Mozilla Firefox (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Awake
  • Време на започнување Време на започнување
Да 3.5 моментално нема на македонски, но брзо ќе биде решено.
 
Очекував подобри перформанси, ова корне рам и е многу тромава на старт (и треба 5-10 сек да се подигне).
Не планирам 1 гига рам да држам само за мозилава
 
Има големи проблеми со 3.5 посебно со тоа чекање од неколку секунди а кај некој и по неколку минути, можете повеќе да прочитате тука
 
Има големи проблеми со 3.5 посебно со тоа чекање од неколку секунди а кај некој и по неколку минути, можете повеќе да прочитате тука
ѓ
ЈАс имам компјутер со послаба конфигурација и долго време немам правено формат, па се си работи како подмачкано :toe:
 
Има големи проблеми со 3.5 посебно со тоа чекање од неколку секунди а кај некој и по неколку минути, можете повеќе да прочитате тука
Го прочитав тоа. Не е некој голема работа, се поправа.
И 3.0 имаше свои бубачки на почетокот, ама од 3.0.2 веќе работеше како што треба.
Јас и така уште немам инсталирано 3.5, затоа што го нема на македонски. 3.5.1 ќе излезе на македонски, а веројатно и ќе го порават тоа со долгото стартување.
 
Абе на XP работи добро солидно ама на Vista дупи многу
 
Само што го инсталирав и задоволен сум, не е побрзо од 3.0 али не е ни побавно. Некако ми е ко поелегантен..
 
Не е до Вистата, до самиот Факрфокс е. Ако некој го прочита тоа „Фајрфокс 3.5 Фијаско“, би разбрал дека Фајфокс при генерирање на случаен број ги чита сите датотеки од Temp, сите фонтови, и што ли уште не. А на виста обично се вртат повеќе датотеки над дискот отколку на XP. Ако ги исчистиш темп папката, и интенет експлорер кешот, и на Xp i na Vista, Фајрфокс 3.5 на виста би се стартувал побрзо. (затоа што виста е многу подобар ос од XP).
 
На кратко да известиме што се случува со Firefox 3.5 на македонски. Како што пишавме претходно, во последен момент пред да биде објавен Firefox 3.5 се откри проблем со македонската верзија. Проблемот беше откриен за време на тестната RC1 верзија и отстранет на време за RC3 верзијата, но по грешка беше повторно вратен во финалната верзија. Од таа причина, Mozilla во координација со нас решивме да го повлечеме изадението додека се истражат последицит од проблемот.

Проблемот можеби бил најден но не и отстранет.....имено кога тестната верзија ќе откриеше дека е достапна надградба и кога ќе се обидеше да ја преземе се јавуваше соопштение дека има грешка во тој и тој ред на кодот....
 
Има нешто што не дупи на Vista?

Постот...

fail.jpg
 
А да прашам која е најновата верзија од Мозила да ја симнам
зашто си ја користам операта и побрза ми е од мозилата:smir:
 
Firefox 3.5.1 достапен за јавноста, сега и на македонски

Како дел од постојаниот процес на стабилизирање и осигурување на Firefox, Мозила го објавува Firefox 3.5.1 за GNU/Linux, Windows и Mac корисниците. Оваа верзија, меѓу другите 70-тина јазици, сега е достапна и на македонски јазик, откако се отстранија проблемите кои се појавија со македонската верзија на 3.5

На корисниците на Firefox 3.0.11 и 3.5 во следните 24 до 48 часа ќе им биде понудена автоматска надградба, но секако надградбата може и рачно да се аплицира преку опцијата „Најди надградби…“ (Check for updates) во менито „Помош“ (Help).

Повеќе информации за верзијата 3.5.1 на Firefox може да прочитате во белешките за изданието (на англиски).

На корисниците на 2.0 им се препорачува директно да го симнат 3.5.1 од www.firefox.com (или тука за македонската верзија). Верзијата 2.0 на Firefox веќе не се развива и има познати безбедносни дупки кои не се поправени и нема да се поправат.

извор: http://mozilla.blog.com.mk/node/238605
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom