Млекарите ги молзат и со пендреци

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку, кај се де тие луѓе со модрици?
Шо не ги покажаа негде?

Ajde ajde,tie shto gledaa na Kanal 5 vchera vidoa shto se sluchuvashe,ne se prai kako da ne si videla.Plus koga beshe ova tochka na rasprava vo Sobranie zoshto nikoj od DPMNE ne zamina so Bendevska vo bolnica vo Bitola da gi vidi pretepanite?
 
Рубин...како не те мрзи бе чоек да отвораш безпредметни теми за се и сешто , а најчесто тоа го правиш без да имаш точни и проверени информации за тоа шо навистина се случило...ок , јасно ми е дека си анти владино настроен ама не ја бива на секое само да се плукало и укало против власта...фала Богу дека имаш право да го правиш тоа ( демократија и слични глупости ) , но навистина незнам како е ти е мака нон стоп само критикуваш и плукаш по власта и ко ќе треба а најчесто ко ќе не треба...одмори малку ебаго...ој бркни нешто навечер...има сега нови пичина по 18-19 години...смувај некоја...ебни нешто...хе хе ...ех да не бев женет сега и да ти ги имав годините :)
 
Ne e bezpredmetno ne mu se sekiraj :) Inaku,bev pred nekoe vreme se pribrav,neznajsh ti ama aj prajme muabet denovive na kafe nekade.

Pozdrav :helou:
 
Ги гледав на телевизија...се жалеле дека со пендраци по грб ги удирале...многу ги болело, еден дури и се жалел на скршеници...

Ми падна чудно две работи...

1. Не ги открија грбовите за да покажат доказ дека се удирани.

2. Од болницата дадоа изјава дека не примиле ниту еден граѓанин кој се жалел на телесни повреди.

Смешен и очаен како секогаш, :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:, уф како неможам да ги најдам написите за лугето што протестираа против продажба на ЕСМ, драг мој непартиски ТРНУ:kesa::vozbud:
 
Ajde ajde,tie shto gledaa na Kanal 5 vchera vidoa shto se sluchuvashe,ne se prai kako da ne si videla.Plus koga beshe ova tochka na rasprava vo Sobranie zoshto nikoj od DPMNE ne zamina so Bendevska vo bolnica vo Bitola da gi vidi pretepanite?

Дали Бендевска дојде да не посети 1996/97 на студенските и средношколските протести. Дали Бендевска дојде да не посети за протестите за територијалната поделба која ја направија ордите на СДСМ.
НЕ.
Немаш видено претепани ,детенце младо.
 
Смешен и очаен како секогаш, :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:, уф како неможам да ги најдам написите за лугето што протестираа против продажба на ЕСМ, драг мој непартиски ТРНУ:kesa::vozbud:
Неколкумина млекари излегоа со обвинение дека биле тепани од Полицијата..Полицијата строго демантираше дека се случил тој настан, исто така и Болницата во Битола демантираше дека биле примени млекари со модрици по телото, а наводно тепаните млекари освен со зборови со ништо друго не ни пробаа да не убедат дека стварно се случило тоа..Не покажаа ниту еден доказ, модринка или што било па за да им веруваме..
 
Ne e bezpredmetno ne mu se sekiraj :) Inaku,bev pred nekoe vreme se pribrav,neznajsh ti ama aj prajme muabet denovive na kafe nekade.

Pozdrav :helou:

Па беспредметни се темиве твој ами какви се.Не ми е јасно како ти кој браниш една губитничка политика дојде да кажуваш за употребата на сила.Па уште Караманлис вода можел да му носи некому.Точно е ама ако на некој треба да му се носи вода за употреба на сила,тогаш земо тоа е без конкуренција Бучко и твојата партија(ако може да се нарече партија).Ако не ми веруваш мене прашај ги Стружани.Тоа може да го направи човек без осет без никаква совест во главата.Некој погоре го спомна Куклиш,а да не зборуваме кога заробените девизи за кој не верувам дека се сеќаваш пошто имаш 26 г.кога си ги бараја штедачите.Па животни да беа толку ќотек немаше да изедат.И во иднина кога ќе поставуваш некоја тема прво провери дали можеби за истото СДСМ веќе се нема испосерено(со извинение).
 
Море и да имаат модрици, сами си го бараат. Ако тие имаат проблеми, никој не им дава право да прават проблеми на другите. Под итно треба да се забрани блокирање на јавни патишта. Јас имам платено регистрација на возило, во која дел е патарина, имам платено лиценца за вршење превоз, ми бараат давачки кон државата, а ваму некој ми го блокира патот и ме остава без работа.
 
Многу јак текст!

Демократски (при)стап

Кој вели дека проблем не може да се реши преку ноќ? Наместо пари, млекарите во Битолско добија клоци. Владата, која до пред неколку месеци ги бодреше да земат кредити и им ветуваше дека нема да остане ниту литар неоткупено млеко, вчера им испрати Единици за брза интервенција за да ги разбијат нивните блокади на патиштата. Особено иронично е што ваквата полициска интервенција беше опишана како „граѓанска иницијатива во која претставници на СВР Битола ги убедувале фармерите доброволно да ги отстранат блокадите од сите пунктови“. Од кога полициска интервенција за разбивање на блокади се нарекува граѓанска иницијатива? Небаре, некоја невладина организација кротко разговарала со млекарите, а не вооружени и униформирани лица, овластени „да постапуваат по наредба“. Никој не вели дека блокадите се решение за проблемот, но уште помалку дека тој ќе исчезне со полициска интервенција.

Кога беше отворена шведската млекарница, премиерот побрза да пресече лента и да се слика со чаша млеко. Побрза да се пофали дека тоа е голема инвестиција, резултат на владината кампања за привлекување странски инвеститори... Сега кога „Сведмилк“ пропаѓа во долгови, Владата објаснува дека таму нема ниту една акција и дека нема никаква правна одговорност кон млекопризводителите. Груевски не сака да се слика таму каде што има проблеми. Тоа е многу „храбра и визионерска“ стратегија. По таа логика, многу влади во светот требаше да кренат раце од банки и компании што беа зафатени од финансиската криза, бидејќи таму немаат ниту една акција. Требаше да ги остават да банкротираат. Зошто ли ги спасуваат?

Груевски не смее да мие раце од „Сведмилк“, затоа што тој и вицепремиерот Ставревски им ветуваа на млекарите дека ниту литар млеко нема да остане неоткупен. Ги поттикнуваа да земат кредити кои ќе ги враќаат со парите од продаденото млеко. Шведската млекарница ја најавија како голем проект што ќе го уништи монополот на Битолската им ќе стави крај на млечната криза и на долгогодишната агонија. Сега 3.000 фармери не само што нема каде да го продаваат млекото туку може да останат и без домови поради активирани хипотеки. За жал, долгот од 3,5 милиони евра и не ги погодува млекарите само во еден, туку во повеќе региони во земјава. Сега кога млекарите се на улица, ги нема ни Груевски, ни Ставревски ни Спасеноски, освен нивното ветување дека бараат нов инвеститор. Дотогаш проблемот со млекото ќе го решава полицијата. Шведска сигурно нема да ни завидува за проблемот со млекото, но за демократските интервенции преку ноќ - сигурно.

Валентина Ангеловска
 
Фондот Fenix Energy е новиот газда на Свидмилк
Новиот газда има големи планови за Сведмилк, а се споменува склучување на годишен договор со Армијата на САД вреден 35 милиони долари за доставување на млеко од Македонија

9D0D8DE6EEC32847A1B28F7ABDEA2386.jpg
Американско-израелскиот инвестициски фонд Fenix Energy е новиот газда на Сведмилк. Млекарницата повеќе од шест месеци се наоѓа во тешка финансиска криза поради што престана да им исплаќа на фармерите за предаденото млеко - долг кој достигна околу четири милиони евра. Клучен за влезот на фондот беше вчерашниот ден кога потенцијалните инвеститори разговараа со банките на кои млекарницата им должи за репрограмирање на обврските во висина од околу 20 милиони евра. Во исчекување беа и фармерите кои решија закажаните протести да ги стават во мирување.
- Шведската млекарница ја купил израелски инвестициски фонд на кој прироритетно ќе му биде да ни ги исплати побарувањата - изјави Кире Небрежанец, сточар од Прилеп.
Тој додаде дека фармерите ќе ги актуелизираат протестите ако до 20 овој месец не им биде исплатен долгот за продаденото млеко на Сведмилк. Според информации на ВЕЧЕР, претставници на фармерите требаше доцна синоќа да се сретнат со новиот инвеститор за да ги информира за деталите околу исплатата на нивното млеко.
Според вицепремиерот, Зоран Ставрески, Владата иако не е акционер сепак се заложила за решавање на проблемот со неисплатеното млеко од Свидмилк.
-Настојуваме да помогнеме во изнаоѓање инвеститор кој ќе ја извлече млекарницата за во иднина да опстои и да им се платат долговите на фармерите. Ја следиме ситуацијата и се надеваме дека инвеститорите и банките што ја кредитирале млекарницата ќе најдат заедничко решение, а тоа ќе овозможи инвеститорот останатите средства да ги насочи кон фармерите зашто тоа е еден од условите млекарницата да продолжи со работа - рече Ставрески.
Како што дознаваме, новиот газда има големи планови за Сведмилк. Се споменува склучување на годишен договор со Армијата на САД вреден 35 милиони долари за доставување на млеко од Македонија.
На официјалната интернет страница на Fenix Energy стои дека се во завршни преговори со надлежните од Македонија за основање на фирма за извоз на овошје и зеленчук од земјата. ВЕЧЕР минатата недела објави дека надлежни од Fenix Energy USA LLC ја посетија Македонија.
- По неколкудневно набљудување на македонската агроиндустрија, одлучивме да одиме напред со нашите планови за инвестирање во земјата - стои на нивниот веб сајт.
Оттаму пренесуваат изјава на надлежни од фондот каде Македонците ги оценуваат како добар и вреден народ.
-Веруваме дека можеме да им помогнеме на фармерите во организација на извозот. Со технологијата, опремата и со знаење од Израел, можеме да ја доведеме Македонија да биде една од силните извозни земји во регионот - се вели на сајтот на фондот.
Fenix Energy USA LLC е приватна компанија со централа во САД. Велат дека имаат Joint Venture (JV) со компании низ целиот свет и претставништва низ САД, во Бразил, Велика Британија, Словачка, Унгарија, Русија, Среден Исток и Азискиот пацифик. Како што стои на нивниот веб сајт, на чело на нивното претставништво во Цирих е Насер Пацоли од познатата косовска фамилија бизнисмени.
Фондот нуди широк спектар на производи како што се: млеко во прав, сончогледово и палмино масло, ориз, жито (пченица), отпадоци од метал, користени шини, шеќер, цемент, јаглен, уреа и нафтени деривати.

Светлана БЛАЖЕВСКА
 
Многу јак текст!

Демократски (при)стап

Кој вели дека проблем не може да се реши преку ноќ? Наместо пари, млекарите во Битолско добија клоци. Владата, која до пред неколку месеци ги бодреше да земат кредити и им ветуваше дека нема да остане ниту литар неоткупено млеко, вчера им испрати Единици за брза интервенција за да ги разбијат нивните блокади на патиштата. Особено иронично е што ваквата полициска интервенција беше опишана како „граѓанска иницијатива во која претставници на СВР Битола ги убедувале фармерите доброволно да ги отстранат блокадите од сите пунктови“. Од кога полициска интервенција за разбивање на блокади се нарекува граѓанска иницијатива? Небаре, некоја невладина организација кротко разговарала со млекарите, а не вооружени и униформирани лица, овластени „да постапуваат по наредба“. Никој не вели дека блокадите се решение за проблемот, но уште помалку дека тој ќе исчезне со полициска интервенција.

Кога беше отворена шведската млекарница, премиерот побрза да пресече лента и да се слика со чаша млеко. Побрза да се пофали дека тоа е голема инвестиција, резултат на владината кампања за привлекување странски инвеститори... Сега кога „Сведмилк“ пропаѓа во долгови, Владата објаснува дека таму нема ниту една акција и дека нема никаква правна одговорност кон млекопризводителите. Груевски не сака да се слика таму каде што има проблеми. Тоа е многу „храбра и визионерска“ стратегија. По таа логика, многу влади во светот требаше да кренат раце од банки и компании што беа зафатени од финансиската криза, бидејќи таму немаат ниту една акција. Требаше да ги остават да банкротираат. Зошто ли ги спасуваат?

Груевски не смее да мие раце од „Сведмилк“, затоа што тој и вицепремиерот Ставревски им ветуваа на млекарите дека ниту литар млеко нема да остане неоткупен. Ги поттикнуваа да земат кредити кои ќе ги враќаат со парите од продаденото млеко. Шведската млекарница ја најавија како голем проект што ќе го уништи монополот на Битолската им ќе стави крај на млечната криза и на долгогодишната агонија. Сега 3.000 фармери не само што нема каде да го продаваат млекото туку може да останат и без домови поради активирани хипотеки. За жал, долгот од 3,5 милиони евра и не ги погодува млекарите само во еден, туку во повеќе региони во земјава. Сега кога млекарите се на улица, ги нема ни Груевски, ни Ставревски ни Спасеноски, освен нивното ветување дека бараат нов инвеститор. Дотогаш проблемот со млекото ќе го решава полицијата. Шведска сигурно нема да ни завидува за проблемот со млекото, но за демократските интервенции преку ноќ - сигурно.

Валентина Ангеловска
Не ми одговори.Дури и да имало пендреци во што чисто сумњам,тие се ништо во споредба со шок-бомбите и гумените куршуми на Бучко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom