Милано

  • Креатор на темата Креатор на темата Forza Milan!!!
  • Време на започнување Време на започнување
Од тоа што успеав да го видам во Италија Милано ми остави најслаб впечаток, иако беше најголем град што го посетив. Навистина за толкав град и нема што да се види со оглед на тоа што во Италија и најмалите градчиња се прекрасни.
Е сега секако за вкусови не се расправа особено оние што имат вишок пари и се љубители на шопинг ќе си го најдат есапот во Милано, јас мојот есап во Италија го најдов во Џенова и Венеција.

се согласувам со тебе! мене милано скоро и да не ми се допаѓа. на првите слики што се горе, фотографирани се тие 3/4 нешта што ги има убави, од различни аголи само :) градот е сив, нечист, луѓето не се пријатни како што се во помалите градови, или па во венеција. доколку се одлучувам за еден дел....тоа дефинитивно ќе биде тоскана, внатрешниот дел, со сите мали гратчиња.
 
Ај некој што бил да каже отприлика како се цените пример во пицерија пица колку пари, пиво и слично? Ме интересира доколку некој се има возено со такси да ми каже искуство, какви се цените, јас ќе одам на два дена, ама сепак ми треба превоз од централната станица до хотелот, не е многу километража, околу 5km. Исто ме интересира ако некој бил со Wizz Air колку е од Бергамо аеродромот до центарот, ради тоа што на google maps не може убаво да се виде, има повеќе патишта.
 
Јас бев во Милано, Ноември 2012. Со WizzAir до Бергамо. Од Бергамо до Милано бевме со РентАКар(изнајмена од човек кој веќе беше таму, пари не знам), оддалеченоста е околу 40-тина километри.
Сите цени се повисоки од кај нас. Пица јадев еднаш и мислам беше околу 6е. Еднаш јадев некаков сендвич, со сланина, цена околу 10е.
Памтам Кока Кола 1.5л беше 1.5е минимум. 2л мислам беше 1.9е+. Цените у маркет(Керфур, таму бевме еднаш) се како што спомнав повисоко.
Во тинекс 4 лепчиња за Хамбургер 30 денари, во Керфур Милано 2е(120д).

Со Такси се немам возено, но со Метро да. Цените за метрото не ги памтам, ги чував билетите, ама отидоа у Канта.

Ова беше во периодот кога јас бев. Промени на цените може да се случиле во изминативе 15 месеци.
 
Со автобус во еден правец е 5 евра, а 10 евра повратна карта од Бергамо до Милано, има на секои 20 минути дремат таму пред аеродромот.

Цени за метро
Карта во еден правец 1.5 и важи за 90 минути
Повратна 2 евра исто за 90 минути
Карта за 24 часа 4.5 евра
Карта за 48 часа 8 евра
Карта за после 20 часот 3 евра
 
1. Какви се цените за метро и се чека ли многу ?
2. Градот има ли одредени безбедни зони за туристи, најверојатно има квартови налик Чаир кај нас кај што не е препорачливо да се шета.
3. Безбедно ли е за шетање и возење у метро после 12 ?
4. Како идат цените за исхрана? Не зборам за ресторани, туку фаст фуд нешто у движење да се земе.
5. Што да се види за 5 дена во Милано освен Сан Сиро, Дуомо и Ф1 Маринело ? :D
6. На што највеќе да се внимава ?

@Дињата на Анчо
@Џонтра Волта (знам ти скоро беше на Интер)

И другите кои биле во скоро да кажат. Фала :icon_lol:
 
Јас бев два дена во Милано и ми беа доволни, се што си имав зацртано све видов :) Метро не користев, секаде пешки стигнав со помош на гпс. Саат време до Сан Сиро за да кажам дека градски е поубав :D Бетон, музејчето мизерија, трева нема зашто е покриена, а и кога бев Тицијано Феро требаше да има концерт така да бина имаше. Сум била на Камп Ноу и ова ми беше тотално разочарување. Очекував нешто слично ама ...
Дуомо секако, Sforza Castle е исто така нешто што не треба да се пропушти и паркот позади дворецот е топ. Да одморите душа малце таму под дебелите сенки :)
Pinacoteca di Brera и Brera District се исто така нешто што според мене е убаво да се види, Brera е многу интересен кварт уличките се претесни и полно е со ресторанчиња, многу убав впечаток ми остави тој дел.
Тајната вечера од Да Винчи ако сакаш да ја видиш треба да отидеш во Santa Maria delle Grazie катедралата. Националниот музеј на техника Леонардо да Винчи е исто така нешто што вреди. Овие две работи ти се во ист дел од градот. На оваа страна исто е и Navigli дел во кој има канали и е преубаво да се прошета, особено ако е топло малце да ве разлади :) Тука има многу ресторанчиња кои нудат аперитиво т.е. секаде во Милано после 18 часот има аперитиво ама нас ни рекоа дека во овој дел е најдобро. Седнуваш и плаќаш 10 евра за пијачка и има шведска маса. Пици, тестенини (болоњезе, лазањи), кашкавали, сирења ... што ти душа сака :)
Друго не ми текнува, ако ми текне ќе пишам :)

Кај Дуомо има едно како трговски изгледа и тука има продавница на Ферари. Внатре болид, а доле во подрум за 25 евра симулатор на формула. Влагаш и возиш :D интересно ако имаш вишок пари :D
 
1. Какви се цените за метро и се чека ли многу ?
2. Градот има ли одредени безбедни зони за туристи, најверојатно има квартови налик Чаир кај нас кај што не е препорачливо да се шета.
3. Безбедно ли е за шетање и возење у метро после 12 ?
4. Како идат цените за исхрана? Не зборам за ресторани, туку фаст фуд нешто у движење да се земе.
5. Што да се види за 5 дена во Милано освен Сан Сиро, Дуомо и Ф1 Маринело ? :D
6. На што највеќе да се внимава ?

@Дињата на Анчо
@Џонтра Волта (знам ти скоро беше на Интер)

И другите кои биле во скоро да кажат. Фала :icon_lol:
Па јас кратко бев, 2 дена. Се возевме со метро, е сеа не можам точно да се сетам колку беше карта ама не повеќе од 3 или 5 евра во два правци. Дома мислам дека ја чувам картичката да проверам ќе ти кажам. Иначе не се чека многу, 10 мин макс. Ќе си пазиш на новчаник тоа си знаеш.
Ако идеш со сопствено возило мој предлог е да си ја остаиш у хотел и да се возиш со метро пошто на големо се краде ако се паркираш на некој паркинг. Нас комбето ни го обија. Матер ебаваат на странски возила.

Друго, ако немаш толку мерак за Сан Сиро ич не ни оди. Коа ќе излезеш на теренот инаш просторче од 3 на 3 до теренот а и на трибина можеш да се качиш слободно на ложата. Внатре нена нешто посебно, соблекувалните обични. Надвор е заедничкиот музеј на Интер и Милан и тоа е тоа.

За храна ние у Мек Доналдс јадевме еднаш 7-8 евра ти е топ оброк, таму биг мек и чизбургер.
После утакмицата надвор од стадионот имаше едни такви за сендвичи утепав еден хамбургер 5-10 евра незнам колку точно од 11 до сабајле ме држеше.

Као што ти кажа Зајче, лево од Дуомото имаш еден како плоштаф со продавници, Версаче, Прада, Мерцедес, фан шоп Ферари е све најкласа што може да постои. Многу е убаво.

Тоа би било тоа, не сум бил туристички па да знам поубааво што да се посетува.
 
Не бе авионски ќе си идам, новчаник ќе си пазам ама ќе носам и фото опрема и тоа највеќе ми е за навечер. У 1 саат со фото опрема у метро странец не знам баш како се одвиваат работите. За Сан Сиро иам мерак и ќе го посетам заедно со Маринело. Горе доле тие се информациите што ги барав освен некој да каже за квартовите и шетањето сам навечер :icon_lol:
 
Со виз-ер ќе идеш?
Ме интересира колку е карта и смештај таму у некое хостелче.

Планираме за септември-октомври да идеме пак, со авион овојпат, па да имам претстава отприлика како се цените.
 
Со виз-ер ќе идеш?
Ме интересира колку е карта и смештај таму у некое хостелче.

Планираме за септември-октомври да идеме пак, со авион овојпат, па да имам претстава отприлика како се цените.
Со нив матер им ебам лопофска. Пред 4-5 дена го резервирав билетот 4500 повратна. Плус 3200 за багаж (1550 у еден правец). Ќе си доплатиш по 100 денари од правец т.е. 200 за седиште. Со бус Аеродром-Милано-Аеродром 900 денари пошто нели 50км е разликата и 1000че административна такса. Чекирањето онлајн ќе ми е пошто не планирам да им дадам и за тоа 600 денари.
За хостел/хотел ќе те информирам коа ќе резервирам. Уште немам резервирано, никако да најдам некој што ми одговара или е предалеку од центар и нема у близина метро или е дупка. Ти викам ќе носам фото опрема и многу ми е важно да не е хостел кај што вратата од промаја се отвара и да ме украдат. Фиромјанска работа бе за 12.000 сакам да најдам у сред центар :D
 
Провери airbnb.com се наоѓаат станови во центар за исти пари ко во хостел. Инаку многу да пазиш во метро, особено ако имаш опрема, ќе те украдат нема ни да приметиш. Новчаник, опремата пред тебе и цело време гледај во нив. Телефонот исто пази си го.
 
@Комита Ултрас ги најдов тие картичките, 1.5 еуро ти е билет за метро, во еден правец.
Картата за турата на стадионот овде пишува 12 евра ама ние имаме попуст со тоа картичките за официјален фан клуб. Мислам дека 15 евра се без попуст.
 
17 евра е турата низ стадионот оваа година
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom