MobLand

  • Креатор на темата Креатор на темата Magic Mike
  • Време на започнување Време на започнување

Magic Mike

The difference between me and dem, my love is pure
Член од
20 септември 2023
Мислења
2.976
Поени од реакции
6.537
MV5BZDVmMzJkOWUtMjdjMi00NzA4LTgxMTItYjA4NjVjZDI0ZWU1XkEyXkFqcGc@._V1_FMjpg_UX1000_.jpg
MobLand британска крими-драмска серија каде што во главната улога играат Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен а еден од главните продуценти е Гај Ричи.
Приказната го следи Хари Да Соуза (Том Харди) „фиксер“ и десна рака на моќното лондонско криминално семејство Хариган предводено од Конрад и Мејв (Броснан и Мирен)
Кога тензиите меѓу семејството Хариган и ривалската мафијашка група Стивенсон ќе прераснат во отворена војна за контрола над подземјето Хари мора да балансира меѓу семејните интриги, предавствата, лојалноста и сопствениот опстанок.
Серијата има ѕвездена актерска екипа и препознатлив потпис на Гај Ричи.
Имаше шпекулации дека Том Харди влегол во конфликт со ветераните актери и продуцентите на серијата но на крај ги решиле сите недоразбирања.
Набрзо ќе излезе втората сезона на 18-ти Септември а најавено е дека ќе има и трета.
 
Може да потврдам дека e солидна серијава, mobland и slow horses ми даваат надеж дека уште ке има квалитет.
 
Ова мене не ми се допадна. Оригиналност = 0. Чиста рециклажа на рандом Гај Ричи филм. Милион пати веќе видено.
 
Серијата точно знае што нуди и кому му се обраќа.
Star power + влијанието и стилот на Гај Ричи = чиста и врвна попкорн забава.
 
Back
На врв Bottom