Милицајски :))

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување
Си бил еден полицаец и сакал да запали цигара. Зел кибрит и запалил едно кибритче и не му палело зел уште едно не му палело и едно му запалило и рекол:
- Е ова пали, ќе си го чувам за после.
 
Оди полицаец во трафика и прашува:
- Имате ли картички од 500 денари?
- Има, одговара продавачот.
- И колку пари се?
 
Влегуваат полицаец и наредник во еден склад и полицаецот му вика на наредникот
-Тука има 1 кг хашиш
-И што заклучуваш?
-Некој го ставил внатре
 
Се тепаат двајца на улица. Доаѓа полицаец и ги смирува и им вели:
- Податоци молам!
- Горан Митревски.
- Горан Петров.
- Не ви е срам, двајца браќа и се тепате!
 
Што се слуша кога милицаец скока у море?
глуп!
 
Отишол 1 дечко во полициска станица на сет глас рекол дека сите полицајци се глупави. Некој од присутните полицајци рекол дека не е така и побарал доказ за тоа. Дечкото рекол дека ке им постави прашања а тие нека одговараат. Така се договориле. Дечкото прашал: Што е тоа мало црвено и виси на дрво. Полицајците се мислеле, мислеле и не им текнало. Дечкото рекол: тоа е цреша глупави мои. Потоа полицајците побарале полесно прашање, а тој ги прашал: Што се тоа 2 мали црвени и висат на дрво. Полицајците повторно се мислеле и пак не им текнало. Дечкото рекол: тоа се 2 цреши мили мои. Тие побарале уште полесно прашање. А тој им рекол: што е тоа дрвено има 4 нозе и се јаде на неа. По извесно време некој полицаец рекол: Да не се тоа 3 цреши?
 
Како полицаец прави вино?
- И дава на кравата да јаде грозје, па после ја молзи!
 
Оди полицаец во трафика.
- Добар ден, излезе "Загор"?
- Не!
Тогаш полицаецот се фаќа за токи-воки:
- Ало, овде сокол, веднаш обиколете ја трафиката!
 
Зошто полицаец кога се бања оди??
-Оти на шампонот пише Wash and go..
 
Како полицајците мeнуваат сијалица?
Еден ја држи фасонката,еден сијалицата а другите го држат и се вртат во круг.
 
Како полицајците прават мастило?
- Ја тепаат водата додека не помодре.
 
Како милицаец сади компири?
Ја носи вреќата на нива, ја истура и вика: Во името на законот...растурајте се !!!
 
како примаат полицајци на работа

чин 1
инспектор-колку се 2+2?
кандидат 1-4
инспектор-браво примен си пошто си паметен
чин 2
инспектор-колку се 2+2?
кандидат 2-5!
инспектор-ама,2+2?
кандидат 2-овааааа....4!
инспектор-браво примен си пошто си снаодлив
чин 3
инспектор-колку се 2+2?
кандидат 3-6!
инспектор-ама,2+2?
кандидат 3-па реков де,6!
инспектор-внимавајте,2+2?
кандидат 3-ма шест бре!!!!
инспектор-браво,примен си пошто си упорен!
 
Си бил некој полицаец и пропаднал во шахта, пробал да искочи и не успеал и си помислил:
- Ах, да беше затворена шахтата никогаш немаше да искочам.
 
Зошто кога полицаец ке се вози во автобус седи најнапред?
- за да стигни побрзо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom