Грција зачудена: световни лица со џипови и телохранители дојдоа во Парламент
Монаси бетер од тајкуни!
Весникот "То Вима" објави дека претставниците во парламентарната комисија биле шокирани од ароганција на двајцата монаси и од нивното непочитување на законодавниот дом како институција
Двајца монаси од манастирот Ватопед на Света Гора во грчкиот Парламент се појавија со најнови модели на џипот "Чероки", опкружени со повеќе телохранители и адвокати. Монасите беа повикани да дадат изјава пред Анкетната комисија поврзана со истрагата за скандалот за замена на имотите меѓу државата и манастирот Ватопед, објавија вчера грчките медиуми. Весникот "То Вима" објави дека претставниците во парламентарната комисија биле шокирани од ароганција на двајцата монаси и од нивното непочитување на законодавниот дом како институција.
Монасите во Парламентот ги доставија своите писмени изјави, но одбиле да одговараат на прашањата. Двата монаси се осомничени дека го злоупотребиле влијанието врз политичките и правничките кругови во Грција за да добијат земјишта и општествени згради со голема вредност, а подоцна истите да ги продавале на правни лица. Таквите зделки ја оштетиле државата за големи суми, што е предмет на судска истрага. Скандалот предизвика оставки на грчкиот министер Теодорос Русопулос,како и на министерот за трговска флота, Јоргос Вулгаракис.
Судски претставник истакна дека манастирот Ватопед поднел жалба до државниот совет против решението на Владата за замрзнување на најважната од осомничените зделки. Грчките медиуми наведуваат дека во Света Гора имало цел систем на трговија со недвижни имоти и дека монасите купувале државни имоти по ниски цени, а подоцна ги продавале за многу повисоки на оф-шор компании, регистрирани во Кипар.
Медиумите го наведуваат примерот за купување зграда во Олимпиското село во 2007 година, а подоцна истата била продадена за 42 милиони евра. Таа зграда била ветена од министерот за здравство Димитрис Аврамопулос на Здружението на луѓе во инвалидски колички за рехабилитациски центар. Како друга скандалозна зделка на монасите од Ватопед, медиумите ја наведуваат купупродажбата на езерото Вистонида. Брегот на езерото бил купуван на три дела, а подоцна водата од езерото на државата и била продавана за сума од 45 милиони евра.