Може ли да не промени....?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Можеме ли да се дозволиме образованието (факултет или школото) да биде причина за промена? Или самото завршување на образованието (дипломирање или сл.) да биде причина за промена на начинот на однесување, да биде причина за запоставување на дружењето и на излегувањето?
Не е прашањето дали можеме да си дозволиме во интерес на времето да запоставиме одредени работи, едноставно самите околности ти налагаат, на пример со запишување на различни факултети поретко да се гледаш со друштвото од средно, со вработување во различни фирми поретко да се гледаш со друштвото од факултет. Овде не можам да зборувам за промена на карактер, начин на однесување. За личноста конкретно, се менуваат одредени навики. Сум можела да се разбудам во 6:30 и да речам – денес не ми се оди на факултет, ама не можам истиот луксуз да си го дозволам кога треба да одам на работа. Гледано кон луѓето кои ми се блиски - се менува број на часови во денот поминати со некого, не и интензитетот на врската со него (другарувањето) , зошто барем јас не ја оценувам силата на пријателството со една личност по бројот на испиени кафиња во неделата со него. Имам една дефиниција која вели дека пријател ти е некој кој не мора да го гледаш често за да знаеш дека секогаш ќе биде тука за тебе.

За работењето и немањето време за ништо – се е до разликите од личност до личност, до степенот до кој сите можеме да го истрпиме притисокот на времето и до способноста за организација на истото. Поминав една година, која со денешен памет никогаш не би прифатила да ја преживеам, во која му докажував на светот дека додека работам исцрпна работа со полно работно време можам пред време да си ги завршам студиите, и за време на која давав се од себе да им се посветам на сите драги личности макар и тоа да значеше дека треба да спијам по 2 саата во денот. Оние кои ти се блиски и те сакаат ќе ги сфатат жртвите кои сите повремено треба да ги правиме со сопственото време во интерес на собирање на идни крупни плодови. Значи има доволно време за се, и никаква врска нема да трпи заради обврски ако тоа е добро организирано.

„Од кога си фатив дечко/девојка немам време за ништо ги запоставив старите пријатели, немам време ни за кафе, ни да се видиме...„
Дали новиот дечко/девојка треба да значи запоставување на старите пријатели?

На ова не можам да се доизнасмеам. Добро, можеби и мојот начин не е најпаметниот на светов, зошто во принцип, сите мои врски трпеле заради мојата преголема посветеност на друштвото. Нормалната ситуација подразбира баланс. Дечко за дечко, пријател за пријател. Секој на својот дел. Треба секогаш да се размислува на кого ќе можеш се потпреш кога врската би завршила со неуспех. И по мое, никогаш не би разбрала врска во која едниот партнер си го зема правото да му ги скратува правата на другиот да посветува време на своето друштво или да му определува со кој смее, а со кој не смее да се дружи. Не гледам причина за постоење врска во која не се почитуваа взаемните права и слободи на партнерите. Ова особено во поглед на индивидуалните одлуки за тоа како секој од нив ќе оперира со сопственото време и на кого ќе го посветува.

Може ли новата работна позиција да биде причина за промена на кругот на пријателите и заборавување на старото друштво? Дали евентуалното унапредување на работното место би требало да значи и ново друштво?

Претпоставувам , под “старо друштво ” се подразбираат луѓе кои биле со нас и покрај нас додека сеуште сме учеле, додека сме работеле на некоја просечна позиција и сме го пцуеле шефот за ниската плата и многу пред да постигнеме одредени напредни моменти во кариерата (како повисока работна позиција) кои по сила на нештата вклучуваат движење во кругови на луѓе со исти или повисоки позиции. Ова не треба да подразбира коренита промена во друштвото. Како се искачуваме по скалилата ќе среќаваме и ќе се движиме во различни друштва со различни луѓе, помалку или повеќе искрени, помалку или повеќе лицемерни, со кои ќе мораме (сакале или не) секојдневно да се гледаме и контактираме, со кои може ама и не мора да воспоставиме поблиски пријателски врски, и заради кои е незрело, нелогично и лицемерно да го запоставиме старото друштво кое секогаш било тука да не поддржи, утеши и да се радува на нашите успеси.

Не мислите дека и школото (факултетот) и работота или пак новата работна позиција па и во крајна мера и љубовта се нешто што е минливо? Вреди ли животот (младешки), друштвото и забавата да ги жртвуваме за работи кои се минливи?

Школувањето е временски ограничено да, резултатите што ги остваруваш не можеш да кажеш дека се минливи или непотребни. Работната позиција може да ти е привремена да, ама ако не е таа, ќе биде некоја друга. Во денешно време, работата ни е премногу потребна за да преживееме, за да можеме непромислено да ја обвиниме за одземање на премногу време од денот. Не можеш доживотно да живееш на туѓ грб само за да би имал простор целодневно да киснеш со друштвото. Дури и да можеш ти, нема да може поголемиот дел од друштвото што исто така мора да работи. И колку и да звучи глупаво, ќе повторам дека вредат повремени жртви кои ќе ни донесат многу во иднина, а нема да значат уништување или запоставување на другарство зошто ако оние што ги нарекуваш другари навистина го живеат значењето на тој збор, ќе те разберат зошто мораш да се оддалечиш од нив на одредено време или со текот на времето да мораш да им посветуваш се помалку време.
 
Ако се сака,за се може да се најди време. Имање дечко/девојка не би требало да е проблем со другарите/другарките. А работата уште помалце. Е сеа не ќе се можи да се "лумпува" до безконечни утрински часови ама подобро нешто одколку ништо..

:helou:
 
Вреди ли животот (младешки), друштвото и забавата да ги жртвуваме за работи кои се минливи?

покрај дечко, спомнато беше и вработување или унапредување...
Дали вреди? Нормално дека да!

Кога тогаш сите ќе го сменат начинот на живот. ако имаш 22 години, докај 25-26 можеби и ќе ти биде интересен начинот на младешки живот... ама подоцна сите ќе свртат нова страница и ќе се повлечат.

Прашањето е уствари, дали вреди за забава да прокоцкаш можеби многу подобри шанси во животот?
 
Секако дека се менува.
И да сакам не можам да ги правам истите работи кои ги правев во средно. Факултетот, друга држава, динамиката која ја налага животот... Можеби до негде држи вода и тоа дека ако се сака - ќе се најде време за се, ама ако тоа е на цена да си ја загрозам иднината кон која се стремам - не!
Немам време да излегувам толку многу, да трачарам со другарките по телефон, да го поминувам денот на кафиња... И немам никаков проблем со тоа. Кога сум во Мк, времето го делам помеѓу моите, неколкуте најблиски другар(к)и и дечкото, немам можност да се изнавидам со сите, не можам да одам на три журки во иста вечер како порано... И ни со тоа немам проблем.
Знам дека еден ден и ќе се вработам и ќе имам семејство и тогаш уште повеќе ќе ми се разликува животот од овој кој го имам сега, ама таа промена е совршено нормална. Мене пак ми е нездраво кога ќе видам некој возрасен, семеен човек кој се однесува како да нема никакви врски и никакви лимити... Една од убавините на растењето, созревањето и потоа стареењето се сите тие периоди низ кои проаѓаме. Само оние кои не се реализирале во некој од периодите - пробуваат да надокнадат продолжувајќи го.
 
Пошо работа уште не сум имала, ќе зборвам за образование и за дечко...

Можеме ли да се дозволиме образованието (факултет или школото) да биде причина за промена? Или самото завршување на образованието (дипломирање или сл.) да биде причина за промена на начинот на однесување, да биде причина за запоставување на дружењето и на излегувањето?

За образованиево, бар засеа (средно сум) имам време и за излегвење и за учење. Ако требит некош ќе учам место да излезам, некош ќе излезам место да учам. Зависит од ситуацијата и од то како сум јас расположена. Една послаба оценка шо ќе ја попрам или едно излегвење минус, немат да ми го сменит животов во никаква смисла.

Дали новиот дечко/девојка треба да значи запоставување на старите пријатели?

Значи, ќе прам ко шо јас ќе сакам и ќе го распоредам рационално времево. И пак ќе речам, имат време и за едното и за другото. Ако било која од двете страни, било дечкото или друштвото не ја разбирет ситуацијата во која шо сум, немат шо да прам веќе за то муабет. Значи немат причина никој да ми се љутит во случајот.
Единствено не би го влечкала дечко ми со мене ко ќе сум со друштвото ако само ние сме пар(добро освен во морални ситуации, а то сигурно не е секој викенд). То ми е безсмислено. И ќе си излегвам со него насамо и немат шо да се љутет тие.

Што треба да ви се случи во животот за да ве промени, за заборавите на старите пријатели, на старите другари?

То шо во петок сум излегла со дечко ми а саботата со нив, место цел викенд со нив да седам не значит дек ги сакам помалку одколку дотичниот, а уште помалу дек сум ги заборајла. Нишо, освен самите тие не би ме натерало да ги „заборам“ ( зборов „заборам“ никоаш не ми одговарал за вакви работи пошо не можам јас да ги заборам, туку едноставно да престанам да се дружам како до тоаш).

Не мислите дека и школото (факултетот) и работота или пак новата работна позиција па и во крајна мера и љубовта се нешто што е минливо?

Ако глеаш така, и другарството е минливо.

Вреди ли животот (младешки), друштвото и забавата да ги жртвуваме за работи кои се минливи?

Ова дал вредит да се жртвуват нешо од работиве би го зела само како изговор за нешо шо нејќиш да го прајш. Ако јас сакам да сум со дечко ми на пример, зш би го зела то ко изгубено време? То шо нејќиш да го прајш, шо го прајш колку да поминит денот, колку да поможиш некому (шо е ок до некој граници освен ак не се претерат со то па да ти го загрозит твојот живот), е то е изгубено време...
 
Во последно време работата и другите обврски (љубовта и сл. :) ) толку многу ме променија што искрено почнувам да ги заборавам луѓето со кои сум го поминал целиот живот.

Искрено не сум баш најсреќен со тоа, ама обврските сепак ми наложуваат така.
 
Се зависи од приоритетите кои ги поставуваме , значи се менуваме ,ако го дозволуваме тоа ,друго не може да не менува.
 
Кога се сака, се се може.

Посебно ако некој или некои ти значат во животот, секако дека ќе се одвои време за нив макар да си мртов уморен
 
Мене ме променија многу работи,бивша љубов,школо,другарки родители...не сум таа која што беше ко порано,сакам да се вратам назад и да бидам ко другарка ми,за секоја работа сфакам здраво за готово,некоја работа ме натера да се срамам од секој човек кој ке го сретнам,па дури и од баба ми...многу сум избувлива,незнам што се случува со мене...Обично за се имав време а сега ни за самата себе:(
 
Мене ме променија многу работи,бивша љубов,школо,другарки родители...не сум таа која што беше ко порано,сакам да се вратам назад и да бидам ко другарка ми,за секоја работа сфакам здраво за готово,некоја работа ме натера да се срамам од секој човек кој ке го сретнам,па дури и од баба ми...многу сум избувлива,незнам што се случува со мене...Обично за се имав време а сега ни за самата себе:(


Кај тебе проблемот лежи во тоа што премногу време понминуваш пред ПЦ на интернет што воопшто не е добро

Но, ок, таква ни е младината денес , па затоа и се поагресивни и непослушни деца има
 
Кај тебе проблемот лежи во тоа што премногу време понминуваш пред ПЦ на интернет што воопшто не е добро

Но, ок, таква ни е младината денес , па затоа и се поагресивни и непослушни деца има

Не е до тоа,јас работам на компјутер повеке кога е поврзано во врска со факултетот инаку секогаш сум била личност која шета и шири познаства но во последно време се се смени од корен.
 
Не е до тоа,јас рабоитам ан компјутер повеке кога е поврзано во врска со факултетот инаку секогаш сум била личност која шета и шири познаства но во последно време се се смени од корен.


Добро, извини тогаш за грешната дијагноза, но најчесто твоите симптоми ги имаат оние кои спијат на интернет по цели денови затоа и јас така те цитирав. Извини уште теднаш

А што се однесува до промените кај тебе, можеби влијаат невозвратена љубов, игнорирање од страна на пријателите , можеби неисполнување на некои твои планови , стрес на факултет , ....
 
Добро, извини тогаш за грешната дијагноза, но најчесто твоите симптоми ги имаат оние кои спијат на интернет по цели денови затоа и јас така те цитирав. Извини уште теднаш

А што се однесува до промените кај тебе, можеби влијаат невозвратена љубов, игнорирање од страна на пријателите , можеби неисполнување на некои твои планови , стрес на факултет , ....

Нема проблем,јас со компјутерот и веке не сум толку добар другар,дури размислувам да се одалечам од него на некој период,еднаш успеав 5 месеци да не седнувам на него што е долг период,а за пријателите.души се...не знам од што доага,но постојано мислам дека е притисокот од родителите :toe:
 
Колку и да тврдиме дека неможеме да се промениме сепак се случува, случки, дешавки кои ќе ве извадат од патики, љубови, работа 24/7 и ред други работи, кај мене децата и работата, но сепак се трудам за пријатели и за искачање не често затоа што дечкиве се многу мали, но се со време, се си има своја убавина, не треба да излеземе од колосек се друго се надополнува, што треба да направиме е да си поставиме приоритети и според нив да се водиме некогаш и тоа помага кога знаеме што ние приоритет во животот и колку е опсегот голем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom