Можен штрајк на почетокот на учебната година

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Темава ја сместувам во Економија и бизнис, затоа што проблемот не е од образовен карактер.


ШТРАЈК НА ПОЧЕТОКОТ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА ?

Мирко Трајановски


Најава за нов штрајк во образованието на почетокот на учебната година. Мултиетничкиот синдикат на образование не е задоволен до состојбите во овој сектор и бара од Владата и од ресорните министерства итно отпочнување преговори. Според нив, најголем проблем се ниските надоместоци за храна и превоз кои ги земаат вработените во образованието во споредба со вработените во здравството и другите јавни сектори.

- Не може државата едни да ги фаворизира и да им дава поголеми плати за исти или слични работни места додека другите да бидат оштетени, вели Драге Јовановски од ССМ.

- Може да претпоставите што значи за еден вработен во образованието кој зема 16.000 денари плата да треба да патува да рчеме од Штип до Свети Николе и за тоа да троши околу 5.000 денари од својата плата, објаснува Кољо Најденов од Мултиетничкиот Синдикат на Образаование.

Од Синдикатот бараат и редифинирање на колективните договори, како и вработување на неопределено време на лицата кои работат над пет години, како што е предвидено во Законот за работни односи. Бараат поддршка од Синдикатот за образование, наука и култура на Дојчин Цветановски во кој членуваат мнозинството од вработените во овие дејности.

- Доколку не се седне да се разговара, на први септември веројатно ќе има штрајк. Затоа им даваме рок од десет дена да се седне и да се отпочне со дијалог. Сериозни сме во намерата и сериозно бараме во ова да учествува и СОНК на Дојчин Цветановски, изјави Јовановски.

Последниот штрајк во образованието се одржа во ноември минатата година кога една недела немаше настава во училиштата и не работеа градинките. Овој пат се доведува во прашање почетокот на учебната година.



Извор: ТВ Телма
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Може да претпоставите што значи за еден вработен во образованието кој зема 16.000 денари плата да треба да патува да речеме од Штип до Свети Николе и за тоа да троши околу 5.000 денари од својата плата, објаснува Кољо Најденов од Мултиетничкиот Синдикат на Образаование.
Да троши 5.000 денари а да не добива никакви дарови како што добиваат докторите па некако да се покрива?
Мислам дека образованието е важен фактор па мора владата да посвети повеќе внимание на вработените таму од колку на оние што се вработени во другите буџетарски организации.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога можат пратениците да земаат 17 000 евра за патни трошоци,зошто професорите да не земаат 10 000? Како први,така други,како мали многу ја игравме :) Ајде судство на протест следни,четврти здраство,петти оние што спијат по администрација...Ајде да си ги барате правата,марш на протест,јас ќе ви го плаќам бензинот,мме!
Според резултатите од матурантите годинава,платите треба да им се скратат за 90%,ако оваа калакурница беше на пример држава.
Подршка за протестите од мене и поттик до останатите да ги блокираат собраќајниците во Скопје за да можам да каснам на работа.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728

Да троши 5.000 денари а да не добива никакви дарови како што добиваат докторите па некако да се покрива?
Мислам дека образованието е важен фактор па мора владата да посвети повеќе внимание на вработените таму од колку на оние што се вработени во другите буџетарски организации.
Кога секој професор ќе го исполни работното време со кое е примен на работа по договор кое е во времетраење од 8 саати, тогаш слободно нека бараат покачувања. А не, ќе има денес два часа и ќе ја здувне дома. Нека има основа секое барање. Ќе ги добијат тие пари, ама нека ги отседат тие 8 саати на работно место, па макар имале и само еден час. Или другите буџетарски организации ќе седат по канцеларии затрупани со документи и работа на компјутери а ќе земаат помала плата?
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Подршка за протестите од мене и поттик до останатите да ги блокираат собраќајниците во Скопје за да можам да каснам на работа.
Ти ќе касниш на работа ама ќе ти се зголеми тебе патниот трошок тој ден а тие ќе добијат некое денарче повеќе :smir:.
Нека си го решат тоа во владата, нели има министерство за образование, култура и простотилак па нека работат нешто паметно односно со дијалог да решаваат проблеми...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Темава ја сместувам во Економија и бизнис, затоа што проблемот не е од образовен карактер.


ШТРАЈК НА ПОЧЕТОКОТ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА ?

Мирко Трајановски


Најава за нов штрајк во образованието на почетокот на учебната година. Мултиетничкиот синдикат на образование не е задоволен до состојбите во овој сектор и бара од Владата и од ресорните министерства итно отпочнување преговори. Според нив, најголем проблем се ниските надоместоци за храна и превоз кои ги земаат вработените во образованието во споредба со вработените во здравството и другите јавни сектори.

- Не може државата едни да ги фаворизира и да им дава поголеми плати за исти или слични работни места додека другите да бидат оштетени, вели Драге Јовановски од ССМ.

- Може да претпоставите што значи за еден вработен во образованието кој зема 16.000 денари плата да треба да патува да рчеме од Штип до Свети Николе и за тоа да троши околу 5.000 денари од својата плата, објаснува Кољо Најденов од Мултиетничкиот Синдикат на Образаование.

Од Синдикатот бараат и редифинирање на колективните договори, како и вработување на неопределено време на лицата кои работат над пет години, како што е предвидено во Законот за работни односи. Бараат поддршка од Синдикатот за образование, наука и култура на Дојчин Цветановски во кој членуваат мнозинството од вработените во овие дејности.

- Доколку не се седне да се разговара, на први септември веројатно ќе има штрајк. Затоа им даваме рок од десет дена да се седне и да се отпочне со дијалог. Сериозни сме во намерата и сериозно бараме во ова да учествува и СОНК на Дојчин Цветановски, изјави Јовановски.

Последниот штрајк во образованието се одржа во ноември минатата година кога една недела немаше настава во училиштата и не работеа градинките. Овој пат се доведува во прашање почетокот на учебната година.



Извор: ТВ Телма
Доколку владата не изнајде решение и да ја зголеми платата на вработените во образованието на минимум 22 000 денари,со што тие би се израмниле со републичкиот просек,се разбира дека штрајкот ќе биде оправдан.Посебно и затоа што вработените во образованието сеуште се во ек на земјоделската сезона,па ја собираат летината,која им е дополнителна дејност,со оглед на тримесечната летна пауза со што им овозможува ваква по малку додатен приход.Значи може цел септември да биде прогласен за месец на штрајкови,за кога се очекува дека даскалите ќе завршат со земјоделските работи па ќе можат слободно да започнат со наставата,освежени и со поголеми плати.:toe:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Кога секој професор ќе го исполни работното време со кое е примен на работа по договор кое е во времетраење од 8 саати, тогаш слободно нека бараат покачувања. А не, ќе има денес два часа и ќе ја здувне дома. Нека има основа секое барање. Ќе ги добијат тие пари, ама нека ги отседат тие 8 саати на работно место, па макар имале и само еден час. Или другите буџетарски организации ќе седат по канцеларии затрупани со документи и работа на компјутери а ќе земаат помала плата?
Не се сите исто платени, тие што имаат помалце часови земаат и помалце пари. Мајка ми беше учителка а тетка ми е исто така во просвета па некои работи ми се добро познати.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ти ќе касниш на работа ама ќе ти се зголеми тебе патниот трошок тој ден а тие ќе добијат некое денарче повеќе :smir:.
Нека си го решат тоа во владата, нели има министерство за образование, култура и простотилак па нека работат нешто паметно односно со дијалог да решаваат проблеми...
Затоа и споменувам.Од каде мојот трошок ќе се зголеми со чекање во место,плус и нив им давам од даноци.Од две страни ме е...
Се научиле протест за ова,протест за она.Убаво реков клучот за успех е бојкот,протест и уцена.Јас сум за државен удар,кој е со мене?:)И јас сакам патни трошоци од државата и плус хранарина што секојдневно ме малтретира со глупости!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не се сите исто платени, тие што имаат помалце часови земаат и помалце пари. Мајка ми беше учителка а тетка ми е исто така во просвета па некои работи ми се добро познати.
Колку што јас знам, секој професор треба да има определен број на часови. И колку што имам информации, оние кои во едно училиште не пополнуваат целосен број на часови, одат и во друго. Бар таков беше случајот со професорката моја по музичко од основно, програмски јазици од средно, хемија од средно...
Како и да е, штрајков лично не ми значи многу. Било први или 15 септември, не ми менува ништо.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Затоа и споменувам.Од каде мојот трошок ќе се зголеми со чекање во место,плус и нив им давам од даноци.Од две страни ме е...
Се научиле протест за ова,протест за она.Убаво реков клучот за успех е бојкот,протест и уцена.Јас сум за државен удар,кој е со мене?:)И јас сакам патни трошоци од државата и плус хранарина што секојдневно ме малтретира со глупости!
Не заборавај дека сега е +50 степени надвор па чекањето во колоната е напорно а сите се нервозни па свират со тоа свирките, па пцовки па ово па оно и на крајот ќе ти се исполни желбата, цела таа ситуација е пола државен удар!

Колку што јас знам, секој професор треба да има определен број на часови. И колку што имам информации, оние кои во едно училиште не пополнуваат целосен број на часови, одат и во друго. Бар таков беше случајот со професорката моја по музичко од основно, програмски јазици од средно, хемија од средно...
Како и да е, штрајков лично не ми значи многу. Било први или 15 септември, не ми менува ништо.
Искрено кажано не менува и за мене, училиште одамна завршив а мајка ми е просветен работник во пензија! :smir:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не заборавај дека сега е +50 степени надвор па чекањето во колоната е напорно а сите се нервозни па свират со тоа свирките, па пцовки па ово па оно и на крајот ќе ти се исполни желбата, цела таа ситуација е пола државен удар!
Замисли да рипне некој на таа жештина и лутина,да подели секирчиња,да им се изнавика секако и да почне да бега накај влада :pos2::pos2:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
аман више од штрајкови во образованието. не дека не ги поддржувам, стварно им се мали платите, ама нема година да не штрајкуваат, почнувајќи од јас кога бев 7мо (тоа беше пред 8 години). очигледно ништо не се постигнува со штрајковите. се сеќавам кога беше првиот штрајк една од професорките кај сестра ми им донесе на час кока кола од пола литар и ќесичка смоки зашто покачувањето што го добија со скоро 3 неделен штрајк им беше 40тина денари. мора да има некое друго решение на проблемот, штрајковите во оваа држава повеќе од јасно е дека ништо не решаваат.
освен пратениците, никој друг вработен во државна служба не прима толку пари за храна и превоз. надоместокот за храна и превоз е линеарен, исто примаат докторите, администрацијата, чистачките, професорите/наставниците, така да ако се покачува надоместокот за превоз треба да се покачи за сите, не само за наставниците и да ги покрива реалните трошоци (медицинските сестри примаат плата околу 12 илјади, чистачките примаат по 6-7, има и во администрацијата што работат и примаат исто околу 12-13 илјади). тетка ми живее близу до работа и затоа и го укинаа надоместокот за превоз (добро што не и рекоа и близу дека живее, па може дома да си оди да јаде).
кога веќе се покренува таква иницијатива, треба да се покрене за сите, не само за наставниците. и дефинитивно треба да се покачат и платите на наставниците, срамота е што им се толку ниски платите.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Замисли да рипне некој на таа жештина и лутина,да подели секирчиња,да им се изнавика секако и да почне да бега накај влада :pos2::pos2:
Знам дека само во сексуалната револуција невините пролеваат крв а во оваа што ќе се пролее и кој ќе пролее не знам да ти кажам? :toe:
 
D

Delux

Гостин
nekoj uciteitel na zabaviste da zema isti patni trosoci ko nekoj eminenten doktor...abe gluposti,plus vo leto nastava ne se odrzuva a plata si zemaat...abe ajde,duri mnogu im e ova so go imaat.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Абе шо да речам:vozbud:.........па ние сме бе една уникатна држава....нигде нема таква.....во цел нормален свет воглавно се штрајкува во стопанските дејности...само кај нас исклучиво само администрацијата штајкува:pos2::pos2:

...изгледа во стопанството рози ни цветаат чим никој не се буни за ништо.....:vozbud:...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom