Го изгледав финалето. Типичен кадетски натпревар. Многу емоции, на момент сериозен квалитет, веднаш по него катастрофални грешки. Би рекол Бутел повеќе ја сакаше победата, играа со повеќе жар и едноставно ја зграпчија победата. Алкалоид ми се чини дека се на се има подобри поединци (барем неколку), но психолошки паднаа под притисокот и направија од готово-вересија.
Цветковски (43ка) заслужено МВП. Се повреди сред второ полувреме, се врати по 5 минути и иако очигледно лимитиран, на мускули со многу срце, буквално сам им го донесе триумфот на Бутел. Не сум начисто какви се неговите сениорски капацитети, има талент, но немам осет кој му е лимитот, делумно и ја користи својата физичка предност која е значајна на кадетско ниво, но не е којзнае каква за сениорско ниво. Ќе видиме, има талент дечкото, но нема никаква гаранција до каде ќе стигне. Во секој случај вреди да се вложува во него.
Слично мислење по еден натпревар, по иницијалниот впечаток имам и за левиот бек на Алкалоид (45ка). Има одреден потенцијал, но тешко е да се раздвои талентот од моменталната предност што ја има на ова ниво, а ќе ја изгуби во сениори. Очигледно е многу поснажен од противниците, и едноставно тоа му дава голема предност во моментот. Ќе видиме дали и колку ќе продолжи да расти и да се развива.
Играчот за сум сигурен дека има навистина сериозен талент - голманот на Алкалоид (Галевски). Со ова дете мора да се работи, ќе му треба доста време, да созрее, да се издефинира физички, но талентот е неспорен. Таа комбинација на должина и осет за бранење е ретка и мора да се негува. Се надевам има "во главата", што е секогаш клучно за дали ваквите таленти ќе ги биде или не. Голем удел во победата на Бутел имаше и нивниот голман, но од аспект на долгорочен талент и сениорски можности, сигурно во предност е Галевски.
А играчот кој ми привлече најмногу внимание, и кој имам претчувство дека е сериозен талент, но не играше доволно на натпреварот за да донесам подобра проценка е стартниот среден бек на Алкалоид (10ка). Градбата, во комбинација со експлозивноста и насоките на движењата кои релативно лесно ги изведуваше, како и фактот што има барем некаков реален скок шут, е комбинација каква што бара модерниот ракомет. Сакам да видам повеќе, можно е да не е спремен како играч сеуште, ќе треба да созрее, но во секој случај е играчот кој најмногу вака на прв поглед ми фати око, иако не беше клучен играч на натпреварот, дури би рекол и немаше којзнае каква минутажа.
Се на се, не сум ја прател оваа генерација така што допрва ќе ги запознавам, ова се ептен иницијални впечатоци...
П.С. Очекувам анализа од
@Vardarecc