Историски гледано јасно е дека првобитните заедници биле полигамни.
Општеството и неговите услови кои настанале со развојот на човештвото, имале "потреба" од создавање на моногамни заедници. За разлика од животните кои живеат во полигамија и каде што потомците кои се производ на тоа ги чува мајката, човекот живее со една жена/маж ( барем така би требало да биде) до крајот на животот. Тоа е апсолутна моногамија и нејзино право значење. Од целиот животински свет, само птиците се верни т.е не менуваат партнер, се додека еден од нив не умре, па и тогаш некои остануваат сами. Тоа не значи дека полигамијата е природна и се препорачува на луѓето, не само заради тоа што постојано е присутна опасноста од полови болести,туку во прашање се емоциите, децата, љубовта која секогаш трпи и некој секогаш ќе биде повреден. Можеби еден цитат на кој ми текнува дава комплетен одговор." Моногамијата е социјално решение на биолошкиот проблем"
Денес постои појава која полека, но сигурно почнува да ги "убива" традиционалните врски и бракови. Тоа е појава во која луѓето, во одреден период од својот живот одбираат партнери за моногамна заедница, за по неколку години друг итн... Некои веројатно ќе кажат дека сето тоа е во ред, дека е искуство и дека едноставно во поголем дел од случаевите е можеби подобро така. Се сложувам не викам не, но не можам да го занемарам и фактот дека таквото постојано менување на привремени партнери, влијае врз емоциите и што е најважно врз емоционалното трошење. Ваквата философија т.е на некој начин култура на живеење влијае и врз карактерот на самиот човек, зашто верувам дека повеќето кои поминале низ такво искуство да имаат таква традиционална "долга" врска или поинаку кажано предбрачна заедница,заедно со себе понесуваат искуство, но и траги кои се рефлектираат понатаму во другите врски.
Бидејќи една од ретките вредности која сеуште опстојува е бракот, иако во последно време често се поставува прашањето колку долго,можам да кажам дека бракот како институција за мене е сериозна и должна за почит, која заедно со моногамијата и те како не сместува на повисоко ниво од она животинското.