Монах у сув бунар

epa izgleda deka e mozno da neznae nesto ubavo e napisano a isto i za sudniot den koj sto samo Tatkoto znae koga ke se sluci...inaku vo pravoslavieto mi e mnogu glupo sto gledate primer od zivotite na svetcite kako da se zivee hristijanski zivot,iako treba da gledame primer kako Isus ziveel i navistina koja e celta sto umrel na krstot

Или навистина не конташ, или така ти одговара: светоотечкото токување е јасно по прашањето за тоа кога Христос зборува како човек а кога како Бог. Кога зборува како Бог, јасно е дека Бог се знае, па и за судниот ден. Но, кога Христос нешто незнае или покажува човечки особини, јасно е дека тогаш „работи„ Неговата човечка пророда.

Пак Тој за Христос ми збори. А бре дете, прочитај го малку постот што го напишав. Јас таму за вас зборам, за вас кои се дрзнувате да судите и пресудувате кој бил на десната страна од Бог и покрај тоа што Христос јасно вели дека тоа е одлука на Таткото Небесен.

"Мојата чаша ќе ја испиете, но да Ми седнете оддесно или одлево, за тоа не решавам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил."
(Исус Христос во евангелие по Матеј 20:23)

Значи не ја префрлајте топката кај Христос, туку преиспитајте се себе си и наместо да водите инает, подобро покајте се за тоа што се дрзнавте да се изедначувате со Бог и вие да одлучувате кој ќе биде од Христовата десна страна.

Чорбаџи, на форумов има и повозврасни луѓе...
А ти упорно ја тераш „својата„, и намерно не посочуваш дека во наведениот стих, Христос зборува како човек. т.е. зборува Неговата човечка природа. Но, бидејќи Он е и Бог и човек, тогаш, Божјиот „дел„ од Христа 100% знае(л) кој ќе седне од Неговата десна страна.
 
Христос таму не вели дека не знае кој ќе биде од Неговата лева или десна страна. Тој само вели дека Тој за тоа не решава, туку тоа место ќе им припадне на оние кои НЕБЕСНИОТ ТАТКО (а не православните) ќе одлучи! Наровучението од таа случка е дека не треба да бркаме врски (непотизам) за да заземаме некои почесни места горе, но исто така и да не се дрзнуваме ние да судиме кој ќе биде или кој е од десната страна на Христос.
 
А кој овде суди во името Христово? Се занимаваме со тоа, што сака да каже Христос во споемантиот стих, а не со тоа кој ќе седне од Неговата десна страна. За тоа, кој ќе биде „овца„ а кој „коза„, за тоа ќе видиме после Неговото второ доаѓање. И пак ќе речам: многу е БИТНО да се воочи која Христова природа „зборува„ во даден стих. И уште една работа: Христос, бидејќи е Бог (Богочовек), тогаш, како е за Бога можно нешто да незнае? Што може да биден непознаница за Оној кој знае се?
 
И уште една работа: Христос, бидејќи е Бог (Богочовек), тогаш, како е за Бога можно нешто да незнае? Што може да биден непознаница за Оној кој знае се?

Абе ти повторно (по незнам кој пат веќе) ги извртуваш моите зборови и во случајов ме клеветиш дека јас сум рекол дека Христос не знае. Иако немам обичај да се повторувам и да спамирам, но во вакви вонредни клеветнички ситуации за жал ќе морам да го направам тоа.

Христос таму не вели дека не знае кој ќе биде од Неговата лева или десна страна. Тој само вели дека Тој за тоа не решава, туку тоа место ќе им припадне на оние кои НЕБЕСНИОТ ТАТКО (а не православните) ќе одлучи! Наровучението од таа случка е дека не треба да бркаме врски (непотизам) за да заземаме некои почесни места горе, но исто така и да не се дрзнуваме ние да судиме кој ќе биде или кој е од десната страна на Христос.


А кој овде суди во името Христово?

Maran Ata и Mac.koren судат во името на Бог. И покрај тоа што Христос вели дека Небесниот Татко е Тој кој решава кој ќе биде од десната страна на Христос, тие сепак се дрзнуваат да судат кој седнал од десната страна на Бог. Еве ти доказ:

Celta tie si ja ispolnile ja zazedoja desnata strana od Gospoda.
Еххх, така е... каде сме ние? :( Господ по нивните молитви да не помилува и спаси! Амин!
 
Еве ме пак...
„...и ќе ги постави овците од Својата десна страна а козите од левата...„
„...Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: „Дојдете, благословени од Мојот Отец, наследете го царството, поготвено за вас од почетокот на светот...„ (Матеј, 25.33, 25.34)

И? КОЈ овде одлучува за седнување оддесно или одлево од Христа-Христос или Отецот небесен?
 
Прво, тоа е сосема различен случај. Таму Христос не зборува за доделување на некакви почесни места десно и лево од Него, туку таму се зборува за Судниот Ден каде што Христос ќе ги одвои верниците од неверниците, покајаните од непокајаните, праведните (по вера) од неправедните . Тоа можеме да го видиме од стихот што следи во контекстот:

"Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели! "
(Исус Христос во евангелие по Матеј 25:41)

Јаков и Јован побарале од Исус да седнат едниот од Неговата лева, а другот од Неговата десна страна.

"Заповедај овие мои два сина да седнат, едниот до Твојата десна, а другиот до Твојата лева страна, во Твоето Царство!"
(Матеј 20:21)

И така, според твоето квази-православно толкување, тврдејќи дека Христовото разделување на овците од козите е всушност Неговото одредување кој ќе биде од Неговата почесна десна и лева страна, следува дека еден од апостолите Јаков и Јован посакал да биде од оние на кои Христос ќе им рече: "Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!" :pos2:

Ете до која пародија може да ве одведе вашето "светоотечко" квазитолкување на Библијата :pop:

Второ, ако Христос рекол дека Бог е Тој што решава кој ќе биде од Неговата денса и лева страна, тогаш како се осмелувате вие православните да судите кој ќе биде од Неговата лева страна?
 
Аааа, Чорбаџи, со тие куршуми-не! Еднаш-вака, еднаш-така,а? И кој тука погрешно ги толкува стиховите?

„...и ќе ги постави овците од Својата десна страна а козите од левата...„
„...Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: „Дојдете, благословени од Мојот Отец, наследете го царството, поготвено за вас од почетокот на светот...„ (Матеј, 25.33, 25.34)

Па од стиховите, очигледно е дека Христос а не Отецот, одедува кој ќе биде десно а кој лево од Него...

А Јован и Јаков, по барање од нивната мајка, требало (условно) да седнат одлево и оддесно, токму онака и токму ТАМУ, во Царството Христово, кое ќе настапи по Судниот ден. Така, Јован и Јаков, сеуште неосудени и недосудени, како можеле предвреме да седнат оддесно или одлево од Христа?

„...А Тој и рече:„ Што бараш?„. Таа му одговори: Заповедај ове два сина да седат од Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето Царство...„
 
И пак ќе речам: многу е БИТНО да се воочи која Христова природа „зборува„ во даден стих.

Штотуку беше анатемисан од Халкидонскиот Вселенскиот Собор.:helou::helou:
 
Посочи ми ја грешката. Ако грешам, ќе ја признаам грешката.
 
Јас не велам дека имаш грешка, Халкидонскиот Собор вели.:helou:
 
Убо, и уште да ми појасниш што всушност вели...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom