Мистиката на Срцето

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
988
Вчера 9ти јануар, сабота (седмиот ден на неделата), René Prêtre беше прогласен за човек на годината 2009 во швајцарија а неговото име запишано (покрај други 7)на една табла во географската средина (срцето) на швајцарија.
René Prêtre е човек кардиоваскуларен хирург за новороденчиња и мали дечиња, професор на циришкиот универзитет и важи како еден од најдобрите во светот. Тој – пред 53 години - е роден како едно од седумте дечиња на христијанската селанска фамилија Prêtre, а во младоста играл и фудбал за регионалниот ф.к. во родениот кантон јура.

Интересно е што овој хирург кој практицирал во повеќе европски и американски центри, кога оперира, срцето го сваќа како еден прекрасен орган со компексна геометрија и антаомија која прилично ја разбира, но како човек срцето го сваќа како центарот на животот, живеалиштето на Душата, на Љубовта, на Тајната...!

Ова прекрасно Чедо БОЖЈЕ и искусен доктор не се страми јавно да признае дека во тешки моменти - при оперирање - го повикува Името БОЖЈЕ!

Тој секоја година преку својата фондација и фондацијата на кралицата од монако (што значи манастир) оперира и дечиња од сиромашни делови на земјата (конкретно африка), кои во нормални услови не би можеле да си пружат таква операција.

Оваа тема и овој човек ми го додираат срцето бидејќи баш овој доктор – 1999 година. 9 зајдисонца после раѓањето на мојот син, а на истиот ден кога мојот телесен татко го славеше својот 50ти роденде и на истиот ден кога започна втората голема војна за косово – беше тој човек кој на срцнцето го оперираше мојот новороден син.

Затоа би ве запрашал и замолил да кажете како вие гледате на Срцето и БОЖЈАТА Тајна Која е во Него, а е поголема и почудесна од секоја книга?

БОЖЈИ Благослов и поздрав до сите

п.с. На мојот телесен татко – пушач со 40 годишно искуство - на 22 декември 2009 (значи на најкраткиот, најтемниот ден во годината) му беше дијагностициран зол карцином во непосредна близина на срцето и тоа баш во тој предел на срцето кадешто мојот син 1999та беше успешно опериран.

п.п.с. Вер молам нека каже некој - ако сака и знае - нешто повеќе за 7те чакри од кои Срцето е Давидовата Ѕвезда (синми се вика така) и е чакрата на Совршената Средина!

http://videoportal.sf.tv/video?id=2eb82ff4-7d1f-46f6-a35c-3f8307318a40&referrer=http%3A%2F%2Fwww.sf.tv%2Fsendungen%2Freporter%2Findex.php%3Fdocid%3D20080827
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Dude... get a life. Или разгледај нешто за мистиката на спобрканиот мозок.
 
Ти благодарам апокалипто!

Можеш нешто да ми објасниш која е таа мистика на побрканиот мозок, те молам?

Поздрав

7 Treffer für rené prêtre javascript:self.print()
http://tel.local.ch/de/
circle.gif

http://tel.local.ch/de/q/rené prêtre.html
 
Докторов ме потсетува на Бен Карсон афро-американец кој има издадено автобиографија и голем поборник на креационизмот.
За докторов Рене првпат слушам и не ме чуди да се повикува на некој трансцедентални сили не е ниту прв ниту последен доктор кој го прави тоа, правам темане за неговата хуманитарна работа и ништо повеќе.

Мене ме чуди тоа што ти и бараш некоја скриена симболика в датуми, недели и години и си повторуваш ад носиам како да е некој аргумент дека ете дедо Боже те гледа тебе и ти праќа скриени пораки.
За твое добро ако ти е полесно поинаку разбери вака постои Бог како што ти си го перцепираш ама тој е многу зафатен па нема време да се занимава конкретно со тебе и твојата фамилија цело време (има над 4 милијарди фамилии низ светот), сите тие датуми и нивната "поврзаност" се само случајност но ете тој те гледа одозгора и кога еден ден ќе рикнеш ќе имаш место во рајот зошто веруваш во него.
 
Затоа би ве запрашал и замолил да кажете како вие гледате на Срцето и БОЖЈАТА Тајна Која е во Него, а е поголема и почудесна од секоја книга?

БОЖЈИ Благослов и поздрав до сите

п.п.с. Вер молам нека каже некој - ако сака и знае - нешто повеќе за 7те чакри од кои Срцето е Давидовата Ѕвезда (синми се вика така) и е чакрата на Совршената Средина!
Срцевата чакра или Давдовата ѕвезда или Египетската пирамида не е чакрата на совршената средина,тоа е шестата чакра или совршената средина или првата клетка или вистинската хармонија.

Срцето е нашиот внатрешен водич.По функција е слично на мозокот.Срцето создавачот на нашите емоции.Може со задоволство да му се даде титулата Креатор на љубовта.
 
Бегавте од биологија а?
Ви реков дека ке ви се одрази понатака.
 
Дали на овој доктор некогаш му има умрено пациент на операција (или веднаш по неа)? или е 100% ефикасен... без промаш
 
Срцевата чакра или Давдовата ѕвезда или Египетската пирамида не е чакрата на совршената средина,тоа е шестата чакра или совршената средина или првата клетка или вистинската хармонија.
Феномемална семантика...хексадецимален систем си,ил бинарен??

Срцето е нашиот внатрешен водич.По функција е слично на мозокот

Дај пример??
 
Дај пример??

Подобро е од мозокот, зошто се вели чувствува човек со срцето а не со мозокот?
Тоа не се празни муабети.....
 
Подобро е од мозокот, зошто се вели чувствува човек со срцето а не со мозокот?
Тоа не се празни муабети.....

Дали луѓе со пресадено срце се и со пресадени чувства, карактер, понашање....
 
Срцевата чакра или Давдовата ѕвезда или Египетската пирамида не е чакрата на совршената средина,тоа е шестата чакра или совршената средина или првата клетка или вистинската хармонија.

Срцето е нашиот внатрешен водич.По функција е слично на мозокот.Срцето создавачот на нашите емоции.Може со задоволство да му се даде титулата Креатор на љубовта.

Ти благодарам dok.

Ќе можеш ли да ми ги прокоментираш следниве стихови од Евангелиските списи - пишани од Св.Ап. Петар и Св.Ап. Павле - и долуприкачената слика, те молам?

А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.

... тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии, на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.

Chakra.jpg

Дали на овој доктор некогаш му има умрено пациент на операција (или веднаш по неа)? или е 100% ефикасен... без промаш

Мислам во видеоклипот тој кажа дека е ограничен човек кој не го достигнал СОВРШЕНСВОТО!
 
Ова година како Швицарец на годината е избран докторо, минатата година е избран министарот за правда Eveline Widmer-Schlumpf.
Дали и околу тоа има некои бројки кои би ја покажале несомнената божја поврзаност со дотичниот министер?
 
Живиот БОГ во Срцето и Името ГОСПОДОВО, да те награди, let3!

Госпоѓата Eveline Widmer-Schlumpf (изгледа) - Библиски гледано - е родена на истиот ден како и мојот син!

Јас мислам дека таа е една од 7те сојузни советници . Така?

Кажетеми луѓе сега, како да не паднам на колена пред Живиот ГОСПОД?

ХалелуЈАХ

Подобро е од мозокот, зошто се вели чувствува човек со срцето а не со мозокот?
Тоа не се празни муабети.....

Дали луѓе со пресадено срце се и со пресадени чувства, карактер, понашање....

Тоа не би можел да го кажам со потполна сигурност, но според Учењето на ЕВАНГЕЛИЕТО ако се откажеме од нашиот ум и ги отвориме срцата и очите - со детинска вера -за Оној што од Љубов кон сите луѓе стана “бездомник“ , тогаш ќе бидеме одновородени (реновирани) според Ликот БОЖЈИ, Кој е ГОСПОД Исус Христос!

АМИН

Докторов ме потсетува на Бен Карсон афро-американец кој има издадено автобиографија и голем поборник на креационизмот.
За докторов Рене првпат слушам и не ме чуди да се повикува на некој трансцедентални сили не е ниту прв ниту последен доктор кој го прави тоа, правам темане за неговата хуманитарна работа и ништо повеќе.

Мене ме чуди тоа што ти и бараш некоја скриена симболика в датуми, недели и години и си повторуваш ад носиам како да е некој аргумент дека ете дедо Боже те гледа тебе и ти праќа скриени пораки.
За твое добро ако ти е полесно поинаку разбери вака постои Бог како што ти си го перцепираш ама тој е многу зафатен па нема време да се занимава конкретно со тебе и твојата фамилија цело време (има над 4 милијарди фамилии низ светот), сите тие датуми и нивната "поврзаност" се само случајност но ете тој те гледа одозгора и кога еден ден ќе рикнеш ќе имаш место во рајот зошто веруваш во него.

Ѓони, јас твојов пост го прочитав денес попладне и почуствував во моево грешно срце дека енергијата (духот) што “зрачи“ од тој пост, делуваше негативно и угушувачки врз Духот на ВИСТИНАТА во мене.

Со мојот единствен син - пладнето - по негова волја го загледавме Терминатор 4 (Спасение), но и го прекинавме бидејќи мојата останата породица одеше заедно со синот на неделен ручек кај моите телесни родители.

Одкако за тоа време имав еден прилично долг телефонски разговор - со еден човек кој е титоист и една врста атеист а толку многу ми значи, и одкако моите се вратија од ручекот од кого јас одсуствував поради стомачно грипче кое вчера (именденот на моето првородено чедо) јавно изби, - си го зедов источњачкото ауто со некогашна вредност од 12 000 девизњака (а кое како лого има половина Давидова Ѕвезда) и си “појдов“ така до блиската шумичка.

Доста често кога ми оди добро - но посебно кога не ми оди добро - си се повлечувам на тоа возвишено шумско брдо (над местото во кое живеам) со молитва во срцето, пешајчејќи и одморјќи се доживувам неопишиво чудесно прекрасни (но некогаш и поинакви) моменти.

Пред да излезам од автомобилот погледнав на часовникот кој покажуваше 5:55, а надворешна температура -3°. Тогаш морав да мислам на тебе и твојте изјави кои не баш позитивно ми делуваа ...

После околу половина час пешачење стигнав до шумската колиба која има една клупа под стреа (на која се одмарав извесно време) и три клупи под отворено небо. После одморот - веќе беше темно во шумата - нешто во срцево ме натера да појдам кон клупите што се под отворено небо, кадешто ме чекаше едно прекрасно изненадување! :)

На првата клупа во снежната покривка - што беше врз неа - имаше нешто нацртано и напишано, а во продолжение на другите две клупи пишуваше и нешто друго што баш мене ми лежеше и лежи на срце во однос на гората!

Што мислиш Ѓони, што беше нацртано и што пишуваше на клупата и клупите? :)

п.с. До ден денешен не сум видел да има такво нешто напишано во таа шумичка или на тие клупи!
 
Дали луѓе со пресадено срце се и со пресадени чувства, карактер, понашање....

Тоа не би можел да го кажам со потполна сигурност, но според Учењето на ЕВАНГЕЛИЕТО ако се откажеме од нашиот ум и ги отвориме срцата и очите - со детинска вера -за Оној што од Љубов кон сите луѓе стана “бездомник“ , тогаш ќе бидеме одновородени (реновирани) според Ликот БОЖЈИ, Кој е ГОСПОД Исус Христос!

АМИН
и шо кажа сеа...на едно прашање даде друг свој одговор..и мислиш дека ја доби битката?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom