...Витаминот К постои во две форми: К1, кој главно се наоѓа во зелен лиснат зеленчук спанаќ, брокула, аспарагус, и К2, кој се наоѓа во храна како млечни производи, жолчки од јајца и црн дроб,
...Витаминот К е неопходен за згрутчување на крвта, исто помага во транспорт на калциумот до коските и забите.
... Витамин К1 се надополнува со храната или преку суплементи, а витамин К2 пак се синтетизира во цревната флора, па тие што имаат гастроинтестинални проблеми често страдаат од намален број на корисни добри бактерии во цревата, па тие особи имаат и дефицит на витамин К2, исто и при проблем со жолчни киселини и ензими на панкреасот послабо се ресорбира од храната Вит К.
... кај да е вашето девојче според мое мислење можеби има недостаток на Вит К дали поради дигестивни проблеми или слаба исхрана со тој витамин, или има пречка со фактор VIII или нивото на Фон Вилебрандовиот фактор (VWF) понизок, пречката не е остранета и причината е постојано присутна, затоа само и се појавуваат модрици, па се губат, телото дава знаци дека не е во ред со коагулацијата на крвта на девојчето.
... тука треба само да се земе во предвид
да луѓето со крвна група 0 нулта природно имаат пониски нивоа на Фон Вилебрандовиот фактор (VWF) во споредба со оние со крвни групи кои не се 0 (A, B, AB), обично 25-30% помалку, бидејќи нивниот VWF се отстранува од циркулацијата побрзо и е поподложен на разградување од страна на еден ензимот.
... ова значи дека здрава личност со крвна група 0 нулта може да има нивоа на VWF кои изгледаат ниски, понекогаш преклопувајќи се со опсезите за лесна фон Вилебрандова болест (VWD) кај други крвни групи,
... за ова на Клиника за хематологија двајца специјалисти за мислење кога бев немаат благе везе и кога им го објаснував ова да го земаат во предвид во толкување на резултатите ме гледаат како теле во шарена врата, а сум отишла за нивно мислење, така да сево ова го пишувам од сопствено искуство колку слабо познавање имаат
Клучни разлики по крвна група
Крвна група 0 нулта: (74.8 U/dL) најниски средни нивоа на VWF.
Крвна група A: (105.9 U/dL), повисоки од 0 нулта, пониска од B и AB.
Крвна група B: (116.9 U/dL) повисока од 0 нулта и A, пониска од AB.
Крвна група AB: (123.3 U/dL) повисоки средни нивоа на VWF.
... и затоа особи кои имаат 0 нулта група на крвта не се толку склони кон згрутчување и формирање тромб, а со тоа и стоп на крвта (инфаркт), за разлика од другите крвни групи, ама со нулта 0 крвна група тие особи се склони кон модрици и крварење ако ете пример имаат недостаток на Вит К или дигестивен проблеми, па треба да се внесат пробиотици да се подобри ресорпцијата на Вит К со исхрана...итн.