Microsoft го купува Yahoo?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
По цела година шпекулации, Microsoft конечно официјално ја објави својата намера да го купи интернет џинот Yahoo за 44,6 милијарди долари.

Намерата на Microsoft е кристално јасна - сака да го купи Yahoo по цена од 31 долар по акција, што претставува 62% премија во однос на моменталната пазарна цена.

Извршниот директор на компанијата Стив Балмер смета дека Microsoft и Yahoo заедно би биле подобро позиционирани за во натпреварувањето на пазарот на он-лајн услуги. Во овој момент сеуште нема одговор од Yahoo, но мора да се признае дека понудата на Microsoft е навистина добра, а на Yahoo не му цветаат рози (неодамна отпуштија 1.000 работници поради намалување на трошоците и не баш одлични резултати).

Двете компании се чувствуваат дополнително загрозени од нивниот најголем конкурент Google на кого му оди одлично, поготово во сферата на он-лајн огласувањето, каде и Microsoft и Yahoo мака мачат настојувајќи да одржат чекор со него. За споредба, прометот на Google во четвртиот квартал од 2007 година пораснал за 51% во однос на истиот период во 2006, додека Yahoo во истиот период имал раст од само 8%.

Дали оваа аквизиција ќе се случи наскоро, ќе дознаеме од Yahoo.
 
1. Гугле е страв и трепет за овие :)
2. Јаху ...мм.. не е толку ситна компанија па да се продај така лесно. Повеќе би одговарала некоја заедничка соработка.
 
Ајмо монопољ.... (лошо, лошо се намалува конкуренцијата) ќе почнат да ни наплааќаат по бајт.
Абе големо е јаху ама и парите се големи.
 
Јаху ...мм.. не е толку ситна компанија па да се продај така лесно. Повеќе би одговарала некоја заедничка соработка.
Aбе и понудената сума не е ситна, се работи за 44 милијарди (милијарди, не милиони) долари. А ние сироти, цела држава свршававме на измислената 1 милијарда на Циле.
 
Aбе и понудената сума не е ситна, се работи за 44 милијарди (милијарди, не милиони) долари. А ние сироти, цела држава свршававме на измислената 1 милијарда на Циле.
малкуцка офф ама:
:pos2::pos2:ех времиња беа тоа сега треба малку повеќе за да не купат, барем милијарда и пол
 
Aбе и понудената сума не е ситна, се работи за 44 милијарди (милијарди, не милиони) долари. А ние сироти, цела држава свршававме на измислената 1 милијарда на Циле.

Никој не рече дека е ситна понудата. Ама газдите на јаху нема тука така да кренат раце. Ако навистина пропаѓаат ќе му продадат дел од акциите на мајкрософт да држи мнозински пакет а овие остатокот да ќарат од профитот. (кај влегва мајкрософт знај шо прај) овие се свесни и сигурно ќе мислат подолгорочно.
А ние можиме да свршаваме и на јаху вержн 1995 а не на овај сега.

Инаку не кажав дека ова е најголем доказ дека LIVE (за тие шо незнат, срч енџинот на мајкрософт) не можи да се носи со гугле.

За тој шо го кажа монопољот:
како се распазариле големиве оди бизнисот кон неколку центри
Мајкрософт, Сун, Нокиа, Адобе, Гугле ....
 
Ја би одиграл со Joint Venture, не со Complete Buyout. Шо кур ке им се на Мајкрософт бе? Почнаа и они ко ЕА да купуваат све и свашта...... 62% гудвил = не се нормални.
 
Јас сум против купувањето, се мислам дека ке пропадне како и секое стварче излезено од мајкрософт. Се што земало мајкрософт, не трае долго.
 
Јас сум против купувањето, се мислам дека ке пропадне како и секое стварче излезено од мајкрософт. Се што земало мајкрософт, не трае долго.

Баш напротив Microsoft никогаш не направил сам нешто добро, се што има квалитетно во главно го купил, а после со доработка и моќта што ја има на пазарот растура.
 
Баш напротив Microsoft никогаш не направил сам нешто добро, се што има квалитетно во главно го купил, а после со доработка и моќта што ја има на пазарот растура.

Точно мајкрософт ко ќе инвестира ИНВЕСТИРА.
Е сега никогаш не направил нешто добро??? ај кажи ми како се проби на пазарот? првиот продукт ????
 
Да беа нешто јако Yahoo немаше да се продадат. Ама пак за таа цифра, јас самиот себеси би им се продал. ;)
 
Точно мајкрософт ко ќе инвестира ИНВЕСТИРА.
Е сега никогаш не направил нешто добро??? ај кажи ми како се проби на пазарот? првиот продукт ????

Хе хе, колку години имаш? Не ја знаеш приказната за измамата со DOS што ја направија Бил и партнерите кога почнуваа, првиот договор со IBM... ?

Тие и со првиот производ ништо не направија, само го зедоа и го преработија и му го шитнаа на IBM, a IBM не ни мислеше дека првото PC ќе има таков успех, па го направија наглупавиот договор со Microsoft што можеа да го направат и си го касаат газот до ден денешен за тоа ...
 
:) Доволно.
ИБМ го напрајвија тоа што им одговараше во моментот, а
Гејтс го направи она шо му требаше на светот. Оперативен систем за глупавите и ефтини машини на ИБМ кој можи да го користи секој обичен чоек. Останатите позадински приказни нема да ги коментирам (затоа што освен гејтс некој цео на ибм од то време и помал краг на луѓе ја знаат вистината, остатокот се шминкани шпекулации).
Само ќе кажам дека Мајкрсофт знај да го понуди потребниот производ во вистинско време. За работите кои ги имаат сработено во виндовс нема потреба да се зборува.
 
Е па да Бил Гејтс е само добар трговец.

Инаку приказната оди вака...

IBM тоа време работи со големи mainframe системи, и неговата практика се што тој купува од страна го купува само за него и тој што го продава нема право да го развива.

Кога го прави PC то IBM бара оперативен систем за него, Гејтс оди и го прдава оперативниот систем кој што е 'готов', но само му треба пола година до година да го испегла од багови. Откако склучуваат договор во кој што IBM за прв пат прави исклучок и не го купува само за себе, Гејтс оди во Digital Research и од таму го купува оперативниот систем CPM, но Digital го задржува правото на оперативниот систем.

И така Бил му го дава на IBM оперативниот систем PC DOS, кој што е уствари CPM. Тоа трае до верзија PC DOS 3.0.

Во меѓувреме PC то постигнува голем успех и Microsoft го променува името во MS DOS така го продава до верзија 6.10.

А единствениот вистински производ на Microsoft, Windows от е во суштина настанат за време на соработката на Microsoft и IBM на OS/2 оперативниот систем кој што е графички os.

Да скратам, како што реков Бил од секогаш бил само добар трговец, кој што знаел да склучи добри договори и да купи прави производи во право време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom