Мото собир Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Возраст
28
Moto-Beach-Party-2011-42.jpg
7
Мото клубот Носачи на Крстот (Cross Bearers) од Велес оваа сабота ќе биде организатор на третата по ред „Moto Beach Party“. Забавата ќе се одржи на 12-ти Мај со почеток во 14 часот на брегот на Езерото Младост во Велес. Како што беше пракса и во изминатите две години, повторно ќе се вози и дефилето низ Велес кое примамува голем број на љубители на моторите, а годинава ќе започне во 18 часот.
Вечерта е резервирана за забава со повеќе рок бендови, добро познатите „Day Off“, „Cross Road Blues Band“ и „Blue Sky“ се најавени од организаторот, а како што ни е познато секоја година се случува и изненадување кога е во прашање музиката.
Забавата која веќе прерасна во традиција и годинава ќе го носи мотото „Носи кацига, биди безбеден“. Цената на влезницата како и до сега е 100 денари од мотор, а сите средства ќе бидат донирани на децата со посебни потреби.
За слики од претходните забави на Cross Bearers кликнете овде:
http://motori.com.mk/sliki-od-moto-nastani/sliki-2010/category/74-moto-sobir-cross-bearers-08052010

http://motori.com.mk/sliki-od-moto-nastani/2011/category/107-moto-beach-party-2011

Има ли некој што ке оди,или нека сподели искуства..
Ајде еве го и комшијава да го пофалам..

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Префрлено во „Автомобилизам и мотоциклизам“.
 
Ах шо немам асално машинче па да ги дружам :place:
 
Не е битно можеш со било каков мотор да одиш...одам со апени,скутери,чопери,троцикли,четороцикли,брзински ама тотално се..башка има и журки...

Фала за информацијата ацид :)
 
Не е целта да дојдеш со што подобар мотор, туку да биде што помасовен собирот.
 
Не е целта да дојдеш со што подобар мотор, туку да биде што помасовен собирот.
Точно..лани ако не се лажам ама сигурно имаше 700-800 мотора..ваа година може и над 1000 :)
 
влез 100 денари?

инаку, честитки за масовноста, а за велес и помалку не треба да се очекува... секој уште од пелени има мотор... знам пошто пола детство го поминав во велес... таму сите моторчиња ги поминав од аутоматици, апн-и, скутерчиња и останати возила на 2 тркала...
 
влез 100 денари?

инаку, честитки за масовноста, а за велес и помалку не треба да се очекува... секој уште од пелени има мотор... знам пошто пола детство го поминав во велес... таму сите моторчиња ги поминав од аутоматици, апн-и, скутерчиња и останати возила на 2 тркала...
Па да..:) имаш право..
 
Па не се исплаќа во Велес по тоа тесните улички да одиш со кола, вака со мотор/скутер ќе се спровнеш каде сакаш што се вика. Инаку стандард голема е масовната на мото собирот, мене глупо ми беше годинава да одам со 50ка така да не отидов.
 
Па зато и пишав погоре, замисли тебе ако ти било глупо од велес со 50ка да појдиш до езерото, мене од прилеп.. на рамо че требаше да го носам :D
 
Пола и повеќе беа со 50 до 100 кубика..сеа зависи до брзината на моторот..ама масовноста беше голема..и поголем дел од тие шо направија глупости беа со 50-ки...еден со априлија хладњакот си го бркаше кај јаворот кога започна дефилето..еве ви слики
http://www.motori.com.mk/sliki-od-moto-nastani/2012/category/164-moto-beach-party-2012
 
Се гледа дека убаво дружење паднало :) До година ко че ја земам машината еден мото настан нема да пропуштам (y)
викаш имаше глупости а ? дај нешто снимано ако имаш да се посмејме, ако не опиши :D
 
Се гледа дека убаво дружење паднало :) До година ко че ја земам машината еден мото настан нема да пропуштам (y)
викаш имаше глупости а ? дај нешто снимано ако имаш да се посмејме, ако не опиши :D
Снимено имаше само брзкруг..тие беа првите шо знаат да возат,иначе се возеше нели од езеро па од семафорите преку чаршија и се вртеше од кај јаворот преку кружниот ток и назад..и кај јаворот детиште со априлија се залетуе да претица и се мава во еден чопер...и си го бркаше хладњакот 10 мета...ахахахаха:pos:..​
Иначе глупости имаше,палење гуми воа ноа..​
Еден па..го брчи моторот и наеднаш почнува огин од ауспухот..и почнува да гори..и го гасеше со пиво :tapp:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom