Миг на чудење

  • Креатор на темата Креатор на темата Antagonist
  • Време на започнување Време на започнување

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Што е тоа што прави за момент да се зачудувате и запрашувате.Кои се работите кои ги носат ваквите моменти во вашиот живот...

Еве листа на некои работи , на кои , кога и да помислам одново им се восхитувам и ме зачудуваат.

- Самата помисла дека разбирам што мислам т.е дека сум свесен.
- Дека мислите се продукт на хемиска реакција и електрични струења во мозочната кора.А од друга страна електрицитет = енергија = материја.
Едноставно кажано мислата има материјлна природа.
- Дека се на светот е составено од атоми , едни исти атоми , а се е толку различно.
- За тоа колку е стар универзумот , или пак земјата ... мојот живот е само еден мал фрагмент од неа.
- Ме фасцинира самата појава на живот , и животот во било која форма што ја знаеме.
- Тоа што во природата СЕ , ама СЕ , следи некакви правила.
итн ....

Кои се оние работи што ве фасцинираат во животот ??? Работи што прават за момент да се зачудите и восхитувате.
 
Банирани 4-5 члена од тема. Не е ова ЧДА, не забегувајте.
 
Изгрејсонце и зајдисонце.Тоа се две работи од природата на кои им се восхитувам.
Вселената.Зарем е можно да е толку прекрасна?
Човекот.Толку е силен и совршен,а толку малку му треба да се скрши.
 
па има многу работи
човековиот организам 50-60 % вода а другите елементи се најраспадливите во вселената а сепак е толку совршен функционален склоп..мислечки , творечки..секако

природата , вселената ...ги има доста
 
распространетоста општо
не мислам само на универзумот туку дали воопшто има граница на оваа распространетост
и каде идеме и каде би можеле да стигнеме и која е целта
 
Веќе се спомнати некои миговите и состојбите на кои се восхитувам, чудам и замислувам.
Изгревот и залезот. Денот и посебно ноќта, која е далеку помистична и потаинствена. Ѕвезденото небо, гледано надвор од населени и осветлени места. Соништата како таинствени прозорци кои гледаат кон потсвеста или можеби кон некоја друга реалност. Способноста за бескрајна имагинација, која може да се искористи за прекрасни, но и за ужасни нешта. Првата љубов. Првиот снег (на кој се сеќавам). Првата смрт на некој близок.
 
Тоа што ме зачудува е уште колку луѓе не познавам.Само кога ќе си помислам колку ги има на планетава Земја,а јас ни од Скопје не ги знам сите(што е невозможно нели) и сум се прашувала понекогаш како би било кога би го знаела секое новороденче и секој старец.Да ги знам нивните животни приказни,соништа,стравови,очекувања...

Човекот ме зачудува,честопати така седејќи во автобус ги набљудувам луѓето и си замислувам какви им се животите.И колку и да викам дека никогаш повеќе нема да бидам изненадена од некоја акција/реакција на луѓето секогаш се појавува некој кој ќе ми го докаже спротивното.
Чудни сме ние.
 
Она кое вечно ќе ми поттикнува чудење, кое не можам повеќе да го наречам миг, туку еден цел роман мисловно испишан со неверување, чудење но не и фасцинација е човечката злоба и деструктивност.

Никогаш нема да ја сфатам неиспровоцираната човечка потреба да повреди, уништи, понижи, растури...
Никогаш нема да го разберам човекот кој влечкајќи го своето “совршено“ купче коски и крв безмилосно ќе убие или повреди и ќе ужива во истото. Никогаш нема да го разберам човекот кој измамува насмевка на своето лице кога гледа болка и ужас.
 
Има многу работи што ме фасцинираат во мојот живот, али пред се најмногу ме фасцинира вселената.Иднината на човекот е таму некаде, со поставувањето на првата колонија на некоја друга планета; стапнувањето на човекот на некоја комета или астероид; откривањето на некој нов минерал, или метал кој може да ни овозможи подобар живот на сите луѓе.
Истражувањето на црни дупки, како и пробните тестови од страна на човекот да создаде црвја дупка која ќе му овозможи патување од една до друга галаксија како на (пр. Андромеда) за доста брзо време.
Иднината на човекот е таму, надвор од нашата атмосфера; надвор од овој свет кој е под стаклено ѕвоно, таму некаде во градот кој се вика „Млечен Пат“ со популација од 100 (сто) милијарди ѕвезди и планети.
 
Човечката извитопереност и первезија, психологија и начин на функционирање . Едноставно секогаш ме изненадува ама баш секогаш. Нема крај на човековото патување во длабочините на мракот . Комлексноста на сето тоа, сјебаните ситуации и реакции , нема опис на таа фасцинација од човековата психологија и се што може да изроди
 
-Човековата поквареност, злоба, љубомора, глупост и болниот ум кој може да направи се за да стигне до некоја определена цел.
-Сложеноста на целиот жив и нежив свет склопен на нашава планета, целиот ред воспоставен помеѓу нив, начинот на кој сме изградени сите, колку сме блиски и скоро исти а сепак премногу различни.
-Вселената, универзумот... Бескрајност? Таинственоста во нивните простори...
 
Исус,
Периодниот систем,
Алберт Ајнштајн
и Космосот и сите оние кои се дрзнале да го изучуваат. Тоа е мислам дека нешто на кое вечно ке му се чудиме. :)
 
Се чудам....... како мама и тато можеа да создадат вакво створење ко мене..

Мајка ми - Примариус доктор
Татко ми - Декан на музичка академија
Сестра ми - Дипломиран новинар/ТВ водителка
Ја - БАРАБА :toe:
 
Чудењето е показател на незнаење и неразбирање .
Ако си од Африка би се чудел на снегот а ако си од Хималаите би се чудел на антилопите на пример .
Ако зборуваме за чуда на земјата има едно чудо , а тоа е медитацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom