Mozilla Firefox Skopje Promotion Група

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
Како што беше најавено на Македонскиот ИТ Форум, и на Facebook страната, тим од Македонија планираме да изведеме промоција на новата Mozilla Firefox 3.5 на 5ти Септември низ градовите во Македонија.

Сега за сега промоциски тимови се формираа во Скопје, Куманово, Битола и Штип.

Промоцијата ќе се изведе на тој начин што ќе се презентира новата Мозила со разни плагини прилагодени за сечии вкус, ќе се поставуваат прости прашања во врска со неа и ќе се доделуваат награди на присутните.

Ако овде има заинтересирани да учествуваат на помоцијата, или пак да оддржат промоција истиот ден во својот град, нека ме контактираат мене (офциален промотор на мозила во македонија) за понатамошни информации за организација.
Сите останати срдечно ве поканувам да присуствувате во градот најблиску до вас на 5ти Септември од околу 17 часот (ќе протврдиме).
Тој ден ние неофициално ќе си го прогласиме за Mozilla Firefox ден поради раширеноста и големиот број на промоции :)
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Не беше 3.5 тотално фијаско? Зашто би сакале да промовирате нешто откако се докажа дека не го бива?
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
Од каде таа информација дека не ја бива 3.5? Моментално ја користам без проблеми.
Тоа што нема македонска верзија ќе се среди во 3.5.1 која верзија ќе излезе до промоцијата.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Не користам ФФ, Операта повеќе ми се допаѓа, така да не зборам од директно искуство, али знам дека многу луѓе имаат проблеми со перформансите и стабилноста на ФФ 3.5. Голем дел се префрлија на друг броусер, а останатите се вратија на 3ка.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Update за Firefox 3.5 на македонски

На кратко да известиме што се случува со Firefox 3.5 на македонски. Како што пишавме претходно, во последен момент пред да биде објавен Firefox 3.5 се откри проблем со македонската верзија. Проблемот беше откриен за време на тестната RC1 верзија и отстранет на време за RC3 верзијата, но по грешка беше повторно вратен во финалната верзија. Од таа причина, Mozilla во координација со нас решивме да го повлечеме изадението додека се истражат последицит од проблемот.
Конечно деновиве се одлучи судбината, а таа е дека сепак ќе се почека излегувањето на Mozilla Firefox 3.5.1 за да излезе и македонската верзија. Од разни технички причини не беше лесно возможно да се прави посебен build на 3.5 на македонски.
Firefox 3.5.1 би требало да излезе во следниве 2-3 седмици, така што и нема да биде многу чекањето. Корисниците на 3.0.11, 3.5rc{1,2,3} и оние неколкумина што успеаа да го симнат лошиот 3.5, автоматски ќе ја добијат надградбата доколку им е овозможена опцијата за автоматски надградби.
Инаку, дискусијата околу проблемов може да се види и во Bugzilla системот на Moziila: https://bugzilla.mozilla.org/show_bug.cgi?id=501391

Извор: www.mozilla.blog.com.mk

Значи за македонски превод ќе треба да чекаме до крајот на месецов и таман за промоцијата ќе ја има и на македонски јазик.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
@A*1*T*E*A*M
Фала за цитатот.

@Vnuce
За вакво нешто првпат слушам. 3.5 е верзијата која што за само 24 часа беше превземена од интернет повеќе од 4.7 милиони пати. + на ИТ форумот никој до сега не се пожалил на проблеми со неа.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
@Vnuce
За вакво нешто првпат слушам. 3.5 е верзијата која што за само 24 часа беше превземена од интернет повеќе од 4.7 милиони пати. + на ИТ форумот никој до сега не се пожалил на проблеми со неа.
Google: Резултати од 1 до 10 од приближно 6,820,000 резултати за firefox 3.5 issues. (0.05 секунди) :)

HardwareZone: Users are reporting that Mozilla's Firefox browser is taking way to long to actually start up compared to the snappy start of the previous version. With load times ranging from 30 seconds to 2 minutes, it's an issue that has most users frustrated to say the least.

Чисто, ко примери. Како и да е, ја отерав темава кај што не треба.
Ви посакувам успех со промоцијата и со наредната верзија :)
 
Член од
15 април 2009
Мислења
657
Поени од реакции
112

какви 30с. кај мене се лодира за 4 сек.

а за промоцијата во Штип сигурно ке дојдам
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Во однос на багојте мислам дека треба да се спомни и то дека серозно го полни рамот ... значи мал експеримент со 3.5 кој покажва колку е проблематична верзиата ... значи отворете 10 табови со страници со флеш по нив и оставете ја отворена некое време ... али отворете и sytem monitor или task manager и најдете го процесот на ФФ и ке видите едно добро шоу ... како шо поминва времето мозилата ке си зема се поке рам и се поке рам ... за разлика пример од опера пример кај која држи ист рам цело време ( во зависност од тоа колку табови се отворени ) ...

Изгледа не си го чисти рамот одкако ке заврши со нешто. Мене еднаш така отворена и оставена мозила ми го имаше донесено лапот до 82% од 2 гига рам искористен ...
Можи да го фикснале на 3.5.1 багов али не сум изваил не сум видел . Опера користам претежно . Али пошто нели во веб дизајн фирма сум мора се да се провери и на опера и на фф и на експлорер и на сафари ....
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
3.5 не ја бива Мислам на Vista e тотална утка замрзнува компјутер,процесор на 100 % да не отвориш две јазичиња оти ке мора да го форматираш компјутерот после
Kaј XP e друга приказна работи добро сеа има некој моменти коа ке засецка па ке ти ојде се у пизду матер па решив да си инсталирам 3.0.11 додека не излезе 3.5.1
 
Член од
15 април 2009
Мислења
657
Поени од реакции
112
Имам лаптоп со виста и на него е инсталирана 3.5, си работи одлично.
На пц-то имам ХР и на него е инсталирана 3.5, исто си работи одлично.
Е сеа, имам и пц со Пентиум 2 проц. и 256мб рам. Е тука мозилата е 3.5 и се подига за 2 мин. а процесорот работи на 30%. :baeh:
не ми е јасно од каде ти на тебе тие резултати дека не можеш да отвориш 2 јазичиња и проц. работи на 100%.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Не беше 3.5 тотално фијаско? Зашто би сакале да промовирате нешто откако се докажа дека не го бива?
Од каде таа информација дека не ја бива 3.5? Моментално ја користам без проблеми.
Тоа што нема македонска верзија ќе се среди во 3.5.1 која верзија ќе излезе до промоцијата.
Абе го прочита ли некој целиот тој текст.
Во темата за Фирефокс 3.5 (од мислење 78 па надолу) искоментирав еднаш.
Ако го прочитал, ќе разбере дека тоа се порава. Во 3.5.1 ќе имаме фајрфокс на македонски, и брзо стартување.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Јас ќе дојдам на промоцијата, но само ако се работи директно во живо на мозилата на користен компјутер (со инсталирани апликации). Да видиме колку време се уклучува, и како паѓа, и колку всушност е добра.

Што ви е со таа мозила јас незнам
Anyway сафарито е сто пати подобро.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
Никој немора да дојде ако несака. Оваа промоција не е ни главно наменета за веќе запознаени со Firefox. Таа е за оние кои уште незнаат дека има нешто повеќе од IE 6.
Сепак, сите сте добредојдени на промоцијата, а на лаптопи ќе ја има Мозилата заедно со полно адони приспособени за сечии вкус.

Темата беше наменеда за луѓе кои сакаат да помогнат или да направат своја промоција. Не е темата за тоа дали Сафари/Опреа/Хроум се боље или бетер од FF.
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Имам лаптоп со виста и на него е инсталирана 3.5, си работи одлично.
На пц-то имам ХР и на него е инсталирана 3.5, исто си работи одлично.
Е сеа, имам и пц со Пентиум 2 проц. и 256мб рам. Е тука мозилата е 3.5 и се подига за 2 мин. а процесорот работи на 30%. :baeh:
не ми е јасно од каде ти на тебе тие резултати дека не можеш да отвориш 2 јазичиња и проц. работи на 100%.
Сеа ја не го знам како диши Windows и како ми работи компјутерот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom