- Член од
- 16 јули 2008
- Мислења
- 1.858
- Поени од реакции
- 1.035
Селекторите си ги бираат САМИТЕ РАКОМЕТАРИ.
Ни Начевски, ни Михајловски, ни Минчо, ни Никола Груевски.
Самите го одбраа Иле Темелковски. Самите го ИЗБРКАА Савевски, и самите го одбраа Шундовски.
Лино беше капарисан да биде селектор се беше готово, АМА...
На некој од ракометарите тоа не им одговараше.
Селекторите си ги бираат САМИТЕ РАКОМЕТАРИ.
Ни Начевски, ни Михајловски, ни Минчо, ни Никола Груевски.
Самите го одбраа Иле Темелковски. Самите го ИЗБРКАА Савевски, и самите го одбраа Шундовски.
Лино беше капарисан да биде селектор се беше готово, АМА...
На некој од ракометарите тоа не им одговараше.
True,True,true,true.........
http://sportarena.mk/dali-lino-chervar-kje-zastane-na-chelo-na-makedonija/
Дали Лино Червар ќе застане на чело на Македонија?
Како што пишува весникот „Дневник“, по неуспешните олимписки квалификации, Лино Червар се спомнува како наследник на Звонко Шундовски, но за ова нема согласност од ракометарите.
По неуспешните олимписки квалификации почна да се шпекулира и со смена на селекторот Звонко Шундовски. Имено, како што пишува весникот „Дневник“ за бараж натпреварите против Австрија за пласман на Светското првенство, можно е националниот состав да го предводи тренерот на Металург, Лино Червар.
Според пишувањата на овој медиум, веднаш по мечот со Бразил, имало разговор помеѓу капитенот Кире Лазаров и претседателот на РФМ, Михајло Михајловски во кој се спомнала оваа можна рокада на селекторската позиција.
Како што пишува „Дневник“, и порано Червар беше спомнуван како селектор на Македонија, но сепак не доби поддршка од ракометарите, а ист случај е и сега, иако не сака никој да коментира ништо.
По неуспешните олимписки квалификации Звонко Шундовски нема поддршка од ракометарите, а ниту пак Хрватот. Останува во наредниот период да се види кој ќе ја понесе одговорноста за поразите во Гетеборг и се разбира кој ќе ја предводи Македонија во бараж натпреварите против Австрија кои се играат во јуни.
Сепак, доколку шпекулациите се вистинити, останува прашањето зошто еден толку искусен и успешен тренер како Лино Червар нема поддршка од македонските ракометари, иако со Хрватската репрезентација, а и со скопски Металург, бележеше и сеуште бележи фантастични резултати, беше Светски и Олимписки првак, а има освоено и сребро на Европските првенства. На кого не му одговара таков авторитет како Червар кој е тренер од светски калибар?
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=69253
Ракометарите не го сакаат Лино Червар за селектор
Ракометарите кои се дел од македонската национална селекција не сакаат да има смена на селекторската позиција, односно наместо Звонко Шундовски, да дојде Лино Червар, сегашниот тренер на Металург. Играчите не застанале ниту зад сегашниот селектор, чии потези со изборот на играчи и со тактиката против ривалите многумина ги коментираа како лоши - објави Дневник.
Веднаш по мечот со Бразил имало разговор меѓу капитенот Kирил Лазаров и претседателот на РФМ, Михајло Михајловски, во кој се спомнало можна рокада на селекторската позиција, односно назначување на Червар, кој би требало да ги предводи на бараж-мечот со Австрија во јуни. Но капитенот и дел од репрезентативците, кои и порано порачуваа дека не сакаат да ги води Червар од клупата, и сега ја отфрлиле таквата можност. Сепак, како што пишива Дневник, никој не сака јавно да проговори плашејќи се од можните напади.
Тренерот на Металург подолг период во кулоарите се споменува како нов селектор и дел од раководството на федерацијата сака да го постави на таа функција, но не доби потврда од ракометарите, кои успеаја да го сменат претходниот селектор Љубомир Савевски правејќи му штрајк, со непојавување на тренинг. Савевски самиот си замина, а Шундовски дојде на предлог на играчите кои гласале дека најдобро би било да има македонско решение.
-Слично е и сега, во Гетеборг многу од репрезентативците во неофицијалните разговори фрлаат дрва и камења по селекторот за неговите одлуки во текот на натпреварите, но никој тоа јавно не сака да го каже. Сите бегаат од одговорноста, па ниту на прес-конференциите немаше нови лица, освен дежурните дрдорковци, Шундовски и Лазаров, кои мораа да објаснуваат зашто сме загубиле. Никој од играчите не застана јавно зад сегашниот селектор давајќи му поддршка без разлика на постигнатите резултати - пишува Дневник.
Историјата ни се повторува.