Море е многу пати подобро и поздраво. Не дека езерото е многу лошо.
Бев после кој знае колку години во Охрид на езеро пливав и многу ме нервира што има крупни камења кога влагаш во езерото.
Морето бидејќи е солено мислам дека повеќе те држи на површината, немаш чувство како да ќе потонеш. Солта ја зголемува густината на водата.
За плажи на езеро особено Охрид нема песочни плажи со таков ситен песок. Повеќето се тревници и камења. Тоа искрено ме нервира.
Сепак Охрид пријатно ме изненадува дека има добро уредени плажи и места.