Може кеса?

  • Креатор на темата Креатор на темата Daftie
  • Време на започнување Време на започнување
Може ми се дешавало во продавници во кои сум влегол еднаш-двапати, ама не се сеќавам. Овде си одам во една продавница и сум редовен муштерија па со продавачките сме како пријатели блиски :pos:.

Можеби затоа не ми се десило да забележам дека штедат на ќеси.:drk:
 
50 ќеси,5 денари.
Ипак е тоа некаков ќар.

А и никој не ви е крив ако некој ве мота,не ти треба ќеса,лесно е.

Ако ви направат така,вратете ги сите производи,или замолете ја касиерката до дома да ви ги однесе,бидејќи се лесни.
Сепак,некогаш треба и креативно да ги заебете,плачење по форуми нема да ви даде ќеси за јогуртот :wink:
 
Jaс каде што си пазарам, секогаш сами ми понудуваат ќеса, а во зависност што имам купено или ќе земам или не:toe:
 
Денес купвам три сладоледи,плаќам,ми враќа кусур и чекам во кеса да ми ги стави.
-е сега уште во кеса да ми ги стајш.
-ауу мислев дека не сакаш кеса пошто некогаш викаш дека не требит кеса(тоа ретко само кога ќе купам една работа).

:tapp:
 
Аххх ќе го затепав денеска продавачот !!!
Купив Кока кола и не ми даде кеса ... му викам : Ќе може ? и он ми вика: Абе ајде.. блиску си !
Тоа е .. ја избегавам продавницата .. освен што услугата им е ужас и избор нема никаков.. ама ова со кесава беше врв !
 
хаха,кај мене во населба има една продавница,на сите ни купи торби и кога идеш по леб,ако не ја носиш торбата не ни даваше да купиме ништо,ја заинает не му одев,зашо има милион други продавници од страна,плус старецот беше антипатичен морници ме лазеа кога идев кај него,и така,селска работа што сакаш:tapp:
 
Не е бе олдскул.Германците така пазарат.Ретко некој најлонче(кеса) да зема.
Инаку мене редовно тоа ми се случваше во маалската продавница.Купва кока кола од 2 литри,млеко,леб,цигари,кутија благо и се во едно мало најлонче ми клава.А ако побараш уште едно,одма на криво те погледнува.А негде ако не си побараш воопшто не ти даваат.



да, ама во германија се наплаќат една кеса... зато ке си купиш една или две и со нив ќе си одиш стално на пазарење.

онтопик:никогаш не ми се десило некој да не ми дајт кеса...и за една лименка кока кола ми дале, а не па за друго
 
Добро , ај мрднете ги газињата и прошетајте малку по светот. Ќе видите дека во многу метрополи со купениот производ не добиваш кеса. Некаде можеш да добиеш (хартиена) ако си ја платиш. Причината за тоа не е заштеда (како во смешниов wonderland), туку е од еколошка природа.
На пример, по улиците на Даблин треба при движење да пазиш да не згазнеш на гомно од куче или нечија повраќаница, арно ама никаде нема на видик кеса/и. По продавници се случува она горе што го опишав.

Не се кеси бре, за овој народ. Пошто ги фрла кај кур стигне, па градов ми личи на предградие од Бомбај.
Платнени торби
 
Земам само кога ми се неопходни...некогаш и во рака ги држам работите само за да не ми се трупа дома со кеси...сепак сум за хартиените оние во Мc Donalds што ги даваат...да ја чуваме природата :smir:
 
Абе да купиш триста ствари од продавница и продавачката уште да те гледа го теле, и да незнае ќеса дека чекаш да ти дае многу ме нервира...и тоа залепила “Задолжително земете ја фискалната сметка“ а штом се испечати, ја кинат и автоматски раката над корпа и оди...
 
Зашто би ја кинеле фискалната,не зборете празни муабети.

Ако веќе ја извади,ќе ја остави да ја земеш,освен ако не мисли дека ако ја скине сметката,дека нема да и се маркира производот.
А тоа би било универзално глупо :)
 
Добро , ај мрднете ги газињата и прошетајте малку по светот. Ќе видите дека во многу метрополи со купениот производ не добиваш кеса. Некаде можеш да добиеш (хартиена) ако си ја платиш. Причината за тоа не е заштеда (како во смешниов wonderland), туку е од еколошка природа.
На пример, по улиците на Даблин треба при движење да пазиш да не згазнеш на гомно од куче или нечија повраќаница, арно ама никаде нема на видик кеса/и. По продавници се случува она горе што го опишав.

Не се кеси бре, за овој народ. Пошто ги фрла кај кур стигне, па градов ми личи на предградие од Бомбај.
Платнени торби
Абе братче убаво рече не се кеси за овој народ. Никогаш у живот ми се нема случено да фрлам кеса од продавница на земја. Секогаш ја носам дома и ако е од оние тенките ја фрлам у канта ама ако е од тие дебелите ко у Тинекс ја чувам и у нејзе фрлам ѓубре дома. Така да луѓе ако сакате кеси користете ги правилно :)
Иначе дефинитивно сум за хартиени кеси :kesa:
 
Едно време, пред некои 20-на години и повеќе, во секоја продавница, кесите се плаќаа...
И, знаете, немаше толку многу ѓубре.
Имавме по дома платнени кеси...и, одиме во некој тогашен маркет, убаво си пазариме, полниме количката, плаќаме, и најчесто, си носевме од дома платнени торби и си собиравме во нив...
Во друг случај, без торба од дома, истата процедура, со тоа што касиерката педантно наплаќа и неколку пластични кеси.
Башка...пластично шише или лименка беше скоро невозможно да се најде во продажба.
Се појавија некаде 1988/89 како Кока-кола од 1,5 литри пластика, и лименки 0,33 Л...производство Слован.
Постарите ќе се сетат...
И, беше почисто, немаше купишта таков отпад.
 
Зашто би ја кинеле фискалната,не зборете празни муабети.

Ако веќе ја извади,ќе ја остави да ја земеш,освен ако не мисли дека ако ја скине сметката,дека нема да и се маркира производот.
А тоа би било универзално глупо :)

Фискална каса, можиш да си земиш и ти, и да си програмираш внатре 100 артикли, и по дома да си играш со неа, да си титкаш и да си вадиш сметки. Баждарена фискална каса, е нешто друго. Е сега, имат многу продавници, поготово онака маалски продавнички по населби и по помаливе градчиња, кои земаат фискална каса, не ја баждарат, а си ја програмираат и внесуваат артикли.

Tip of the day - Како ќе познаеш небаждарена фискална сметка? Дали некогаш, освен во цената и сонценцето за наше добро, сте се загледале малку погоре во фискалната сметка? Е таму, правилна и баждарена фискална каса принта: Име на фирма, адреса, даночен број и ДДВ број (инаку овие два броја не се разликуваат, само пред ДДВ бројот стои едно МК).

Неправилна и небаждарена каса, принта:
ДАН. БРОЈ: 0000000000000
ДДВ БРОЈ: МК0000000000000
или
ДАН. БРОЈ: 8888888888888
ДДВ БРОЈ: МК8888888888888, или нешто слично, по желба на газдата...

И одсега, ако ви падне напамет, кога ќе ви вадат фискална, загледајте се добро во касата, и видете дали има една жолта налепница на неа, исто со долгиве бројки на неа. Ако ја нема налепницата, тоа не е фискална каса, туку обичен парагон-принтер, т.е. фејк каса.

Е затоа ги фрлаат сметките.:smir:
 
Ја си купувам у маалски продавнички, па ваљда пошто ме знаат не ми штедат на ќеси, а и некад ако мислам дека ми треба ќеса плус им кажувам и такоѓе ми даваат. А за Кам маркет тачно е и стварно се ретардирани, не им е работа на нив да мислат дали мене ми треба ќеса за чоколадо, има да ги извадат надвор па на кој колку му треба нека си зима.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom