karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Во солидарност со заборавените кај Идомени, против нови нееднаквости!
Левичарското движење „Солидарност“ остро ја осудува неодамнешната одлука на земји долж балканската рута да го користат државјанството како критериум за премин и пристап до право на азил. Во услови на експлоатација во рамките на еден глобален економски и политички систем, арбитрарните одлуки за тоа кој има пристап и право да поднесе барање за азил се причината за создавањето на нови неправди и нееднаквости.
Ги повикуваме македонските граѓани да се солидаризираат со мигрантите и бегалците заборавени на границите, потсетувајќи дека глобалниот економски систем кој ги создава е и причината поради која илјадници наши сограѓани ја напуштија нашата држава. Македонија, како земја која и самата е предмет на периферализација и нови колонијални практики, и македонските државјани кои и самите „бегаат“ поради социо-економски и политички причини од земјата, во голема мера споделуваат слична судбина со луѓето од Блискиот Исток и Африка кои сега се заглавни пред нашите граници.
![]()
![]()
Ова се педери у душа.
Не се леваци, не се либерали. Овие се недораснати, неизградени личности, без ни најмало чувство за одговорност (само за стомакот се работи), кои немаат храброст да излезат меѓу народот и да поттикнат протести, побуни, револуции против нееднаквата распределба на богатството и неговата концентрација во мал број криминалци и манипулатори. Овие се неразумни и неписмени одработувачи на интернационални организации кои функционираат слично на религиозните култови.
Крајната идеолошка цел на овие ванаби-бољшевици не се разликува од таа на ИСИС - глобален хаос. Тие мислат дека само со потполно рушење на се што постои можат да го наметнат своето влијание. Ама самите лично немаат јајца да се спротивстават ниту на обичен претседател на селски комитет на некоја од нашите партии, а не пак да рушат нешто поголемо и да се изборат за поголема праведност. Затоа се шлепаат на незадоволството на било која друга група.
Уште се и лицемери пошто во најголем процент они во животот воопшто не осетиле неправда, туку се мамини и татини мази кои се напушиле трева, се залапале со истополов партнер за да напраат селфи и ај, ќе се борат против угнетувањето и неправдите.