Грмуш
Пичкмајчин
- Член од
- 11 октомври 2007
- Мислења
- 1.118
- Поени од реакции
- 90
Евентуалниот напредок во македонско-грчките преговори ќе зависи од средбата на Нимиц со Бакојани и вечерниот дијалог со Црвенковски, изјави за А1 шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, разочаран од одлуката на Црвенковски да не го покани на средбите што ќе ги има Претседателот.
Господине Милошоски, ќе се врати ли македонската делегација од Њујорк со решение за проблемот за името?
Тоа зависи од господинот Црвенковски, кој вчера ме извести дека инсистира средбата со посредникот Нимиц, денес да ја има само тој, во четири очи. Очигледно влегуваат преговорите во една клучна фаза, но за жал, ваквиот потег на господинот Црвенковски не дава добар имиџ за нашата делегација. Тој како шеф на делегацијата, ќе беше многу добро доколку дадеше согласност во Њујорк заедно да го сретнеме господинот Нимиц.
Како и да е, од моја страна не останува ништо друго освен да верувам дека ќе знае на најдобар можен начин, имајќи го предвид неговото 15-годишно искуство во овој спор, да ги застапува интересите на македонската држава и да издејствува поволен предлог од Нимиц во однос на тие преговори кои ќе ги имаат на само.
Како шеф на дипломатијата, мислите ли дека има барем напредок во спорот или Генералното собрание на ОН и оваа њујоршка етапа ќе биде искористена како дополнителна пресметка меѓу Владата и Претседателот?
Напредокот во спорот зависи во најголема мерка од мотивираноста на грчката страна да преразгледа одредени свои ригидни позиции. Тоа не се случи пред самитот во Букурешт, дали ќе се случи во оваа критична фаза, останува да видиме.
Но, во секој случај, добро е што имаме комуникација, добро е што процесот се интензивира, не е добро што во моменти грчката дипломатија, грчкото лоби се обединува. Господинот Црвенковски одбра еден ваков пристап кој ја подели македонската делегација во Њујорк, но во секој случај, оние разговори што ќе ги има со Нимиц ќе бидат клучни за конечниот предлог.
Денеска двајца сенатори бараат од Вашингтон да ја промени одлуката за признавање на уставното име на Македонија. Имате ли конкретна порака од американската администрација, од средбата со Даниел Фрид?
Американската администрација има една стабилна и одлучна политика. Двајцата сенатори се познати грчки лобисти и нивното обраќање во овој момент на кампања, кога треба и да се собираат фондови за претседателските кандидати, не е никакво изненадување.
Сметам дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД и во иднина ќе продолжи да се надградува. Тоа е наша желба, а мислам дека таа желба ја споделуваат и мнозинството кои донесуваат одлуки во Вашингтон.
Дали од американската администрација Ви беше упатено барање за признавање на независноста на Косово?
Не е тајна дека САД лобираат и препорачуваат пристапот кон разгледувањето на прашањето за независноста Косово да се случи во што повеќе земји во светот. Но, РМ има една своја динамика по однос на ова прашање. Сметаме дека времето треба да ни биде овозможено да направиме една добра проценка и да пристапиме на тоа прашање во момент кога ќе сметаме дека е најсоодветно.
Во секој случај, Косово е една нова реалност кон која треба да се пристапи, порано или покасно, а во исто време да се изнајдат начини да се одржат нормалните односи со Република Србија, како важен партнер на Република Македонија. Тоа не е едноставно да се постигне, но нашите намери се да го направиме тоа на еден начин кој ќе биде соодветен за државните интереси на РМ.
Ќе имате ли Вие одвоени средби со медијаторот Нимиц или можеби со шефицата на грчката дипломатија Бакојани? Ќе продолжи ли дијалогот почнат во Париз?
Дијалогот во Париз мислам дека беше една добра иницијатива од наша страна. Колешката Бакојани изрази желба тука во Њујорк да се сретне со шефот на македонската делегација, господинот Црвенковски, не знам дали до таква средба меѓу нив ќе дојде, сега за сега нема таква потврда, но во секој случај сметам дека директните политички разговори не штетат на овој процес и можат да дадат сигнал дека политичката комуникација е отворена.