Абе Лет. Па ти уште си овде!
Јас мислев кажа дека е „грешка што дискутираш со мене“.
Што е сега ова, ретерираш?
Македонија треба да има стратегија и за бегалци и за мигранти и за баратели на азил. Затоа што реално ги имала ги има и ќе ги има. Тоа не е Македонски проблем, тоа е светски проблем.
Точно. Треба да има Стратегија за мигранти. Само таа стратегија не треба да опфаќа пречекување со добредојде, вработување, и градење социјални станови за мигрантите.
Како што сам кажуваш, тоа не е македонски проблем. Наш проблем е само како да ги спречиме да нелегално да влезат, или во најмала рака да не влезат повеќе одошто ќе излезат истиот ден. Тоа треба да биде стратегијата. Не тие ретардации кои сега се предвидуваат како мерки. И малтене сеедно која влада ги напишала, важно е да не се исполни напишаното, туку навремено да се измени.
Тие што донеле таква ретардирана стратегија треба да се казнат, најмалку со негласање за нив. Исто и за тие што не ја менуваат сега таа стратегија, кога имаат привилегија и право да го направат тоа.
Исто ко да бараш од Македонија да нема стратегија за загадување на возухот или за глобалното затоплување. Демек ако немаме стратегија - нема ни да ги има. Или со закон да се забрани да има загадување на воздух или климатски промени.
Повторно, никој не вели дека не треба да има стратегија: Треба да има Стратегија за мигранти. Само таа стратегија не треба да опфаќа пречекување со добредојде, вработување, и градење социјални станови за мигрантите.
Мигранти врват од тука, бегалци врват од тука, додека се во транзит треба да има стратегија и план за нивно справување (транспорт, смештај, храна, лекарска помош, евиденција).
Демек тоа „справување“ мора да биде вработување и градење социјални станови за мигрантите??
Јас велам дека „справувањето“ прво и основно треба да опфати спречување на нивно нелегално влегување овде. Пошто ако влезат легално, ќе можат легално и да продолжат кон север. Ако се остават да влезат нелегално (како во Грција), многу лесно може да се случи и да останат заглавени овде кога ќе се затворат границите на север (како во Грција).
Тој дел со „смештај, храна, лекарска помош, вработување“, тоа нека им го решаваат тие што ги викнаа да доаѓаат (Меркел, и нејзините хендлери).
За оние кои ќе побараат азил, исто така треба да се има закони и прописи пошто е тоа обврска на секоја земја членка на ОН и потпишничка на женевската конвенција.
Нека не судат!
Бах... Колку што ги осудија САД (и други) за секојдневните кршења на женевската конвенција.
Така да кревате паники за работи кои барем за Македонија немаат директна опасност или влијанија.
Тоа ти тврдиш, и твојата партија. Само ретко кој ви верува. Сменете ја Стратегијата, да видиме дека навистина имате чисти намери во врска со мигрантите.
[DOUBLEPOST=1504698419][/DOUBLEPOST]
Али мора да се спасува врвот на партијата. И во тоа не се бираат ни теми ни настани...
Така е. Гледам дека вредно ја спасувате партијата. Неколкумина сте овде, не дискутирате на темава за мигранти туку верглате офтопик пропаганда за партии и за ситнопартиски поентирања.