Lanna
Taller, Stronger, Better
- Член од
- 30 септември 2008
- Мислења
- 550
- Поени од реакции
- 165
Не е прашањето дали можеме да си дозволиме во интерес на времето да запоставиме одредени работи, едноставно самите околности ти налагаат, на пример со запишување на различни факултети поретко да се гледаш со друштвото од средно, со вработување во различни фирми поретко да се гледаш со друштвото од факултет. Овде не можам да зборувам за промена на карактер, начин на однесување. За личноста конкретно, се менуваат одредени навики. Сум можела да се разбудам во 6:30 и да речам – денес не ми се оди на факултет, ама не можам истиот луксуз да си го дозволам кога треба да одам на работа. Гледано кон луѓето кои ми се блиски - се менува број на часови во денот поминати со некого, не и интензитетот на врската со него (другарувањето) , зошто барем јас не ја оценувам силата на пријателството со една личност по бројот на испиени кафиња во неделата со него. Имам една дефиниција која вели дека пријател ти е некој кој не мора да го гледаш често за да знаеш дека секогаш ќе биде тука за тебе.Можеме ли да се дозволиме образованието (факултет или школото) да биде причина за промена? Или самото завршување на образованието (дипломирање или сл.) да биде причина за промена на начинот на однесување, да биде причина за запоставување на дружењето и на излегувањето?
За работењето и немањето време за ништо – се е до разликите од личност до личност, до степенот до кој сите можеме да го истрпиме притисокот на времето и до способноста за организација на истото. Поминав една година, која со денешен памет никогаш не би прифатила да ја преживеам, во која му докажував на светот дека додека работам исцрпна работа со полно работно време можам пред време да си ги завршам студиите, и за време на која давав се од себе да им се посветам на сите драги личности макар и тоа да значеше дека треба да спијам по 2 саата во денот. Оние кои ти се блиски и те сакаат ќе ги сфатат жртвите кои сите повремено треба да ги правиме со сопственото време во интерес на собирање на идни крупни плодови. Значи има доволно време за се, и никаква врска нема да трпи заради обврски ако тоа е добро организирано.
„Од кога си фатив дечко/девојка немам време за ништо ги запоставив старите пријатели, немам време ни за кафе, ни да се видиме...„
Дали новиот дечко/девојка треба да значи запоставување на старите пријатели?
На ова не можам да се доизнасмеам. Добро, можеби и мојот начин не е најпаметниот на светов, зошто во принцип, сите мои врски трпеле заради мојата преголема посветеност на друштвото. Нормалната ситуација подразбира баланс. Дечко за дечко, пријател за пријател. Секој на својот дел. Треба секогаш да се размислува на кого ќе можеш се потпреш кога врската би завршила со неуспех. И по мое, никогаш не би разбрала врска во која едниот партнер си го зема правото да му ги скратува правата на другиот да посветува време на своето друштво или да му определува со кој смее, а со кој не смее да се дружи. Не гледам причина за постоење врска во која не се почитуваа взаемните права и слободи на партнерите. Ова особено во поглед на индивидуалните одлуки за тоа како секој од нив ќе оперира со сопственото време и на кого ќе го посветува.
Може ли новата работна позиција да биде причина за промена на кругот на пријателите и заборавување на старото друштво? Дали евентуалното унапредување на работното место би требало да значи и ново друштво?
Претпоставувам , под “старо друштво ” се подразбираат луѓе кои биле со нас и покрај нас додека сеуште сме учеле, додека сме работеле на некоја просечна позиција и сме го пцуеле шефот за ниската плата и многу пред да постигнеме одредени напредни моменти во кариерата (како повисока работна позиција) кои по сила на нештата вклучуваат движење во кругови на луѓе со исти или повисоки позиции. Ова не треба да подразбира коренита промена во друштвото. Како се искачуваме по скалилата ќе среќаваме и ќе се движиме во различни друштва со различни луѓе, помалку или повеќе искрени, помалку или повеќе лицемерни, со кои ќе мораме (сакале или не) секојдневно да се гледаме и контактираме, со кои може ама и не мора да воспоставиме поблиски пријателски врски, и заради кои е незрело, нелогично и лицемерно да го запоставиме старото друштво кое секогаш било тука да не поддржи, утеши и да се радува на нашите успеси.
Не мислите дека и школото (факултетот) и работота или пак новата работна позиција па и во крајна мера и љубовта се нешто што е минливо? Вреди ли животот (младешки), друштвото и забавата да ги жртвуваме за работи кои се минливи?
Школувањето е временски ограничено да, резултатите што ги остваруваш не можеш да кажеш дека се минливи или непотребни. Работната позиција може да ти е привремена да, ама ако не е таа, ќе биде некоја друга. Во денешно време, работата ни е премногу потребна за да преживееме, за да можеме непромислено да ја обвиниме за одземање на премногу време од денот. Не можеш доживотно да живееш на туѓ грб само за да би имал простор целодневно да киснеш со друштвото. Дури и да можеш ти, нема да може поголемиот дел од друштвото што исто така мора да работи. И колку и да звучи глупаво, ќе повторам дека вредат повремени жртви кои ќе ни донесат многу во иднина, а нема да значат уништување или запоставување на другарство зошто ако оние што ги нарекуваш другари навистина го живеат значењето на тој збор, ќе те разберат зошто мораш да се оддалечиш од нив на одредено време или со текот на времето да мораш да им посветуваш се помалку време.