Мигрена/Главоболка

Жалфијата е за антибактериски употреби, за жабуркање в усна празнина и не е добра да се пие континуирано. Мајчина душица и маточина и камилица е добар спој. И смируваат, и ублажуваат .
Дали чини да се сварат во една вода Лаванда, Жалфија и Маточина?
 
Јас имам мигрена со аура. Значи сат - два пред болките, го губам видот т.е. не го губам буквално туку како да се загледаш во сонце 1 мин и после се со светки гледаш. Грч на раце и нозе, на јазик со шо губам говор. Од ко ќе завршат сите симптоми, тогаш почвит јаката главоболка и повраќање.
Чаре немат. Со то живеам веќе 15 години. Добро е шо не е често, еднаш годишно, некогаш двапати, некогаш еднаш на две години.
За тие шо имет симптоми пред болката добро е да се напијат аспирин од 500мг чим ги осетат симптомите и задолжително некое апче против болки. Да легнат во скроз темна просторија и да немат никаков звук и да заспијат. Така многу пати сум ја спречил. Во случаи ко ке нестигнам на време да го напрам ова има едни таблети ЗОМИГ. Кај нас ги немаше ги набавив од Србија а ги имат и во Грција. 13 евра 3 таблети. Се пие по едно дур не се намали болката, не повеќе од 2 мислам.
Овие таблети ми ги даде Др. Демерџиев од Систина.
Мада јас не останвав на тие само, земам и други пропратни за болка зошто стварно не е изджливо.
Имам читано дека кај секој човек различна работа ја предизвикуват мигрената, кај некој глутен, кај некој сонце и многу други... Али то е многу тешко да се откриет. Требит дневник да се водит и после години елиминација на предизвикувачите да се стигнит до вистинскиот.
Мене 80% ми се од сонце, али имав и 2 во зимски период кога немаше сонце. Никогаш немојш да си сигурен.
Се надевам ова ќе помогнит на некој.
 
Јас имам многу низок притисок, 90 со 60, со 70, и постојано глава ме боли (најчесто наутро) е сега јас мислам дека е од притисокот, правев рутински прегледи, крв и мокрача се е во ред, се плашам да не е нешто полошо ...
 
Јас имам многу низок притисок, 90 со 60, со 70, и постојано глава ме боли (најчесто наутро) е сега јас мислам дека е од притисокот, правев рутински прегледи, крв и мокрача се е во ред, се плашам да не е нешто полошо ...
немаш доволно пари , секојдневен стрес и окупирања со глупости, нередовен секс, е па ќе боли и глава и тело све ќе боли сестро........
 
Пред едно пола саат заболе ме главата многу. Поточно заболе ме над левото уво. Кога го фаќав местото не ме болеше.. Чуствував како 200 кила да ми е ставено на главата..
Немој некој тумор да е, не дај боже
 
од одредени екрани на компјутери, телевизори, мобилни и таблети имам гадна главоболка, не можам да заспијам дури сонот ми се губи. Толку ме стега главата што не се издржува. Најпрво ми се грчат очите, а со тек на време грчевите се движат нагоре кон скалпот. Најверојатно е гама светлината, т.е. позадинската бела светлина. Сум пробал со жолти наочари против сина светлина, затемнувач на екран, и што не ама чаре нема. Не ми влијаат сите екрани исто, од некои ме боли главата а од некои ми се приспива, или воопшто немам последици.
 
Има ли чаре за мигренава?? Многу патам!:place:
ве молам споделете искуства :semolam:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom