Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Темава ја сместувам во Економија и бизнис, затоа што проблемот не е од образовен карактер.
ШТРАЈК НА ПОЧЕТОКОТ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА ?
Мирко Трајановски
Најава за нов штрајк во образованието на почетокот на учебната година. Мултиетничкиот синдикат на образование не е задоволен до состојбите во овој сектор и бара од Владата и од ресорните министерства итно отпочнување преговори. Според нив, најголем проблем се ниските надоместоци за храна и превоз кои ги земаат вработените во образованието во споредба со вработените во здравството и другите јавни сектори.
- Не може државата едни да ги фаворизира и да им дава поголеми плати за исти или слични работни места додека другите да бидат оштетени, вели Драге Јовановски од ССМ.
- Може да претпоставите што значи за еден вработен во образованието кој зема 16.000 денари плата да треба да патува да рчеме од Штип до Свети Николе и за тоа да троши околу 5.000 денари од својата плата, објаснува Кољо Најденов од Мултиетничкиот Синдикат на Образаование.
Од Синдикатот бараат и редифинирање на колективните договори, како и вработување на неопределено време на лицата кои работат над пет години, како што е предвидено во Законот за работни односи. Бараат поддршка од Синдикатот за образование, наука и култура на Дојчин Цветановски во кој членуваат мнозинството од вработените во овие дејности.
- Доколку не се седне да се разговара, на први септември веројатно ќе има штрајк. Затоа им даваме рок од десет дена да се седне и да се отпочне со дијалог. Сериозни сме во намерата и сериозно бараме во ова да учествува и СОНК на Дојчин Цветановски, изјави Јовановски.
Последниот штрајк во образованието се одржа во ноември минатата година кога една недела немаше настава во училиштата и не работеа градинките. Овој пат се доведува во прашање почетокот на учебната година.
Извор: ТВ Телма