Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
- Член од
- 7 јуни 2008
- Мислења
- 16.676
- Поени од реакции
- 21.233
Шо Квин?
Леле го замислувам Пеџа со фацава како прави скара
Абе се арно, ама нормално е да се одбере машки момент, оти само мажите имаат простата.Ти нема смисла движењето оти не се работи за собирање средства против рак на дојката и подигнување на свеста на жените да одат на редовни контроли за рак на дојката.
Ајде вака можеби ќе ти има повеќе смисла акцијата.
Пример замисли некоја организација да направи акција за собирање донации за да им се помогне на жените кои боледуваат од рак на дојката, и се залагаат да се крени свеста кај жените во целиот свет да прават редовни прегледи за таа болест.
Чисто заради да се сврти вниманието на медиумите и луѓето организацијата апелира до поддржувачите на акцијата да ги офарбаат косите во црвена боја во одреден месец од годината.
Целта на фарбањето е да луѓето се запрашаат зошто одреден број на јавни личности, селибрити, комшии го сменале имиџот и сега се црвенокоси.
Кога ќе ја разберат причината, можеби дел од тие личности ќе се потсетат и појдат да си направат рутинска проверка на лекар, можеби и ќе донираат некои средства за да им помогнат на луѓето болни од таа болест.
Можеби има поефикасно методи, но и овај не е за потценување. Голем број на фудбалери од ПЛ веќе ја поддржа акцијата, истото го прават актери и други јавни личности.
Веќе луѓето почнуваат да се запрашуваат што е работава оти некој пушта бркови, дел од нив се запрашуваат себеси кога ќе разберат за ова дали не е време да си направат и рутинска контрола на себеси.
Шовинистичка од аспект дека мустаќите се избрани како метод за популаризација на акцијата и жените се дискриминирани на некој начин.
Затоа и пишав звучи шовинистича, далеку дека е од такво нешто.
И дај малку олабавете со тоа што ќе направам ако пуштам мустаќи, а што би направил ако не пуштиш мустаќи?
Како да им се бара по три кила крв да донираат.