Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сонцето секое утро изгрева, а додека пак секоја вечер заоѓа еве ти пример за апсолутна вистина.Јас сум си искрен пред себеси, и колку што можам пред другите.Не постои нешто како апсолутна вистина која што е непроменлива и константна со што аналогно на тоа е невозможно целосно да се покажеме пред некој и да бидеме брутално, да, одбрав добар збор, брутално искрени за да можеме да ја соблечеме душата пред него, затоа што тоа не го правиме дури ни пред себеси.
Извини вака насмевко, ама зарем мислиш дека сите тајни мисли аналогно на тоа мораат да бидат лоши, злокобни и план за атентат на првото лице на обезбедување на премиериот?
Затоа што мене лично, не знам, можеби сум таков тип на човек, ама и добрите и лошите работи понекогаш ќеиф ми е така да си останат тајни, зошто да морам да ги поделам со моите пријателки, или дечко или кој сака трет.
И да, тврдам дека не можам да бидам изненадена затоа што од секој се може да се очекува, нит знам што им се врти низ глава, ниту па имам некоја желба да дознаам, мојава глава ми е доволна, крајно, она што им е желба, идеја, страв, никој не треба ни да го знае освен самите нив.
Делата се оние кои можат да исплашат и разочараат, никогаш до таа мера да ме изненадат.И јас имав една другарка што мислев дека е така фина, пријатна и прекрасна, излезе тотално поинаков створ, ама тоа не ме изненади, само ме разочара.
Моментална апсолутна вистина која што ќе се претвори во релативитет ако по некоја случајност се поремети текот на Земјата под одредено надворешно влијание.Сонцето секое утро изгрева, а додека пак секоја вечер заоѓа еве ти пример за апсолутна вистина.Јас сум си искрен пред себеси, и колку што можам пред другите.
П.С.Гледам нежно искрен да сум, а брутален сум во други ситуации.
Нормално дека нема да добиеш дебата кога разгледуваш дел од фактите кои што ти ги поставила другата страна и прифаќајќи дел од нив продолжуваш да се противиш на истите со твоја теорија за нечии карактерни црти.Епа многу нормално дека мене ќе ми речиш дека си чуваш свои тајни од чиста мира, само да си го докажиш своето.
Нема врска и да е така, таа тајна ти што ја чуваш во себе, (нека не е план за атентат на премиерот, нека е незлонамерна тајна или мисла или желба), можеби е несоодветна за твојот карактер, па некоја твоја блиска личност би се изненадила од тоа.. ама ти ќе продолжиш да тврдиш како не можеш да бидеш изненадена и тука се губи дебатата. А јас сакам да дебатирам а не да се инаетам...
И да, тврдам дека не можам да бидам изненадена затоа што од секој се може да се очекува, нит знам што им се врти низ глава, ниту па имам некоја желба да дознаам, мојава глава ми е доволна, крајно, она што им е желба, идеја, страв, никој не треба ни да го знае освен самите нив.
Делата се оние кои можат да исплашат и разочараат, никогаш до таа мера да ме изненадат.И јас имав една другарка што мислев дека е така фина, пријатна и прекрасна, излезе тотално поинаков створ, ама тоа не ме изненади, само ме разочара.
Нормално дека нема да добиеш дебата кога разгледуваш дел од фактите кои што ти ги поставила другата страна и прифаќајќи дел од нив продолжуваш да се противиш на истите со твоја теорија за нечии карактерни црти.
Ем контрадикторно, ем убеденост, лепота за дебатирање во Иранско опкружување.
Само глупоста е вечна, се зезам.Животот е друга апсолутна вистина,а тоа дека ќе се случи нешто случајно со сонцето и утре сабајле дека нема да изгрее, тоа тешка работа.Ништо не е случајно ниту сонцето, ниту планетава земја,ниту пак ти или јас со нашите мали скромни животни патешествија.Се во овој физички универзум си има одредена цел.И таа цел е нивната апсолутна вистина.Моментална апсолутна вистина која што ќе се претвори во релативитет ако по некоја случајност се поремети текот на Земјата под одредено надворешно влијание.
Се што е релативно трајно, останува неапсолутно, се!
Мислев до пред кратко време! И не го сменив мислењето затоа што дознав нешто што ме разочарало или не сум знаела претходно, едноставно сватив дека на крајот сите сме сами, себични души кои свесно или не се изолираме од другите па макар и наша крв да се! Мама и тато ќе не израснат и утре куферите со нас и чао драги! А таму надвор секако дека ќе ја укакаме на овој или оној начин и нема никогаш да им кажеме ниту ќе се освестиме дека сме заглавиле токму поради нивната дистанцираност од нас!Инспирирана од квизот Момент на вистината ...
Дали мислите дека имате во вашиот живот некоја личност за која знаете се` и со ништо не може да ве изненади?
Доколку не, дали има работи кои некој ваш близок доколку ги има, прави или мисли би ве оттргнале од него, би ве натерале да се разочарате и да се простите со него засекогаш?
Дали вие имате работи кои никој друг не ги знае? Длабоки тајни, скриени мисли, лоши постапки? Ако да, зошто никому не сте се осмелиле да ги кажете? Мислите ли дека тие ваши црни флеки можат кај блиските да предизвикаат гадост и да наидат на големо недоразбирање, со што би ги изгубиле?
Ајде, момент на вистината ... колку сме за сите тие што сме и за себе?
Инспирирана од квизот Момент на вистината ...