Мојот углед/репутација

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Знаеме дека нашиот углед не е секогаш таков каков што сакаме да биде, но без оглед на тоа, колку вие се трудите околу него?
Дали редовно работите на тоа да го одржувате на високо и добро ниво или оставате вашиот спонтан живот да си го добие заслуженото?
Колку ви е важно каков углед оставате кај вашите колеги, пријатели, цимери итн? Колку се трудите истиот да е каков што сакате да е во другите очи? Имате ли често потреба од глумење или само го потенцирате тоа што сте и што правите, за да си наметнете и стекнете добра репутација?
Нека биде ова простор и за вашите мислења во врска со репутацијата на форумов. (Не таа што е обележана со коцкичките ... :) )
Колку се трудите тука да оставите позитивен впечаток кај останатите членови? Колку ви е важно како ве гледаат и доживуваат другите, додека откривате дел од вас преку пишаниот збор? Дали се случува да преќутите нешто за да не си ја нарушите добрата репутацијата која мислите дека ја поседувате?

Важен ли ви е добриот углед / репутација или воопшто не се замарате со тоа, па дури и намерно знаете да се однесувате лошо, за да ве бие лош глас?

Уф, еден куп прашања испаднаа ... :kesa::smir:
 
многу нормално.. никој не е толку глуп па со здрав мозок да се праи ашлак... бар од моја гледна точка.. секој глеа да извлече шо е можно подобро понашање изглед етц етц...
 
Па, прилично ми е важно што мислат луѓето за мене. Сакам да оставам добар впечаток, па според тоа и да имам добар углед. Ова не до степен да ми се клањаат или да чувствуваат стравопочит, немам комплекси на виша вредност. Ама добрата репутација ми е важна, особено во моето секојдневие, каде си имам одамна изградени односи со луѓе, додека форумов е спореден фактор.
Сепак, убаво е чувството некој да те испоштува за добро напишан став и на сите ни годи. :)
 
Со оглед на тоа дека секогаш го кажувам тоа што го мислам, понекогаш тоа некого го навредува. Не ми е гајле. Јас сум тој што сум. Немам намера да се сменам, да се преправам, за да некој мисли дека сум ваков или онаков. Тие што ми се блиски ме прифатиле каков што сум, и према нив репутацијата/угледот ми е на задоволително ниво. Тие ми се важни. Нивното мислење е ценето. Другите, кои што ги запознавам како што животот тече секојдневно, се само луѓе, фигури, кои што денеска ги има, или ги нема. Ако мојот карактер нив им смета, тоа е нивен проблем, не мој.
Просто кажано, угледот е нешто што не треба да не интересира каков ќе ни биде пред другите. Дека сепак, ние сме тоа што сме. Ако веќе се преправаме...тогаш стануваме исти како тие што ги мразиме..
 
Никогаш не бил и никогаш нема да ми биде доволно битен за да се потрудам околу него.Покрај тоа, ме мрзи, да бидам искрена.
Да се обидувам да бидам некоја друга, ниту сакам, ниту ми е желба, јас сум во принцип крајно променлива личност неспособна за константност, како тогаш ќе градам углед кога ќе се сменам утре?
Не е возможно.
Тие што се покрај мене цел мој живот, ме познаваат доволно за да го знаат тоа и да го ценат фактот дека они како персони никогаш нема да ги сменам како што се менува се друго.
Ако ја имам љубовта на моите најмили, родители и одредени пријатели, угледот паѓа во вода.
 
Угледот кој што го имаме кај околината која не опкружува е одраз на нашите постапки.Никој неможе да ти види што ти лежи на срце,сите ти ја гледаат устата.Ако е човек искрен,чесен,праведен луѓето околу го гледаат тоа и знаат да го наградат.А има и онакви кои и фамилијата одвај ги трпи.И да не се филмаме дека не ни е битно што мислат другите за нас затоа што ако некој е таков тогаш тој не е социјална зверка и неможе да се уклопи во ниедна средина.Нека проба некој да конкурира на ново работно место со однос ме заболе што мислите вие за мене.
 
Кај мене зависи од тоа како сум расположена, некогаш можам да се посветам на тоа да оставам добар впечаток без никаква посебна причина, а некогаш не вложувам ни најмал напор за тоа иако би било пожелно да се потрудам... И ова се однесува на се, школо, социјален живот...
Според ова не би кажала дека ми е небитна репутацијата, ама во секој случај зависи од периоди и од тоа како се чувствувам во даден момент.
А за глумењето.. Хммм, лошо глумам генерално, не би фатило кај мене со таа финта да пробам да постигнам било што.

За на форумов - не се трудам да го пишам тоа што се очекува, туку да сум и тука искрена. И јасно ми е дека тоа не влијае позитивно на мојата репутација. И таа со коцкичките и онаа другата :)
Ама од друга страна има луѓе кои лично ги знам (плус неколку кои не ги знам лично ама чие мислење го почитувам неверојатно многу) и нивното гледање (во смисла на - како тие ме гледаат мене) ми е битно па не би го нарушила. Со тоа што - една од причините поради која ги почитувам форумските ми пријатели е што сметам дека имаат таков карактер на кој не би влијаело секое едно мислење кое не се вклопува со јавното или со нивното, за да го нарушат поради тоа пријателството:)

Уф ама се сплеткав. Не сум расонета
 
posle vcerasniot mi rodenden....svativ deka po tolku sms poraki,javuvanja,facebook cestitki,hi5 cestitki,e-mail poraki,svativ deka sum mnogu cenet...mozebi i poveke odkolku sto treba....neznam....so da kazam....vcera bev prijatno iznenaden...iako mislam deka moze i ne zasluzuvam tolkavo vnimanie:toe: vo sekoj slucaj mi e bitno sto i koj i kako misli za mene.....ne vo golma mera da e presudno no sepak mi e vazno...inaku mislev ova e za rejtingot na forumov:pos2::pos2::pos2: pa si vikam zs tuka odam kon losa reputacija ?:kesa:
 
Јас сум тој што сум и не се менувам за никој ниту во приватниот живот ни на форумов,го кажувам тоа што го мислам и се трудам да им се допаднам на другите нели :smir: е сега неможеш со сите да си пријател има луѓе кои не те сакат и баш ги почитувам тиа зашто не ми прават лице туку искрено ми кажуваат...како и да не треба да се менуваме за никој а тоа дека секој сака да биде угледен во друштвото тоа е факт :toe:
 
Бул шит , за сите оние што велат дека не се трудат околу нивната репутација.

?????Како може бе да не се трудат ???? Што се случува кога ќе се појави некоја згодна риба???? опааа, ајмо одма рекламирање....или обратно , Неки згодан фраер можеби.
Или што кога ни е од интерес да придобеме некоја личност????
Па наравно дека ќе се обидеме да се претставиме во добро светло.Во спротивно , ако се понашаме како ќе ни прдне.Ќе ги изгубиме сите околу нас.


Не постојат луѓе што не им е гајле , или пак луѓе што водат сметка за тоа во секој момент од нивните животи.
Вистинската слика е , дека се грижиме за репутацијата само онаму каде што ни е таа потребна.
 
Јас воопшто не се гнавам со сите срања околу мене,или некој селјак што мислев за мене,ете кај мене во улицата ме знаат What a freak ме заболе па,мене битно ми е она што ме интересира,она што јас го сакам да си го напраам да биде совршено направено така да во тој дел си успевам....
 
Мојот углед пред се прво е за мене лично, како јас се носам со него и како со истиот се чувствувам, но нормално дека ми е битно и ми значи како ме гледаат другите со кои очи, и неможеш да се однесуваш баш како што сакаш, значи секој, секаде се труди да остави добар впечаток и да се здобие со добра/одлична репутација, која понатака ќе му служи како виза за да се рангира и во повисоките слоеви, се е борба, се е труд да се здобиеш со убав углед и мислење позитивно кај останатите околу тебе, и мислам дека така и си го храниме егото, кога ќе дознаеш дека некој сепак ужива во твоето присуство, или пак си оставил прекрасен впечаток на работно интервју, и да плодот од сето тоа е воздишката, восхитот и озарените лица кои остануваат позади тебе, тоа не воздигнува и не прави угледни, свои во едно и воздржани, сериозни и вреднувани со високо мислење.
 
Никогаш не бил и никогаш нема да ми биде доволно битен за да се потрудам околу него.Покрај тоа, ме мрзи, да бидам искрена.

Ако ја имам љубовта на моите најмили, родители и одредени пријатели, угледот паѓа во вода.
А ако угледот падне во вода, тикви што ќе ја имаш нивната љубов. :)

Ај не се фолирајте дека ве мрзело да се трудите за впечатокот кој го оставате, зошто сите сме свесни дека до толку ни е важен што понекогаш сме спремни и да правиме/кажеме работи кои не се својствени за нас, само во име на добрата репутација (во и вонфорумска). Угледот е некој вид на наоѓање место под сонцето, некој вид на загарантирано членство во социјалниот живот. А пошто сме социјални суштества кои зависат од својот социјален статус (а не индивидуалисти, како што некои сакаат да веруваат за себе), логично е дека ќе се потрудиме да се истакнеме најдобро што можеме и да ја намамиме симпатијата на другите, во било која област од животот.

Од угледот зависи колку и какви пријатели ќе имаме, како и дали ќе најдеме работа според својата професија, колку ќе бидеме популарни и привлечни меѓу припадниците на спротивниот пол (или истиот, во зависност од секс ориентацијата) и секое друго поле во животот.

И кога технички цел успех во животот ви зависи од угледот, не можете да речете дека не се трудите да оставите добар впечаток!
 
Угледот и Репутацијата како и првиот впечаток се важни. Јас на пример за разлика од некој нејќам да правам глупости за да се истакнам да тропам ова она. Гледам да оставам добар прв впечаток на луѓето а после е лесно. Се разбира дека е важно да си почитуван и угледен без тоа си никој и ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom