Мислам дека ова ми е најслабата година во однос на гледање филмови, сега кога отворив летербоксд, бројката е нецели 60 филма. Според критериумите на клубов тоа можеш и „на прсти“ да го изброиш. Јебига, многу обврски, неколку хонорарни ангажмани, приватни обврски, повеќе насоченост кон читање и учење отколку гледање, па тука доаѓаат излегувања, денгубења, па некогаш немање кејф да пуштам да изгледам нешто, и тоа е, си го зема данокот.
Овде ја изложувам листата на филмови кои што сум ги изгледал (хронолошки од јануари до сега) со по некој краток коментар измеѓу.
1.
Youth - 10, неверојатно прекрасен филм, Сорентино уште еднаш го постигнува тоа што го направи со The great beauty, но на малку поинаков и похуман начин. Сите главни и споредни приказни во филмот се природни, вистинити, налик на онаа вистинитост што ја носи животот, ни тронка хиперболизираност, се на се одлична студија на човековата душа. Отсекогаш сум се прашувал како делумно млад режисер може толку добро да ги долови јадовите на остарените луѓе, нешто слично како што прави Ингмар Бергман во Диви Јагоди.
2.
The Hottest State - 9, овој филм го предложив во клубот и таму пишав бајаги за него, па да не се повторувам.
3.
Diabolique - 8, овој филм беше исто така во клубот, па сум напишал рецензија за него и таму.
4.
Slumdog Millionaire - 6 (реприза) филмов го гледавме во контекст на музиката и звучните ефекти што се на завидно ниво, но како и првиот пат, и вториот не ми се допадна нешто особено. Егзотичен е во однос на отсликувањето на Индија, но за жал на некој холивудски приказ на Индија.
5.
Maria's Lovers - 6, бавен, но естетски одличен филм. Сепак, тешко ми беше да ја пратам приказната, некогаш како да го губеше текот, но од друга страна има одлична глума, Настасја Кински е главна актерка (таа е ќерка на оној грдиот Клаус Кински и среќа што не ги попримила неговите гени).
6.
Fish & Cat - 10, за филмов треба да се пишува надолго и нашироко, има освоено Златна палма или нешто слично, не знам. Режисерот беше присутен на проекцијата и беше доста интересно да се дознае процесот на снимање. За фановите на еден-кадар-филм, ова е полн погодок. Филмот трае речиси 3 часа и е во еден кадар и еден тејк, приказната е надреална, сурова, модерна, се работи за група млади луѓе кои одат на фестивал за летање змејови покрај езеро, кога се случува убиство на една девојка од групата. Мене ми го отвори мозокот, мислев дека само холивуд или германците се технички способни да направат филм во еден тејк, толку захтевен а истовремено толку длабок, толку минималистички, прецизен и магичен. Го препорачувам на сите кои имаат малку повеќе трпение и желба.
7.
Sunset Boulevard - 9 (реприза), да не беше Апартман, ова ќе ми беше најдобриот филм од Били Вајлдер.
8.
Punch Drunk Love - 9 (реприза), Пол Томас Андерсон е за мене еден од најдобрите режисери на денешницата, и филмов е убав примерок за тоа каков импакт имаат боите и односот меѓу боите и ликовите во еден филм.
9.
The Drum - 6, ова е индиски филм ама мислам во британска продукција дека беше. Од 1938 е, мислев дека ќе биде некое срање, но како за тоа време е навистина интересен авантуристички филм.
10.
Gasman - 8, ова е краток филм на Лин Ремзи, режисерката што се прослави со Треба да зборуваме за Кевин и Ти всушност никогаш не беше тука. Естетиката на филмов е лудница (го има на вимео, можете да го гледате) начинот на раскажување е препознатлив за неа, мислам дека е една од ретко уникатните режисери денес.
11.
The Girl Chewing Gum - 6, краток филм, повеќе би рекол експериментален. Режисерот ја има поставено камерата на една улица и ги коментира луѓето што поминуваат пред камерата.
12.
A Zed & Two Noughts - 10, ова е филм на Питер Гринавеј. Ако мислите дека Вес Андерсон поседува дарба за симетрија, или пак Кјубрик, погледнете го филмов. Мислам дека е од оние love or hate филмови, ги има сите елементи по кои е препознатлив Гринавеј, инцести, некрофилија, хендикепираноста на човековото тело, итн, итн. Треба да се има добар желудник и добра волја за да се издржи филмот до крај, ќе му се допадне на некој како
@wot (ако не си го гледал досега воте, бујрум). Јас не можев да заспијам откако го изгледав, не ми се веруваше што филм сум гледал.
13.
Endless Poetry - 10, нема што да кажам за Алехандро Хородовски, мене ми е меѓу омилените режисери, а филмов е доста полесен за гледање отколку неговите претходни. Автобиографски филм во кој Ходоровски не се грижи за техничките детали, само малку треба за и обичниот гледач да забележи дека на режисерот не му е важна многу монтажата и ефектите, туку приказната. Сакам се што произлегува од него, така што да се направи филм на 90 годишна возраст е за секоја почит.
14.
Perfect Strangers - 8, можеби не е за олку висока оцена, но е забавен филм, а некогаш само тоа ми е важно. Повеќе личи на театарска претстава, на моменти е патетичен, доста е предвидлив но времето брзо поминува, а некогаш критериумите за филм ми се како и критериумите за жени, ги спуштам по потреба, така што се на се океј филм.
15.
(500) Days of Summer - 6 (реприза), не знам по кој повод го гледав повторно филмов, го немав гледано откога излезе, и се сеќавам дека ми беше доста добар, но гледајќи го денес, ау колку не сум бил во право. Не знам зошто ме разочара филмот и најверојатно тогаш ми бил добар затоа што бев средношколец.
16.
Fantastic Beasts and Where to Find Them - 5, срање во боја, нема ликови во филмов ниту пак приказна, порано ваквите акции се викаа Showtime и Еди Марфи глумеше во нив и не чинеа ѓаол ипол пари за да се направат, а и позабавни беа.
17.
The Player - 8, со Тим Робинс, филм на Роберт Алтман. Ако сакате да гледате филм за Холивуд, тогаш ова е тоа. Добар осврт на тоа како функционираат нештата во Холивуд, воедно му доаѓа и како критика. Се работи за еден продуцент на кој што му стигнуваат заканувачки писма од некој сценарист што бил одбиен.
18.
Breathless - 8 (реприза), Жан Лук Годар викенд имав. Добар филм, но помалку добар од другите негови. Сепак, интересно е да се види како го снимал панкерски, на сцените на улица случајните минувачи гледаат во камерата додека актерите глумат.
19.
Goodbye to Language - 6, последниот филм на Годар, експериментален филм.
20.
The Apartment - 10 (реприза), сакам да живеам во световите што ги создава Били Вајлдер. Ова е еден од најубавите филмови на сите времиња.
21.
Sabrina - 8, истиот коментар како и за Апартман. Предвидливо но одлично филмче.
22.
The Invisible Guest - 9, филмов ме фати неспремен. Одамна немав гледано така добар трилер, а кога ќе ми текне, ретко кога и да гледам трилери во последно време. Не пратам дали новите трилери се добри (па не ни знам дали постојат нови трилери) и не знам како филмов се најде на листа за гледање, но пружа одлични нецели 2 часа, непредвидлив и напнат до самиот крај, браво.
23.
The Secret in their Eyes - 10 (реприза), го гледам еднаш годишно, за да ме потсети зошто ги сакам филмовите.
24.
The Handmaiden - 10, ако некој видел поубаво снимени лезбејски сцени, нека ми каже. Да не испадне дека десетката е само за тоа, филмот навистина е одличен, и во структура на раскажување и во камера, костими, сценографија, се. За нас доста егзотично делува таа кинематографија би рекол.
25.
Alien: Covenant - 7, абе аман, 7 и тоа што е пристрасно, а ни за толку не го бива. Пишав за него во темата.
26.
The Piano - 5, за една нема девојка, со Харви Кејтел е (пак го покажува газот овој) се на се, предосаден филм.
27.
The Conformist - 7, естетски совршен филм на Бертолучи, но приказната не ме допре, ниту пак се интересирам за такви теми. Но поради тоа што е доста неконвенционален, ќе ми остане во сеќавање.
28.
Vivre sa Vie - 6, Годар пишува прекрасни дијалози, а Ана Карина е уште попрекрасна.
29.
The Monster - 10, со Роберто Бењини, леле колку ми е жал што не сум го гледал филмов порано, филмиште, класика Бењини, толку ме расположи што кога проверував крвна слика после, се беше супер.
30.
Gosford Park - 8, филм на Роберт Алтман. Доста добар со доста одличен кастинг.
31.
Angel Heart - 10 (реприза), ова ми е еден од омилените филмови, типичен 80ти филм, трилер каков што не се прави веќе.
32.
The Spirit of the Beehive - 8, поетичен, незаборавен малечок филм. Ќе му се допадне на оние што сакаат уметнички филмови.
33.
Nosferatu - 9 (реприза) филмов колку постар толку подобар. Не ми се верува дека е сниман во 1922 година, секогаш кога го гледам се прашувам како може тогаш да се имало осет за кастинг, за локации, за таква монтажа, за раскажување повеќе приказни истовремено.
34.
Scream - 9 (реприза) последно го гледав кога бев мал, но гледајќи го сега, со ова гледачко искуство зад себе, сфаќам дека филмов е генијален. Скриптата е беспрекорна, доволно страшен кога треба, доволно смешен на местата потоа, многу интерни шеги, многу поттекст, режисерот бил некој дечко што ја напишал скриптата додеа студирал. Од друга страна, носталгијата е тука и не можеш против неа, што го прави филмот доста поинтересен.
35.
The Hills Have Eyes - 6, го гледав одма после Врисок. Ми се допаѓа темата на канибализам, има елементи што го прават да биде типичен филм за осумдесеттите.
36.
Scooby Doo - 5 (реприза), ова е играниот филм. Толку е лош што е добар.
37.
Don't Breathe - 2, најглупиот филм на светот. Дури постовите на Сунѓерот Боб имаат повеќе смисла од ова.
38.
It Follows - 4, изгледа е до мене пошо не сум некој фан на хорори, но освен камерата, овде немаше ништо интересно и ново, како се да е веќе видено и сторено.
39.
The Omen - 5, просечен, далеку полош од оригиналниот, лимонада филм.
40.
Scream 4 - 6, далеку е од оригиналот, но го држи тој хумор од првиот дел, дури и надограден за да биде модерен. Воедно е и сатира на хорор филмовите.
41.
Split - 6, Шамалајан прави филмови кои почнуваат добро, но не знаат како да завршат. Глумата на Мекавој е феноменална, искина дечкото, но кога филмот не знае што сака да биде, лошо е. За жал, би рекол, затоа што мислам дека приказната имаше огромен потенцијал.
42.
On Body and Soul - 9, пишував во другата тема, едноставно ги вади сите емоции од гледачот. Неконвенционално љубовен филм.
43.
You Were Never Really Here - 9, како што споменав и погоре, филм на Лин Ремзи, ме освојува начинот на кој режира, дури и акционите сцени ги прави на суптилен, ненаметлив начин.
44.
The Killing of a Sacred Deer - 7, измислен е за хипстери, Лантимос е Триер за млади филмомани во џемпери што излегуваат на караоке во Менада. Претерано долг филм, има убава камера и режија би рекол, но кога сценариото запоставува, што е важно каква е камерата, се заборава се тоа. Филмов како да ми заврши некаде на средината и до крајот ми беше скоро негледлив и одолговлечен.
45.
Smrt na covekot na balkanot - 10, јас вака на филм не сум се смеел којзнае од кога. Беше на работилница на Синедејс, режисерот кажуваше како го направил. Цел е во еден статичен кадар и во една соба, урнебес, потсетува на Викенд на мртовци.
46.
Happy End - 2, ама одбравме филм со форумџии да гледаме, катастрофа... Нема нешто што ми се допадна во филмов, освен пар сцени.
47.
The Double Lover - 7, заебан филм, би рекол доста заебан, удира на психа маме му ебам, те исцрпува откако ќе го изгледаш, не те остава рамнодушен. Има, би рекол, неколку сцени на кои не им е местото тука освен да го шокираат гледачот. А глумата, одлична.
48.
Queen of Spades - 5, одвај чекав да заврши филмов.
49.
BloodRayne: The Third Reich - 2, фетиш ми се филмовите на Уве Бол, порано имаше еден лик овде кој му беше верен фан, не можам да се сетам на јузернејмот на дечкото. Уве Бол е царот на Б продукцијата, ако не сте му гледале филм џабе гледате филмови.
50.
Rain Man - 9 (реприза), го даваа на тв и морав да го изгледам пак.
51.
Guardians of the Galaxy - 7, доста забавен филм, ми требаше некоја ваква тралалајка за опуштање и си ја постигна целта.
52.
Guardians of the Galaxy vol. 2 - 7, и овој го стори истото од првиот дел, ако влеземе да го анализираме ќе се разочараме, мада што нема да се анализира во овие филмови, не се за тоа.
53.
A History of Violence - 6 (реприза), го даваа на тв, го гледав пак, на времето го даваа на А1, сега на Телма. Класика Кроненберг.
54.
The Babadook - 7, добро мало филмче, ме изненади, внимателно ги избегнува клишеата. Сепак, имаше доста нагласена метафора.
55.
Planes, Trains and Automobiles - 10 (реприза), носталгично ги разгледувам овие филмчиња, мене секогаш ме освојува филмов дали е на тв или го пуштам на компјутер, празничен фамилијарен филм, го обожавам.
56.
The Machinist - 10 (реприза), јузернејмот на јутуб ми е со името на главниот лик, за мене филмов претставува увид во човековата психа и границите кои човек ги поместува за да создаде филм.
57.
Bowfinger - 10 (реприза), со секое наредно гледање станува се погенијален. За мене една од најпотценетите комедии на сите времиња.
58.
We Neet to Talk About Kevin - 10, емотивно растројство, вознемирувачки совршен филм.