Млеко и млечни производи

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум повеќе луд да го пијам штетното животинско млеко (кое btw не е наменето за нас хомо сапиенс, уште помалку за возрасните х.с.). Па затоа, како замена си правам/купувам млеко од бадеми (засладено со ванила и органски мед). Кој дома има силен блендер (на пример витамикс или сл.) нема да има проблеми сам да си го прави. ;)

raw-almond-milk.jpg
 
Зошто штетно ? :rolleyes:
 
Зошто штетно ? :rolleyes:
Кравјото млеко е наменето за бебињата на кравата (телињата), исто како што човечкото мајчино млеко е наменето исклучиво за човечките бебиња. Башка фактот што околу 75% од светската популација е нетолерантна на латкоза кажува многу... :)
 
Видеото е премногу долго и не разбирам баш ептен Англиски ако можеш “преразкажи“ го накратко ..
Друго ако млекото од кравата е само за телето, зошто тогаш кравата произведува/дава млеко низ целата година ??

Може не помага не е ептен корисно ама дека е штетно тоа ми е смешно ..
 
Кравата дава млеко преку цела година зашто ја молзат, што е како да цица телето цело време, всушност со молзењето вештачки ја стимулираат да дава млеко.
Млекото има состојки кои се неопходни за здрави коски и помагаат добро да се оформат забите, коските, главно средство е во борбата против остеопорозата. Штетно секако не е. Интолеранцијата на лактоза не е знак дека е штетно млекото. Најголем број од популацијата која е интолерантна на лактоза живее во Азија, така што тоа е веројатно генетски поврзано.
Он топик - пијам млеко само со кафе. Најмногу сакам кисело млеко, сирење и кашкавал, а козјото сирење (особено едно со оригано што го има) ми е најубаво. :)
 
Кравјото млеко е наменето за бебињата на кравата (телињата), исто како што човечкото мајчино млеко е наменето исклучиво за човечките бебиња. Башка фактот што околу 75% од светската популација е нетолерантна на латкоза кажува многу... :)
За ова лично можам да зборувам. Една од работите што ми помогна да го решам долгиот проблем со киселините во желудникот беше и тоа што престанав да консумирам пресно млеко (обожавам млеко со кафеав шеќер и многу какао, па потоа убаво разладено). Одтогаш се префрлив исклучиво на ферментирани млечни приозводи, јогурт/кефир, кисело млеко. Сирења и кашкавали се подразбираат сами по себе.(y)

Доста луѓе немаат видливи проблеми со пресно млеко, немав ни јас долго време. Проблемот е што млекото како храна прави услови да одредени делови од цревната флора или патогени бактерии како Helicobacter pylori да претерано се намножат. Така да ако се јават проблеми со желудникот а практикувате честа консумација на пресно млеко... да знаете каде е проблемот. Пробајте со ферментрирани млечни приозводи и видете дали ќе има подобрување по некој месец.
 
dairyproducts.jpg

Што јадете и пиете од млечни производи ? Од кој производители најчесто купувате млечни производи ?

Јас највеќе пијам јогурт а јадам кашкавал бидејќи доручекот често ми е солени работи.

Од кашкавал нашето семејство купуваме мешан кумановски - Здравје Радово, млекото е како кога секогаш од различни производители но најчесто е Алпско млеко - Љубљанска млекара, јогуртот е Баланс + Бимилк Битолска млекара, киселото млеко е Суташ големо пакување додека пак сирењето и биено и обичното сирње никако не го купуваме вакумирано туку од пазар во кантичка со солило.

Заборавив да надополнам путер/ маслац купуваме од Збрегов.
 
Последно уредено:
Фалат ваквите теми на форумов. Памтам на времето првата страна ќе беше исплукана како на форумот не му треба ваква тема, но потоа се развиваше добра, квалитетна и топла дискусија:)

Иначе најмногу конзумирам млеко, сирење и урда. Млеко најчесто купуваме Алпи или Милкана, сирење секакво, последниов период често почнавме да купуваме сирење со пиперка, а урда секој пат различно. Купуваме и јогурт, но јас лично не го пијам нешто многу исто како и киселото млеко кое најчесто е на Бучен Козјак. Павлака јадам и тоа речиси истата од дете кога бев ја купуваме, една со светло сино капаче, од КАМ мислам дека е или од Тинекс:D Не сум некој љубител на кашкавал, поретко го купуваме, но најчесто е некој од тие малешевските или од осоговските.

:)
 
Кисело млеко највеќе јадам, па кашкавал, сирење. Најубаво е сирењето од пазар калап да си купиш, оние вакумирани се чиста хемија којзнае што ставаат во него.
 
Кисело млеко највеќе јадам, па кашкавал, сирење. Најубаво е сирењето од пазар калап да си купиш, оние вакумирани се чиста хемија којзнае што ставаат во него.
Вакумираните се доста суви и скоро и да немаат солило а вака на пазар ќе си купиш за скоро пола месец зависи колку јадеш сирење.
 
Транс и растителни масти - артериите лом, прашање е веќе дали има млечна маст во млечниве продукти - не дека таа е нешто добра, али не е до тој степен како другиве адитиви, не знаат веќе како да украдат.
 
Од млечни производи највеќе односно секој ден јадам сирење и кашкавал од Здравје Радово и путер од Зелена Долина, а јогурт повремено од Бучен Козјак, другите благи ми се многу.
 
Од млечни производи јадам се, зденките на Мазурски во последниве месеци ми се новитет и хит во проиводите што си ги зимаме редовно (y)
 
Јас млечни производи не бирам и не гледам фирма ... јогурт пијам пола литро или едно литро секојдневно и тоа повеќе ми се допаѓаат оние помасните јогурти, а исто така конзумирам и секаков тип на сирења, маргарини, путери, зденки, кашкавали, кисели млека во канче ... :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom