Метеорит со тежина од околу 10 тони ноќеска се распадна над територијата на Канада, чии што жители беа сведоци на спектакуларна гледка, за која мислеа дека е огномет.
Небесното тело со различен спектар на бои можеше да се види во две канадски области во западниот дел на земјата.
Експертите тврдат дека се работи за најголемо небесно тело што во изминатите неколку децении прелетало над територијата на земјата.
извор


