Михајловски, Начевски, Шундовски, мафијо - оди си!

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Абе треба овие да се истераат,али што лупетате бе ?Тие од дамна треба да се отераат,а не сега кога откриваме каде уствари стварно ни е местото и квалитетот.
Да не очекувавте да ја тепаме Германија ? Шундо крив да не беше што малиов куртон не погоди ниту еден чист шут ? Што немаме ниту еден играч освен Кире што знае да шутне ? Со Наумче и Миркуловски сакате успех ? Филип Лазаров стигна да биде кока кола за сите нив ова првенство.......
Или пак испуштени генерации,кои испуштени генерации ?.........Скоро максимумот го имаме извадено од овие генерации.Нас најмал проблем ни е врвот,ние уште од дното сме трули.Немаме работа со млади,нема млади што играат по клубовите и што тренираат тоа е најголем проблем.Па и играчите што се полни со елементарни непознавања на ракомет се во голема мера грешки на тренерите.Па тука на тренерите Кире Лазаров им беше крило,а Дејан Манасков бек.....од едниот во Загреб направија бек,од другиот Лино крило.....
 
Женскиот репрезентативен ракомет е дело на Михајло и на Начевски како што кажа Leandra истото не чека и со машкиот репрезентативен ракомет. Играчите се играчи и целта им е да играат и тоа го прават даваат се од себе, тие ќе прифатат и критики и плукања ама господата од РФМ тоа со години не го прифаќаат !
 
Дур игрет фамилијарно ракомет во репрезентација , кој на славата на братму , кој на таткому , стрикому немат успеси да видиме . Има многу таленти неоткриени ама за жал немаат славни браќа , татковци ..
 
Копилињава ги уништија двете репрезентации, го уништија ракометот и мотивот во земјава, крв да серат цел живот! Златни генерации испуштивме, копилиња апашки.
Гледаш женски ракомет како чума да ги фатила бегаат од топките, гледаш машки ракомет како да дошле на парада во Шпанија. И сите оние кои играат без мотив да се избркаат од репрезентација.

европското беше вистинска шанса,игравме одлично и пред домашна публика......тогаш шундо целосно беше крив заради немањето идеја какви потези да повлече во вистински моменти.....ни фалеше само одличен селектор - а РФМ го назначи шундо :facepalm: :гомце: ЗЛАТНА ШАНСА НА ЗЛАТНА ГЕНЕРАЦИЈА

инаку за сегашнава состојба сме каде каде послаби со излегувањето од потребната форма на номче,темелков и миркуловски(повреди или ?!),па и немањето спремна голманска двојка

како и многумина од вас исто и јас мислам - луѓе во РФМ си направија бизнис од националниот тим - причина да се суди за работа против државните интереси и народот на РМ........само тој филм не го гледаме,еве шител не убедуваше дека причините биле судиските грешки,а не била во нас кривицата.....
 
Realno , tolku ni se moznostite ,a posebno vo zenski rakomet -ako ne kupime Rusinki/Ukrainki nisto ne pravime, ne ne biva.
 
ви се чудам на коментариве. демек сега селекторот е крив оти изгубија од германија. абе ГЕРМАНИЈА е тоа бе алооо, светски првак, кај можеме ние со нив.
Не е лошото шо изгубивме од Германија, појаки се моментално. И реално е првиот од едната група да го победит четвртиот од другата група. Целото првенство беше изгубено со поразот од мизерните Исланд. Мораше да сме барем втори во нашата група да се надевавме за победа денес. Мене ме изнервираа многу што не одат секоја утакмица 100%, си игравме лежерно, ко за некој третокласен тим да играат не за боите на Македонија. Јас сум преразочаран само што тоа не го прикажувам со пцуење, инаку неможам да се смирам.
 
Непотизмот никогаш нема да го снема.. не само од спортот од било што друго кај нас. Така да уште долго ќе си каскаме.
 
Rusija igra tesen natprevar so Brazil , mislite ke go pobedevme Brazil? Toa se realnite moznosti
 
Ај не ја тупете темата со Русија и со Бразил и читајте го насловот.

Инаку да не се заборави и најголемиот срам кој се случи во февруари а тоа е што Начевски и Михајло лапнаа паричиња и нашите заминаа на Косово каде беа и декласирани и каде беше запалено македонското знаме.
 
Сите знаеме дека Шундо е тапа трнер и има лузерски менталитет. Ама исто знаеме и дека на некои ракометари им одговара зашто ако не игра брат ми и јас не играм. Начевци се катастрофа си живеат во филм дека репрезентацијата им е приватен клуб или фирма.

Репрезентација без добар селектор - (стратег и авторитет) но и психолог нема што да се надева на успеси. Репрезентација која има лузерски менталитет и има цел да се помине група нема што да бара да се натпреварува.

Дека ќе има промени не очекувам никакви, оставки ич, кај нас тоа е научна фантастика. Се надевам дека Игорче ќе има му*а и ова што го збореше на тв ќе го кажа и на прес а не сите новинари да си молчат како и обично.
 
Не знам како може да се оди на Светско првенство без ниедна акција.Јас во напад видов само вртење на топката од бек до бек, подавање до пикер или крило и ако тоа не успее се оди на дуел еден на еден или шут од 9 метри.Па тимови од Прва лига имаат барем 3-4 акции спремни за на секоја утакмица.

Не знам што работи репрезентацијава на тренинг, што воопшто прават? Играат мал фудбал, брканица, што? Олку безидејни во нападот не сме биле никогаш, како Австралија да ја гледав а не една репрезентација која ги има Лазаров, Мојсовски, Миркуловски итн.
Треба креативност и малце размислување да се има за да имаме ефикасна игра во напад....нешто што очигледно му фали на Шундовски и сите покрај него.
 
Нас ни треба тренер во сите спортови, налик на Ќиро Блажевиќ, па да видите дали нема да одиме барем од 1/2 финале, вака кога во ракометот, играчите го контролираат тренерот и не им се игра т.е да не можеш да издржиш еден натпревар и да губат натпревари поради полоша кондициона спремност, што друго да се каже. Мислам дека промени ќе има само доколку почнат луѓето да не се интересираат за ракомет, фудбал и слично т.е ќе секне приливот на пари, апашите ќе фатат џаде и барем прави луѓе да седнат во сојузите.
Замислете ниту една телевизија да не го земе преносот на ракометното првенство, бидејќи нема кој гледа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom