Magic Mike
The difference between me and dem, my love is pure
- Член од
- 20 септември 2023
- Мислења
- 2.976
- Поени од реакции
- 6.537

MobLand британска крими-драмска серија каде што во главната улога играат Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен а еден од главните продуценти е Гај Ричи.
Приказната го следи Хари Да Соуза (Том Харди) „фиксер“ и десна рака на моќното лондонско криминално семејство Хариган предводено од Конрад и Мејв (Броснан и Мирен)
Кога тензиите меѓу семејството Хариган и ривалската мафијашка група Стивенсон ќе прераснат во отворена војна за контрола над подземјето Хари мора да балансира меѓу семејните интриги, предавствата, лојалноста и сопствениот опстанок.
Серијата има ѕвездена актерска екипа и препознатлив потпис на Гај Ричи.
Имаше шпекулации дека Том Харди влегол во конфликт со ветераните актери и продуцентите на серијата но на крај ги решиле сите недоразбирања.
Набрзо ќе излезе втората сезона на 18-ти Септември а најавено е дека ќе има и трета.