Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Темава ја сместувам во Економија и бизнис, затоа што проблемот не е  од образовен карактер.
ШТРАЈК НА ПОЧЕТОКОТ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА ?
                  
Мирко Трајановски
   
Најава за нов штрајк во образованието на почетокот на учебната година. Мултиетничкиот синдикат на образование не е задоволен до состојбите во овој сектор и бара од Владата и од ресорните министерства итно отпочнување преговори. Според нив, најголем проблем се ниските надоместоци за храна и превоз кои ги земаат вработените во образованието во споредба со вработените во здравството и другите јавни сектори.
   
- Не може државата едни да ги фаворизира и да им дава поголеми плати за исти или слични работни места додека другите да бидат оштетени, вели Драге Јовановски од ССМ.
   
- Може да претпоставите што значи за еден вработен во образованието кој зема 16.000 денари плата да треба да патува да рчеме од Штип до Свети Николе и за тоа да троши околу 5.000 денари од својата плата, објаснува Кољо Најденов од Мултиетничкиот Синдикат на Образаование.
   
Од Синдикатот бараат и редифинирање на колективните договори, како и вработување на неопределено време на лицата кои работат над пет години, како што е предвидено во Законот за работни односи. Бараат поддршка од Синдикатот за образование, наука и култура на Дојчин Цветановски во кој членуваат мнозинството од вработените во овие дејности.
   
- Доколку не се седне да се разговара, на први септември веројатно ќе има штрајк. Затоа им даваме рок од десет дена да се седне и да се отпочне со дијалог. Сериозни сме во намерата и сериозно бараме во ова да учествува и СОНК на Дојчин Цветановски, изјави Јовановски.
   
Последниот штрајк во образованието се одржа во ноември минатата година кога една недела немаше настава во училиштата и не работеа градинките. Овој пат се доведува во прашање почетокот на учебната година.
Извор: ТВ Телма
				
 Ајде судство на протест следни,четврти здраство,петти оние што спијат по администрација...Ајде да си ги барате правата,марш на протест,јас ќе ви го плаќам бензинот,мме!
.........па ние сме бе една уникатна држава....нигде нема таква.....во цел нормален свет воглавно се штрајкува во стопанските дејности...само кај нас исклучиво само администрацијата штајкува:pos2::pos2: