Mинато & Сегашност

  • Креатор на темата Креатор на темата Flik
  • Време на започнување Време на започнување
Е вака од почеток ги прочитав сите постови и одвои некои со кои би можела да го споредам моето мислење...

Ја отварам темава зошто за мене е премногу инересна.
Вака - дали некогаш сте размислувале што е појако сегашноста или минатото.Дали сте се наоѓале во искушение кога сте со некој/а, и ви е убаво, за момент да помислите на минатото и на некој/а што сте биле и да ви ги помати "сметките"(мислите) и во еден момент да незнаете што сакате.дали да и се вратите на сегашноста и да продолжите или да го побарате минатото.со еден збор какво влијание има вашето минато?зошто мене понекогаш ми е многу тешко да се борам со минатото, зошто ми било убаво и со таа што сум бил сум бил сигурен во нејзе и сум немал никакви сомневања, а додека во сегашноста пак сум сигурен али имам сомневања а сум тип кој сака да биде сигурен онака да имам контрола над нештата. ај доста е за сега ќе продолжиме со вас малце


Ех да ..тоа да ми се има случувано многу пати да западнам у водите на минатото..понекогаш и самата си велам дека не треба да мислам на него дека поминало.. сепак спомените стојат у глава и дојде ли тежок момент веднаш се навраќаат.Колку пати сум била решена да ги сватам со куферот на потсвеста но посилни се и се излегуваат во свеста..

У срце си ме погодил со темава еј...епа ќе почнам со тоа што ќе ти речам да го прочиташ мојот потпис...Иначе и ја сум се нашла у сиуацијава и да ти кажам најискрено неам најдено излез..а тоа е зашто можеби и таа личност што ти ги мати сметките/мислите можеби и не треба да припаѓа на минатото:raz:..ако не тогаш со гаранција минатото е посилно,зашто иднината и сегашноста се така несигурни...јас мислам дека понекогаш идеализираме некои спомени и не си дозволуваме да живееме во настаните во сегашноста туку живееме во некое сеќавање:pipi:

Е да и тоа. Поради ''нечистите сметки'' од минатото не ни дозволува да одиме напред кој сегашноста.. секогаш ми се случувало да помислам дека сум имала ''сјајно'' минато и поради тоа да се откажам од работите во сегашноста... поради несигурноста за тоа дека можеби у сегашноста и во иднината ме чека '' посјани'' нешта...

Епа знаете како? Се уствари зависи од тоа каква е сегашноста! Ако сегашноста ти е подобра од минатото, т.е. ако ми е мнооогу убаво со некој , тогаш подзабораваш на минатото(без разлика колку спомени си имал) и тогаш целосно живееш во сегашноста... Е сега ако во сегашната врска не ти иде баш најдобро, е тогаш влегуваат во игра оние прекрасни спомени од минатото ( е тогаш носталгија за старите добри времиња) . И за мене најдобро е таквата врска да се прекине. Не се во право оние што велат дека минатото не може да се оживее.Може. И затоа подобро е да живееш во сегашноста ( па по цена и да и се вратиш на старата љубов), отколку да бидеш со некој друг и цело време да живееш во спомените. Мислам ме разбирате што сакам да кажам...

Минатото се појавува тогаш коа не си задоволен од сегашноста!!!:wub:

И во првиот блондиран пост и во вториот АуРоРа е сосема во право .. бидејки доколку една личност е задоволна од тоа шо го има сега нема да мечтаа по онаа што некогаш го имала...сосема ке го заборави бидејки потикот на сегашната убавина тоа ке ја натера на личноста да го заборави минатото.. А во спротивно доколку не е..се врајка носталгијата кон минатото..и кон убавите времиња....

така да гледајте сегашноста да биде поубава од вашето минато за да не морате да се врајкате на убавите спомени кои понекогаш знаат да ве растажат ... :)
 
Mi se slucilo, da ali se sagam so aurora deka se zavisi kakva e segashnosta, akoe podobra nema sho da se misli na minato, ke mislam na toa sho sega mi se sluchuva i me pravi srekna, toa sho bilo e minato svrsheno vreme.
 
Секогаш се навраќам на минатото и токму поради тоа минато неможам да бидам среќна во сегашноста.Дури и тогаш кога навистина ми е убаво секогаш се сеќавам на извесна личност и криво ми е зашто не сум со неа во тој убав момент.И јас сум за тоа да се остави минатото и да се живее сега и овде во сегашноста ама не секогаш успевам во тоа :wink:
 
Би сакала некои моменти од минатото да можам пак да ги доживеам, се сеќавам често на такви некои случки кои ми значеле, ме направиле среќна, измамиле насмевка на моето лице.
Ми се случило да излезам со некој после 3 години, а сум излегла само еднаш. Како да се враќаат личностите од минатото, по неколку години, сега не знам дали сите, ама некои сигурно се враќаат и сакаат да те контактираат :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom