе реши. Но, мене не ми е криво ако се продаде. Јас и понатаму ќе живеам во манастир, само во друг, со друго име - изјави монахињата Павлина, додека се докажуваше со мештаните кој колку е виновен за намерата манастирот да се продаде.
 
Очигледно дека во МПЦ не седат светци.
Ама, тие се власт и имаат право да продаваат, наместо оние кои на времето, кога се граделе црквичките и манастирот, се одделувале од устата за да има светилишта и богомољи.
Евреинот, кога му се допаѓанекоја куќа, што сака да ја купи, прво се видува со сајбијата. И, првото прашање му е, куќата ти ја градеше или татко ти? Ако ја градел тој, евреинот нема простор за спогодба, ке најде изговор, ке ја пофали куќата и ке си отиде. Ама, ако кучата ја градел татко му, ееее, тогаш има простор за спогодби. Ви текнува ли?
Ете тоа е....
Гркото не раздава пари за џабе. Сигурно има нешто во корист на нивните национални проекти штом туку така даваат пари.
 
Нашиве владики, проти и попови, бизнисмени ли се или духовни лидери на Македонскиот народ.

Ова што го прават е капак на се, да распродаваат земјиоште со манастири, па упште полошо на грци, треба малку да се преиспита МПСЦ во своето делување.

Никаде во никоја православна црква во околните земји не се плаќа за кршетвки и венчавки туку и имаат дарови за таквите чинови, само кај на с се наплаќа тоа срамота.


Па потоа ќе ни се шетаат странски владики ни земјата и ќе прогласуваат автономни цркви
 
Абре жива брука ова шо се напрај.Па кај се видело црквинска земја да се дава на тоа п.....е грчки!
Се научиле дека само јован им е крив,а тие шо прават вакви глупости кој им е крив.уште црквата и православниот дух ни остана во нас како нешо свето кое го чуваме длабоко во себе ама изгледа и тоа ке побледе по се шо прават тоа црковните големци.
 
Уште да го сфатевте вистинското значење на зборот храм и да прочитавте некоја глава или некој стих од Откровението. Доволно ви е Откровение 21:22.
 
Macedalien напиша:
Уште да го сфатевте вистинското значење на зборот храм и да прочитавте некоја глава или некој стих од Откровението. Доволно ви е Откровение 21:22.

Ние сме црквата.Двајца или тројца соберени во името на Господ се црква ,а она што го продале е обичен објект.Вистинските верници ќе им биде јасно и нема да се тревожат околу ова.
 
Е шо се чудите де.....у оваа држава све е неочекувано.....утре може да слушнете преседателот ја продава државата...и ке има цена за со све жители и за со без жители .... :pos::pos:
 
marcus напиша:
Ние сме црквата.Двајца или тројца соберени во името на Господ се црква ,а она што го продале е обичен објект.Вистинските верници ќе им биде јасно и нема да се тревожат околу ова.
Доколку се декларираш како верник би требало да знаеш подобро од ова што го рече, јас не сум верник,но ова ми е несфатливо?! Доколку си ТИ црква како што викаш, тогаш со кое право се продава нешто што им било црква (не како објект, туку нешто духовно) на луѓето у претходните 600 години? И џаба и Унеско и Мунеско да ги штитат коа нашите распикуќи ке осетат мирис на пари......
 
DuFFy напиша:
Е шо се чудите де.....у оваа држава све е неочекувано.....утре може да слушнете преседателот ја продава државата...и ке има цена за со све жители и за со без жители .... :pos::pos:
Абе дафи,жими све јако е ова шо го кажа.се согласувам со тебе дека и тоа во брзо време може и тоа да не снајде.овој бане наш во недостиг на друго може и нас да не продаде(ако не не продал досега)и ние појма да немаме дека сне продадени.тоа тие,јака држава а слаб народ.
 
Back
На врв Bottom