T-Mobile ги користам од 2002 година.
ONE уште од почеток ми беа одбивни, не знам зошто. Уште во првата година кога дојдоа, некаде начекав споредба меѓу нив и T-Mobile и се запрепастив од фактот што немаа многу услуги што T-Mobile ги имаа.
Оттогаш до сега, не сум се заинтересирал за нивни услуги. Од моите најблиски немам апсолутно никој на Космофон и не ми се исплати да земам нивен број.
Кога VIP дојде, се попалив и си купив број, арно ама мрежата цело време ми се префрлаше на T-Mobile, често не можев да воспоставам повик, пораките стигаа задоцнето и после месец дена користење решив да се вратам на T-Mobile. Сега слушам имале ефтини тарифи меѓу ВИП броеви, но тука повторно ќе напоменам дека освен една колешка и една другарка, немам други на ВИП. Со нив две редовно се гледам на фах и комуницирам на Скајп така да немам потреба од бројот од ВИП.
Преостануваат T-Mobile, не тврдам дека се најдобри општо, но на наш пазар мислам дека подобри од нив нема. Пазам колку разговарам, сметка повеќе од 400 денари месечно не ми стигнала. Немам основа да се жалам дека ми краделе кредит, дека ми наплаќале повеќе од што сум зборувал и сл.