Овде на форумов тешко дека ќе го најдиш одговорот.Само ќе си направиш уште полоши филмови.Упорност одење кај повеќе лекари со резултатите од крв,досадвење кај матичниот,следење на состојбата.
...членот наполифан, си беше по лекари за девојчето не читаш, може нема да најде одговор на форум, но може да добие правец за одговор и совет, а зошто и не одговор, се помогнало на многу членови после патешесвие низ лекарските ходници, денес има разни форуми со различни проблематики каде членовите си искажуваат своите искуства и си помагаат меѓусебно, ете ти чист пример со бебето што за педијатрите било нормално, а најде мајката одговор тука!
повели:
како почна со коментар мајката на форумот, прочитај :
Здраво мамички имам бебенце од два месеци пред два дена приметив дека едното обравче му е подебело од другото и тоа е многу приметливо,се плашам не знам што може да биде ве молам за мислење
извадок од многуте ЛП со мајката:
„Вака е и кај моето бебче како и на сликиве ова е знак дека е дисплазија,само не ми е јасно како никој тоа не го примети на 6 места бевме плус и два пати е правено ехо на колкчиња ,целата сум збунета.
Ти благодарам многу да не беше ти ќе си тапкав во место и немаше да знам што да правам,и покрај сите прегледи никој ништо не кажа поконкретно што му е на бебчето само не се секирај и тоа е,во вторник ке се јавам кај Др.Видоевски и ке одиме нема да чекам до шест месеци,па да ми викаат после што сум чекала зошто не сум го однесла ни крива ни должна,фала бјонс ке ја бакнам❤“
и специјална тема отворена за мајката со бебчето што понатаму, највероватно сега се добри, ја нема веќе на форумот!
... па сега види ти кој педијатар, специјалист, ортопед, било кој ќе и' посвети толку внимание, а пишала самата шест посети со бебето по лекарски ординации и добиен одговор „нормално“ , а не е нормално, мајката го чувствува тоа и со право побарала мислење на друга страна, па и на форумов!!!
... некој ќе бидат благодарни, некој ќе се сомневаат ни благодарам нема да кажат, ете го членот наполифан тебе ти лајкува на коментарот, а не мене што се потрудив да му помогнам, што го скратив времето од сонот во ниедно време да му пишам на форум за можности на здравствени проблеми за девојчето ---„ништо“, па ниеден лајк не за друго! , ама моето си го сторив и сум задоволна што се трудам да помогнам, а другата страна како ќе го прифати тоа не навлегувам, форум е, кој како сака се однесува и филтрира што е добро што не е!
патем да прашам, пред 10+ години, напраив тест, време на коагулација и ми беше 21 секунда, ама никој ништо не рече,
... за некои „време на коагулација“ преставува тестирање на протромбинско време (PT)како тест, па твоето 21 секунда би било вон нормалниот опсег (10-14 сек), што ти си очекувал „некој да каже нешто“ , но никој не кажал, според тоа како пишуваш ти направиле само еден тест за време на коагулација, што ете би било дискутабилно, па би требало повеќе параметри за да се заклучи точноста на време на коагулација.
...ако тестот бил Активирано парцијално тромбопластинско време (aPTT) (20-40сек),тогаш нормално ти е времето на коагулација, така да терминот „време на коагулација“ може да се однесува на различни тестови :
1. Активирано парцијално тромбопластинско време (aPTT) (20-40сек)
2. Протромбинско време (PT), твојот резултат од 21 секунда е продолжено време, бидејќи нормалниот опсег е обично 10-14 секунди, а висок PT значи дека на крвта ѝ е потребно подолго време од нормалното за да се згрутчи.
3. Време на коагулација (општ метод на епрувета): нормален опсег од 8-15 минути, па 21 секунда би било ненормално брзо, што укажува на потенцијален ризик од згрутчување на крвта.
така затоа „никој ништо не кажал“ на секој може да му се појави модрица една две, после некоја инфекција, болка и пиење на аналгин како аналгетик, како и редовното пиење на аспирин од твоја страна што секогаш си подложен на јавување на модрица сама од себе или пак од благ удар или посилен допир на телото.
... отсуството на тимусна жлезда како кај тебе, не влијае директно на каскадата на коагулација на крвта, туку влијае на функцијата на имунолошкиот систем, зголемувајќи го ризикот од инфекција, инаку со „Алвен“ не ги решаваш модриците, туку едноставно маста која е хепатромбин само побрзо го заздравува ткивото и ја „исчистува“ модрицата од ткивото за што природно би требало некој ден повеќе за да се случи истото, модриците ќе ги решиш барем да се намалат, да внимаваш на овие лекови кои се склони во разречување на крвта (аналгин, аспирин, андол, бруфен, наклофен - т.е. нестероидни антинфламаторни лекови, па и дури на серапептазе кои ги дават многу често за инфекции, болки, отоци, а ти често знаеш да ги применуваш, а делува на коагулација на крвта и создава модрици, па уште да си со 0 нулта крвна група, ете ти резултат на тука таму појава на по некоја модрица по твоето тело).