Монаси ко тајкуни

  • Креатор на темата Креатор на темата matetes
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2008
Мислења
150
Поени од реакции
0
Грција зачудена: световни лица со џипови и телохранители дојдоа во Парламент

Монаси бетер од тајкуни!

Весникот "То Вима" објави дека претставниците во парламентарната комисија биле шокирани од ароганција на двајцата монаси и од нивното непочитување на законодавниот дом како институција

F008AB4B7D61E6458927C066E9D11851.jpg
Двајца монаси од манастирот Ватопед на Света Гора во грчкиот Парламент се појавија со најнови модели на џипот "Чероки", опкружени со повеќе телохранители и адвокати. Монасите беа повикани да дадат изјава пред Анкетната комисија поврзана со истрагата за скандалот за замена на имотите меѓу државата и манастирот Ватопед, објавија вчера грчките медиуми. Весникот "То Вима" објави дека претставниците во парламентарната комисија биле шокирани од ароганција на двајцата монаси и од нивното непочитување на законодавниот дом како институција.
Монасите во Парламентот ги доставија своите писмени изјави, но одбиле да одговараат на прашањата. Двата монаси се осомничени дека го злоупотребиле влијанието врз политичките и правничките кругови во Грција за да добијат земјишта и општествени згради со голема вредност, а подоцна истите да ги продавале на правни лица. Таквите зделки ја оштетиле државата за големи суми, што е предмет на судска истрага. Скандалот предизвика оставки на грчкиот министер Теодорос Русопулос,како и на министерот за трговска флота, Јоргос Вулгаракис.
Судски претставник истакна дека манастирот Ватопед поднел жалба до државниот совет против решението на Владата за замрзнување на најважната од осомничените зделки. Грчките медиуми наведуваат дека во Света Гора имало цел систем на трговија со недвижни имоти и дека монасите купувале државни имоти по ниски цени, а подоцна ги продавале за многу повисоки на оф-шор компании, регистрирани во Кипар.
5BAF0D9AE9E7FA4FB6EE6583E2B423DF.jpg
Медиумите го наведуваат примерот за купување зграда во Олимпиското село во 2007 година, а подоцна истата била продадена за 42 милиони евра. Таа зграда била ветена од министерот за здравство Димитрис Аврамопулос на Здружението на луѓе во инвалидски колички за рехабилитациски центар. Како друга скандалозна зделка на монасите од Ватопед, медиумите ја наведуваат купупродажбата на езерото Вистонида. Брегот на езерото бил купуван на три дела, а подоцна водата од езерото на државата и била продавана за сума од 45 милиони евра.
 
da, dodeka ne stapna covecka noga na nea.....:toe:

kaj najde za Grci tema da otvaras, se mi ide nakaj politika :)
a btw od ovoj del na pravoslavnata crkva dobivam nagon za povrakanje.
 
Црквата секогаш има одговор на секое прашање, па и на вашиот проблемсо животот на монасите, а гората е света, без разлика на државата во која се наоѓа. Што менува кај вас животот на монасите? Сепак и тие се луѓе, доколку би погледнале околу нас ќе видиме многу луѓе кои имаат премногу пари и добри коли, мислам дека нема потреба нив да ги коментираме.Ако не можеме да се вождржиме од осудување на ближниот, тогаш барем од оние кои служат пред престолот. :smir:
 
Грција зачудена: световни лица со џипови и телохранители дојдоа во Парламент

Монаси бетер од тајкуни!

Весникот "То Вима" објави дека претставниците во парламентарната комисија биле шокирани од ароганција на двајцата монаси и од нивното непочитување на законодавниот дом како институција

F008AB4B7D61E6458927C066E9D11851.jpg
Двајца монаси од манастирот Ватопед на Света Гора во грчкиот Парламент се појавија со најнови модели на џипот "Чероки", опкружени со повеќе телохранители и адвокати. Монасите беа повикани да дадат изјава пред Анкетната комисија поврзана со истрагата за скандалот за замена на имотите меѓу државата и манастирот Ватопед, објавија вчера грчките медиуми. Весникот "То Вима" објави дека претставниците во парламентарната комисија биле шокирани од ароганција на двајцата монаси и од нивното непочитување на законодавниот дом како институција.
Монасите во Парламентот ги доставија своите писмени изјави, но одбиле да одговараат на прашањата. Двата монаси се осомничени дека го злоупотребиле влијанието врз политичките и правничките кругови во Грција за да добијат земјишта и општествени згради со голема вредност, а подоцна истите да ги продавале на правни лица. Таквите зделки ја оштетиле државата за големи суми, што е предмет на судска истрага. Скандалот предизвика оставки на грчкиот министер Теодорос Русопулос,како и на министерот за трговска флота, Јоргос Вулгаракис.
Судски претставник истакна дека манастирот Ватопед поднел жалба до државниот совет против решението на Владата за замрзнување на најважната од осомничените зделки. Грчките медиуми наведуваат дека во Света Гора имало цел систем на трговија со недвижни имоти и дека монасите купувале државни имоти по ниски цени, а подоцна ги продавале за многу повисоки на оф-шор компании, регистрирани во Кипар.
5BAF0D9AE9E7FA4FB6EE6583E2B423DF.jpg
Медиумите го наведуваат примерот за купување зграда во Олимпиското село во 2007 година, а подоцна истата била продадена за 42 милиони евра. Таа зграда била ветена од министерот за здравство Димитрис Аврамопулос на Здружението на луѓе во инвалидски колички за рехабилитациски центар. Како друга скандалозна зделка на монасите од Ватопед, медиумите ја наведуваат купупродажбата на езерото Вистонида. Брегот на езерото бил купуван на три дела, а подоцна водата од езерото на државата и била продавана за сума од 45 милиони евра.

НЕЕ ТАЧНО ОВА ....

ОВАЕ ОБИЧНА ПРОПАГАНДА.....ЛАЖАТ КОМУНИСТИТЕ

ОДНЕСУВАЊЕТО НА МОНАСИТЕ Е ВО СКЛАД СО ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ

РЕЧЕ ХРИСТ ..."ЛЕВАТА ДЕСНАТА РАКА ДАВА ЗЕМА А ДА НЕ ЗНАЕ"....У ТОЈ СТИЛ БЕШЕ

Баш не се сеќавам дали беше на еден од Васељенските Састанци или може беше Интергалактичен Састанак (многу беа кој може да се сети на сите нив ....јас тогаш додуша бев капетан на ѕвездената флота ( да не се фалам со ентерпрајз))

И ВАКВАТА ХРИСТОВА ПАРАБОЛА БЕШЕ ПРОТОЛКУВАНА КАКО

ЛЕВА РУКА ДЕСНИ ЏЕБ ........И ТОА БЕШЕ ИЗГЛАСАНО СО АКЛАМАЦИЈА

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНОГЛАСНО .......А СО ТОА ПО АВТОМАТИЗАМ СТАНА И ДОГМА

Така даааааа сите зли језици

кој демек нашле дамка суетност кај Светите Отци

треба одма на ломача.............да им се истераат демоните

АААААА ТОА КОЛИТЕ.......ХУУУУХХХ

БЕ НЕКОЈА БУДАЛА МЕСТО ЦРКОВНА ЛИТЕРАТУРА

ИМ ПОДМЕТНАЛА АВТОМАГАЗИН ПА ОВИЕ ПОМИСЛИЛЕ ДЕКА Е ТОА ХРИСТОВА

ЗАПОВЕД.................А СЕГА КОГА СЕ ИМА ПА ЗОШТО ДА СЕ ФРЛИ.......

МИСЛААААААМ.................СТВААААААААААААРНОООО.......НЕМА СМИСЛА
 
Ај пишувај малку поуредно, за да може раат да те читам(е)...

Проблемот е следен: Црквата е „инетресна„ за медиуните само кога е предмет на најчесто, неоснована критика и плукање. Новинарите кои пишуват такво статии, редовно се тешки пацери по верски прашања и не изнесуваат никакви детални и проверени информации за причината за посочениот настан, освен површното судење, засновано на она кое гиоводело нивното телесно око. Ако истите тие новинари направат интервју со некој од посочените монаси, вистината за овој настан ќе биде сосема поинаква. А дотогаш...удрете по Црквата.
 
еве една стара затворена тема

Сложни попови бесни коли возат

На црковно-народниот собор на МПЦ во Калишта завчера имаше своевидно автошоу на македонските владици, кои дојдоа со скапи џипови и со бесни автомобили.
Најмодерни автомобили возат постарите архиепископи, додека само двајца од новоименуваните млади владици се возат во поскромни возила.
Сите возила на највисоките свештени лица од МПЦ се стари најмногу четири-пет години и речиси сите чинат над 22.000 евра. Некои дури чинат и над 40.000 евра. Автомобилите и џиповите во кои се возат владиците вкупно чинат над половина милион евра.
Во црковната ергела има џипови "чироки", "ленд крузер", "ленд ровер", "фолксваген туарег", како и луксузни автомобили од моделите на "ауди", "крајслер", "мерцедес", "тојота", БМВ и"фолксваген". Има и поевтини коли како "ситроен берлинго" во кои се возат монахињите и "шкода октавија", а и "лада нива" во каква што се вози епископот хераклејски, владиката Климент.
Поглаварот на МПЦ Стефан се вози во "мерцедес" од висока класа, а Скопската епархија, за која е надлежен г.г. Стефан, има и џип "гранд чироки". Најевтиниот модел во салоните сега чини околу 40.000 евра. Најскапи и најубави џипови возат митрополитот повардарски Агатангел, митрополитот полошко-кумановски Кирил и поглаварот на Брегалничката епархија Иларион. Агатангел и Кирил се возат и во "тојота ленд крузер", чија цена е над 45.000 евра, а Иларион во "фолксваген туарег автоматик". Владиката Петар завчера дојде во Калишта со "ауди А4", кое чини околу 25.000 евра, а џипот го оставил во Битола. Брегалничкиот архијереј Наум дојде со "фолксваген пасат", а и тој го имаше оставено џипот во Струмица.
Владиката Пимен, кој раководи со Европската епархија, дојде во Калишта со американскиот автомобил "крајслер крузер", кој чини околу 21.000 евра. Владиката Методиј, архијереј на Американско-канадската епархија, во Калишта си го донесе евтиниот и стар американски џип.
Инаку, сите владици пред да се замонашат и кога се избираат за владици се заветуваат на скромност.
"Што би возеле владиците да не беа со даден завет на скромност?", се прашуваат верниците.
Црковни извори велат дека сите владици живеат во богато опремени резиденции, додека поголемиот дел манастири и цркви мака мачат да обезбедат пари за основните потреби.
Најскромни владици досега биле поранешните поглавари на МПЦ г.г. Гаврил и г.г. Михаил.

а еве и една нова од деншен весник Време 1 декември 2008 -------------------

ЦРКОВНИТЕ ЕПАРХИИ ЌЕ СТАНАТ НАЈГОЛЕМИ ФЕУДАЛЦИ
МПЦ тежи од недвижнини

Наталија Томовска

Македонската православна црква до следната година ќе стане сопственик на повеќе од осум отсто од вкупната територија на Македонија. Со повеќе од 20.000 хектари земјоделско земјиште, пасишта и шуми, кои треба да и бидат вратени со постапката за денационализација, епархиите на МПЦ ќе станат најголеми земјосопственици во Македонија. Освен тоа, седумте епархии на МПЦ, кои се самостојни правни субјекти, ќе добијат голем број дуќани и градежни парцели кои пред 1946 година биле во нивна сопственост, а им биле одземени со тогашниот закон за денационализација. Со тој закон на црквите им биле одземани по 90 отсто од имотите, а само десет отсто им биле оставени на користење. За оние делови од земјиштата каде меѓувреме се изградени деловни или станбени објекти, Црквата ќе добие обесштетување во државни обврзници. Таков е случајот со имотот на црквата „Света Богородица“ во централното подрачје на Битола и имотот на „Свети Константин и Елена“ на кој е изграден Градскиот трговски центар во Скопје. Од епархиите велат дека дел од имотите на Црквите се веќе вратени. На Скопската епархија, која има побарување за денационализација на црковен имот со вкупна површина од 8.000 хектари, досега и се вратени 4.000 хектари. - Половина од имотите се вратени, а до Нова година очекуваме да ни биде вратена и втората половина. Тука се имотите на манастирите „Света Богородица“ во Побожје, „Света Богородица“ во Бразда, „Архангел Михаил“ во Кучевиште, „Свети Ѓорги“ во Кучково и на манастирот „Свети Никола“ во Шишево. Централното подрачје е покомплицирано. На местото на црковните имоти сега се изградени објекти, па за нив очекуваме обесштетување во државни обврзници - вели отец Коста Станоевски, секретар на Скопска епархија. Дебарско-кичевската епархија, која ги опфаќа и градовите Охрид, Струга и Кичево, има поднесено барање за денационализација на 2.770 хектари црковно земјиште. - Црквата „Свети Наум“ имала 2.770 хектари земјиште, плодно и неплодно. Од нив вратени се 50 хектари и 20 се во постапка за денационализација. Во моментов располагаме само со 100 хектари земјиште, и тоа главно неплодно - вели владика Тимотеј од Дебарско-кичевската епархија. На Повардарска епархија треба да и се вратат 3.000 хектари во селото Чичево, во околината на Велес и на Кавадарци, како и во селата Војница, Ветерско, Нежилово и други. Преспанско-пелагониската епархија има долга листа на имоти кои треба да и се вратат, но тешко е да се пресмета колку е нивната вкупна површина. Во прашање се имотите на околу сто цркви. Досега се решени 85 отсто од барањата. За имотот на црквата „Света Богородица“ во центарот на Битола епархијата добила обврзници, а на црквата „Свети Димитрија“ вратени и се голем дел од дуќаните низ Битола. Вратено е и големо земјиште на црквата „Света Недела“, кое го користеле некои земјоделски комбинати. Своите имоти и дуќани ги добиле назад и прилепските манастири „Зрзе“, „Свети Архангел Михаил“, „Свето Благовештение“. Во Ресен е вратен имот главно по селата, а во Демир Хисар предметите се уште не се завршени.

Имаме тапии

Имаме тапии што ја докажуваат сопственоста на имотите. Некои од нив се турски и се стари со векови - вели ѓакон Влатко Стојменов од Повардарската епархија.

Ќе бараме концесионери

Кога целокупниот имот ќе & се врати на Црквата, таа повторно ќе може во целост да стопанисува со својот имот. Порано црквите го давале земјиштето на луѓе да го обработуваат. Исто така, земјиштето може да се издаде под концесија на приватни инвеститори - вели владиката Тимотеј.

Парите ќе ги трошиме хумано

Црквата ќе стопанисува со овој имот, а парите ќе се користат за мисионерски цели, за изградба на нови цркви и за хумани цели - вели Александар Гулески, задолжен за имотно-правните работи на Преспанско-пелагониската епархијата.

еве исцело ја пренесувам
 
.......... Сепак и тие се луѓе, доколку би погледнале околу нас ќе видиме многу луѓе кои имаат премногу пари и добри коли, мислам дека нема потреба нив да ги коментираме.Ако не можеме да се вождржиме од осудување на ближниот, тогаш барем од оние кои служат пред престолот. :smir:

Stvarno??? znaes sto e ralikata pomegu obicnite smrtnici i "svestenicite"? od kade im se parite??? Od prodavanje brojanici i sirenje? Od lugjeto koi nesebicno davaat za Crkvite....Ili od prodavanje akcii po berzi, crkovno zemjiste... ili ne znam sto drugo. Oti veruvaj so brojanici i peskiri i zejtin, ne se kupuvaat takvi koli!!! ne mi e jasno sto problem imas sto gi kritikuvame, i taka ne se znae koj sluzi pred prestolot.... uste e rano da se kaze.
A na forum sekoj ima pravo da go kaze svoeto mislenje!
 
еве една стара затворена тема

Сложни попови бесни коли возат

На црковно-народниот собор на МПЦ во Калишта завчера имаше своевидно автошоу на македонските владици, кои дојдоа со скапи џипови и со бесни автомобили.
Најмодерни автомобили возат постарите архиепископи, додека само двајца од новоименуваните млади владици се возат во поскромни возила.
Сите возила на највисоките свештени лица од МПЦ се стари најмногу четири-пет години и речиси сите чинат над 22.000 евра. Некои дури чинат и над 40.000 евра. Автомобилите и џиповите во кои се возат владиците вкупно чинат над половина милион евра.
Во црковната ергела има џипови "чироки", "ленд крузер", "ленд ровер", "фолксваген туарег", како и луксузни автомобили од моделите на "ауди", "крајслер", "мерцедес", "тојота", БМВ и"фолксваген". Има и поевтини коли како "ситроен берлинго" во кои се возат монахињите и "шкода октавија", а и "лада нива" во каква што се вози епископот хераклејски, владиката Климент.
Поглаварот на МПЦ Стефан се вози во "мерцедес" од висока класа, а Скопската епархија, за која е надлежен г.г. Стефан, има и џип "гранд чироки". Најевтиниот модел во салоните сега чини околу 40.000 евра. Најскапи и најубави џипови возат митрополитот повардарски Агатангел, митрополитот полошко-кумановски Кирил и поглаварот на Брегалничката епархија Иларион. Агатангел и Кирил се возат и во "тојота ленд крузер", чија цена е над 45.000 евра, а Иларион во "фолксваген туарег автоматик". Владиката Петар завчера дојде во Калишта со "ауди А4", кое чини околу 25.000 евра, а џипот го оставил во Битола. Брегалничкиот архијереј Наум дојде со "фолксваген пасат", а и тој го имаше оставено џипот во Струмица.
Владиката Пимен, кој раководи со Европската епархија, дојде во Калишта со американскиот автомобил "крајслер крузер", кој чини околу 21.000 евра. Владиката Методиј, архијереј на Американско-канадската епархија, во Калишта си го донесе евтиниот и стар американски џип.
Инаку, сите владици пред да се замонашат и кога се избираат за владици се заветуваат на скромност.
"Што би возеле владиците да не беа со даден завет на скромност?", се прашуваат верниците.
Црковни извори велат дека сите владици живеат во богато опремени резиденции, додека поголемиот дел манастири и цркви мака мачат да обезбедат пари за основните потреби.
Најскромни владици досега биле поранешните поглавари на МПЦ г.г. Гаврил и г.г. Михаил.

а еве и една нова од деншен весник Време 1 декември 2008 -------------------

ЦРКОВНИТЕ ЕПАРХИИ ЌЕ СТАНАТ НАЈГОЛЕМИ ФЕУДАЛЦИ
МПЦ тежи од недвижнини

Наталија Томовска

Македонската православна црква до следната година ќе стане сопственик на повеќе од осум отсто од вкупната територија на Македонија. Со повеќе од 20.000 хектари земјоделско земјиште, пасишта и шуми, кои треба да и бидат вратени со постапката за денационализација, епархиите на МПЦ ќе станат најголеми земјосопственици во Македонија. Освен тоа, седумте епархии на МПЦ, кои се самостојни правни субјекти, ќе добијат голем број дуќани и градежни парцели кои пред 1946 година биле во нивна сопственост, а им биле одземени со тогашниот закон за денационализација. Со тој закон на црквите им биле одземани по 90 отсто од имотите, а само десет отсто им биле оставени на користење. За оние делови од земјиштата каде меѓувреме се изградени деловни или станбени објекти, Црквата ќе добие обесштетување во државни обврзници. Таков е случајот со имотот на црквата „Света Богородица“ во централното подрачје на Битола и имотот на „Свети Константин и Елена“ на кој е изграден Градскиот трговски центар во Скопје. Од епархиите велат дека дел од имотите на Црквите се веќе вратени. На Скопската епархија, која има побарување за денационализација на црковен имот со вкупна површина од 8.000 хектари, досега и се вратени 4.000 хектари. - Половина од имотите се вратени, а до Нова година очекуваме да ни биде вратена и втората половина. Тука се имотите на манастирите „Света Богородица“ во Побожје, „Света Богородица“ во Бразда, „Архангел Михаил“ во Кучевиште, „Свети Ѓорги“ во Кучково и на манастирот „Свети Никола“ во Шишево. Централното подрачје е покомплицирано. На местото на црковните имоти сега се изградени објекти, па за нив очекуваме обесштетување во државни обврзници - вели отец Коста Станоевски, секретар на Скопска епархија. Дебарско-кичевската епархија, која ги опфаќа и градовите Охрид, Струга и Кичево, има поднесено барање за денационализација на 2.770 хектари црковно земјиште. - Црквата „Свети Наум“ имала 2.770 хектари земјиште, плодно и неплодно. Од нив вратени се 50 хектари и 20 се во постапка за денационализација. Во моментов располагаме само со 100 хектари земјиште, и тоа главно неплодно - вели владика Тимотеј од Дебарско-кичевската епархија. На Повардарска епархија треба да и се вратат 3.000 хектари во селото Чичево, во околината на Велес и на Кавадарци, како и во селата Војница, Ветерско, Нежилово и други. Преспанско-пелагониската епархија има долга листа на имоти кои треба да и се вратат, но тешко е да се пресмета колку е нивната вкупна површина. Во прашање се имотите на околу сто цркви. Досега се решени 85 отсто од барањата. За имотот на црквата „Света Богородица“ во центарот на Битола епархијата добила обврзници, а на црквата „Свети Димитрија“ вратени и се голем дел од дуќаните низ Битола. Вратено е и големо земјиште на црквата „Света Недела“, кое го користеле некои земјоделски комбинати. Своите имоти и дуќани ги добиле назад и прилепските манастири „Зрзе“, „Свети Архангел Михаил“, „Свето Благовештение“. Во Ресен е вратен имот главно по селата, а во Демир Хисар предметите се уште не се завршени.

Имаме тапии

Имаме тапии што ја докажуваат сопственоста на имотите. Некои од нив се турски и се стари со векови - вели ѓакон Влатко Стојменов од Повардарската епархија.

Ќе бараме концесионери

Кога целокупниот имот ќе & се врати на Црквата, таа повторно ќе може во целост да стопанисува со својот имот. Порано црквите го давале земјиштето на луѓе да го обработуваат. Исто така, земјиштето може да се издаде под концесија на приватни инвеститори - вели владиката Тимотеј.

Парите ќе ги трошиме хумано

Црквата ќе стопанисува со овој имот, а парите ќе се користат за мисионерски цели, за изградба на нови цркви и за хумани цели - вели Александар Гулески, задолжен за имотно-правните работи на Преспанско-пелагониската епархијата.

еве исцело ја пренесувам

Со овие новинарски тесктови, само го потврди мојот пост. Ем да се нема поим од ништо, ем да се коментира-така е најлесно!
 
нова македонија 6-8 декември 2008

МПЦ- духовен храм или акционерско друштво? Македонската православна црква нема законски пречки да тргува на берзата и да биде основач и содружник во приватни фирми, но главен фактор во случајот со хотелот „Изгрев“ има моралниот аспект и начинот на кој се вршени трансакциите. Вака познавачите го толкуваат последниот чекор на Македонската православна црква, односно на скопската епархија, која вторпат со кредит од Тутунска банка го купи струшкиот хотел „Изгрев“, откако за истиот објект биле земени три кредити. Ова, според познавачите повеќе изгледа дека МПЦ е акционерско друштво оформено за правење пари и ширење бизниси отколку на здружение на граѓани, како што се води во регистарот на Управата за јавни приходи.

И покрај тоа што е регистрирана како граѓанско непрофитно здружение, МПЦ според законите има целосно право да основа фирми и да тргува на берза, но профитот што го остварува црквата мора целосно да го употреби за потребите на заедницата.

Активностите на Црквата може да се пронајдат во членовите од два закони. Законот за верски заедници забранува црквата да остварува профит. Но, според Законот за трговски друштва црквата е здружение на граѓани и како такво може да основа фирми. Обврска е и да плаќа данок на државата, а профитот да го користи исклучиво за активностите на заедницата.

Според ова, не е спорно што МПЦ е акционер во фирмата на браќата Миладинови, ниту што им го дала на управување хотелот „Бисер“. Законски, нема пропусти ниту во тоа што хотелот бил купен за 700.000 евра, а за него биле земени кредити од 8 милиони евра, ниту пак има нешто спорно во повторното купување на хотелот за 1,5 милион евра. Токму ова е пречка и во истрагата што се води за случајот „Изгрев“, бидејќи е тешко да се лоцираат пропустите и начинот на кој биле правени трансакциите. Останува обвинителството да се изјасни дали црквата била вмешана во нелегални бизниси и во перење пари.

Петко Златески, професор на Теолошкиот факултет, вели дека случајот „Изгрев“ погрешно се пренесува во јавноста и дека нема ништо спорно доколку црквата тргува на берза, се јавува како акционер во спорни фирми и зема по неколку кредити за ист објект.

- Црквата едноставно се бори за она што е нејзино. МПЦ нема шанси да дозволи да го изгуби тоа што го има како имот. Од она што го слушам од медиумите, знам дека „Изгрев“ е изграден на манастирски простор и со сето право МПЦ сака тој да е во нејзино покровителство и во служба на народот. Црквата мора да има материјални средства за да преживее, потребни и се пари и објекти. Помина времето кога владиците одеа со коњи и со магариња. Видете ја само грчката црква, па таму архијереите имаат јахти. Ако некој украл нешто тогаш нормално е дека треба да одговара, но доколку тоа се прави за добро на сите, не гледам ништо спорно. Во секој случај, црквата во целост ја врши својата мисиска евангелска дејност - вели Златески.

Дали во случајот „Изгрев“ има елементи за кривично гонење ќе покаже истрагата, која допрва треба да се поведе во јавното обвинителство за борба против организираниот криминал. Се испитува целиот случај, од приватизацијата, до продажбата на „Изгрев“, па сè до последните трансакции.

АБЕ ВУК ДЛАКУ МЕЊА АЛИ НЕ И ЌУД
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom